НБА: За прв пат во историјата на клубот, Денвер го освои првото место во Западната конференција


Екипата на Денвер нагетс го обезбеди место број 1 во регуларниот дел од сезоната во Западната конференција, откако второпласираниот Мемфис ноќеска загуби од Њу Орлеанс (131:138 по продолжение).

За прв пат во клупската историја, Нагетс станаа првт носител во плејофот и се стекнаа со  предност на домашен терен.

Билансот на Денвер е 52 победи и 27 порази. На тимот му преостануваат уште три натпревари.

До денес, само Денвер, Мемфис, Сакраменто и Феникс се пласираа во плејофот на Западот.