Повикал полиција и лажно пријавил бомби во Нов Загреб – уапсен e


Маж (46) осомничен за лажно пријавувавање дека изминатите денови биле поставени експлозивни направи на неколку локации во Загреб е предаден на надзорникот на притворот, извести денеска Полициската управа во Загреб.

Тој е осомничен дека на 18 април преку мобилен телефон се јавил во полиција и изјавил дека во трговскиот центар во Нов Загреб и во два суда во тој дел од градот биле поставени експлозивни направи. Потоа се јавил и рекол дека на Саемот била поставена и експлозивна направа.

Лажно пријавил бомби и во петокот
Исто така, постои сомневање дека во петокот, на 28 април, осомничениот во два наврати повторно се јавил во полиција со образложение дека во судот во Нов Загреб била поставена експлозивна направа. Полицијата излегла на терен, но било утврдено дека сите пријави се лажни. Истата вечер осомничениот бил приведен и спроведен за кривична истрага.

По завршување на истрагата, тој е предаден на надзорникот на притворот, а кривичната пријава е поднесена до надлежниот државен правобранител.