Македонците јадат најмногу благо во регионот


Граѓаните на Северна Македонија јадат најмногу благо во регионот, а се позиционирани високо и на европската листа, покажува анализата за потрошувачката на шеќер по земји во Европа што ја објави веб-страницата „Landgeist“ базирана на податоци од Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО). Македонците годишно консумираат по 36,7 килограми шеќер, Хрватите се втори со […]

Приведен криминалец од Велес, осуден на 11 години затвор


Во средата, во 11.15 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода О.Т.(31) од Велес.   Тој бил осуден на казна затвор од 11 години и 10 месеци за сторени кривични дела по член 215 и член 237 од Кривичниот законик. O.T. бил баран по централна потерница врз основа на наредба […]

За архитектите, конфискација на дивоградби е психолошки момент, Лога и Бочварски ќе се запознаат со проблемот


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, Иницијативата, нелегалните објекти наместо да се рушаат да се вратат во служба на граѓаните, ќе ја презентира пред ресорните министри за правда и транспорт и врски. Утре Герасимовски ќе се сретне со министерот за правда Кренер Лога, а во понеделник ќе оствари средба со министерот за транспорт и врски […]

Невремето затвори 29 патни правци во Романија


Букурешт – Поради невремето затворени се 29 национални патни правци ширум Романија. Силниот ветер и снегот го отежнуваат чистењето на патиштата. Метеоролозите предупредија дека ќе продолжи да паѓа снег, ветерот на места ќе достигне брзина од 70 километри на час, а можна е и појава на голомразица. Поради невремето во одредени делови на Романија затворени се и училиштата, а има и прекин во снабдувањето со електрична енергија […]

Националниот парк „Галичица“ доби современа лабораторија за едукативни и мониторинг активности


 Јавната Установа „Национален парк Галичица“ од Охрид доби современа лабораторија, наменета за надополнување на активностите во полето на еколошка едукација и на работата на Националниот парк во редовните мониторинг активности. Станува збор за активности спроведена во рамки на проектот „Заштита на пештерските еко-системи и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните […]

Џез-фестивалот во Монтре во знакот на старите и новите генерации


Монтре – Овогодишниот, 57. Џез-фестивал во швајцарскиот град Монтре ќе претставува спој од жанрови и генерации, најавија организаторите. Фестивалот има традиција на незаборавни настапи, како на пример концертот на Нина Симон во 1976 година или на Мајлс Дејвис во 1991 година. Од 30 јуни до 15 јули, легендарни уметници како Боб Дилан, Лајонел Ричи и Иги Поп, […]

Најстудено утрово на Попова Шапка и најмногу снег


На Попова Шапка утрово се измерени – 9 степени, – 5 во Маврови Анови, -4 во Крушево, -3 во Берово, -1 во Крива Паланка, а нула степени во Битола, Прилеп, Виница, Куманово. Еден степен е измерен во Тетово, Дебар, Штип, Охрид, Претор, Струмица, два во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, три во Дојран, четири во Демир Капија […]

Принц Алберт ќе стане прадедо


Монако– Додека во вторникот вечерта им делеше дипломи на дипломираните студенти на волонтерската програма на Црвениот крст, 65-годишниот принц  Алберт објави дека неговиот внук Луј Дукре и неговата сопруга Мари Шевалје го дочекале своето прво дете. „Мојот внук Луј Дукеу и неговата сопруга Мари станаа родители на мало девојче“, рече принцот Алберт на сцената во […]

Ангеловска-Бежоска: Стабилноста на девизниот курс е сидро на ценовната и финансиската стабилност


Стабилноста на курсот на денарот и во текот на последната криза се покажа како сидро на стабилноста во домашната економија. Стратегијата на фиксен девизен курс спречи поголеми инфлациски притисоци, а придонесува и кон одржување на финансиската стабилност со оглед на релативно високата евроизација во кредитното портфолио на банкарскиот систем, порача гувернерката на Народната банка (НБ), […]

„Алкалоид“, ја разбива банкарската „монотонија“ во топ пет најтргувани акции


Македонска берза го објави месечниот статистички билтен за март 2023. Најинтересни за тргување биле акциите на четири банки – Комерцијална, НЛБ, скопската Стопанска и ТТК. Во друштвото е и „Алкалоид“, кој ја разбива банкарската „монотонија“ во топ пет најтргувани акции, пишува порталот „Пари“. Акцијата на Комерцијална банка е на челната позиција како најтргувана на македонскиот […]

Над 305.000 граѓани имаат животно осигурување, вложиле 37 милиони евра


Вложувањата во осигурување живот надминаа 2,27 милијарди денари (37 милиони евра). Овој сегмент на осигурителниот пазар лани пораснал за 14 отсто во споредба со претходната 2021 година, покажуваат официјалните податоци што ги доставиле петте компании за осигурување живот до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). Заклучно со крајот на 2022 година во земјава животно осигурување […]

Волстрит: Насдак потона трет ден по ред


  Индексот Дау Џонс е единствениот на Волстрит кој забележа раст во средата, а стравот навлезе кај инвеститорите поради слабите економски податоци. Композитниот индекс Насдак во средата забележа загуби трета сесија по ред, бидејќи инвеститорите се повлекоа од растот на акциите поради знаците дека американската економија слабее. Индексот богат со технолошки компаниии потона за 1,07 […]

Диди му плаќа на Стинг 5.000 долари дневно за користење песна без дозвола


Шон “Диди” Комбс е засекогаш должен на Стинг. Хип-хоп иконата (53) го зеде делот од синглот на поп-ѕвездата од 1983 година „Every Breath You Take“ во неговиот хит „I’ll Be Missing You“ од 1997 година, откривајќи во твит во средата дека плаќа 5.000 долари дневно како хонорар на поранешниот фронтмен на „The Police“. „Љубов за […]

Земјите од ОПЕК и Русија дополнително го намалуваат производството на нафта од мај


Земјите од ОПЕК и Русија дополнително го намалуваат производството на нафта од мај. Таа неочекувана одлука ги запали светските берзи – цената на барелот за еден ден се зголеми за осум отсто и достигна до 86 долари. Постојат стравувања од глобално нарушување на снабдувањето и дополнително зголемување на цените. ОПЕК заедно со Русија веќе го […]

Ерос Рамацоти стана дедо


Лугано– Во деветтиот месец од бременоста, две недели пред раѓањето на синот Чезаре, кој го роди во породилиште во Лугано, Швајцарија, 26-годишната Аурора Софија Рамацоти ја доби првата насловна страница на италијанското издание на Vanity. Фер. Популарната ТВ водителка во ексклузивно интервју откри дека ја очекува помошта од баба и дедо во грижата за синот. […]

Златен медал за Габриела Костадинова на Меѓународен фестивал за ромска поезија во Белград


Пехчевската поетеса Габриела Костадинова освои златен медал на Меѓународниот фестивал на ромска поезија, проза, афоризам и сатира во Белград, кој се одржа во рамки на одбележувањето на 8 Април – Светски ден на Ромите. -Голема благодарност до Здружението на ромски книжевници, до претседателот Јовановиќ и до жири комисијата за доделената награда. Чест ми е што […]

НБА: За прв пат во историјата на клубот, Денвер го освои првото место во Западната конференција


Екипата на Денвер нагетс го обезбеди место број 1 во регуларниот дел од сезоната во Западната конференција, откако второпласираниот Мемфис ноќеска загуби од Њу Орлеанс (131:138 по продолжение). За прв пат во клупската историја, Нагетс станаа првт носител во плејофот и се стекнаа со  предност на домашен терен. Билансот на Денвер е 52 победи и 27 […]

Убиен еден од креаторите на „Андроид“


Сан Франциско – Почина Боб Ли (43), еден од создавачите на „Андроид“ и апликацијата за мобилно плаќање, „Кеш ап“, откако  бил избоден со нож во Сан Франциско, јави „Еј-би-си ворлд њуз“. Веста за неговата смрт ја потврди и Џош Голдбард, извршен директор на компанијата „Мобајлкоин“ каде што работеше Ли. Во полицискиот извештај, полицијата не го идентификува […]

Берлускони има леукемија


Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони има леукемија, пишуваат Corriere della Sera и Reuters повикувајќи се на свои извори. Му била дијагностицирана леукемија откако завршил во болница со проблеми со дишењето. „Тој е во стабилна состојба“, изјави братот на Берлускони, Паоло, откако вчера го посети. 86-годишниот Берлускони во последните месеци неколку пати беше во болница, но […]

Како се бакнува секој хороскопски знак: Скорпиите се број еден, Водолиите имаат исклучителен стил


Бакнежот е најубавиот јазик на љубовта, а оној што се памети цел живот е секако првиот бакнеж. Секој хороскопски знак има свој уникатен начин на бакнување, односно оној кој најмногу му угодува. Некои знаци се страствени, додека други пристапуваат кон интимноста на методски или механички начин. Дознајте како се бакнува секој хороскопски знак: Овен (21 […]