Приведен криминалец од Велес, осуден на 11 години затвор


Во средата, во 11.15 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода О.Т.(31) од Велес.
 
Тој бил осуден на казна затвор од 11 години и 10 месеци за сторени кривични дела по член 215 и член 237 од Кривичниот законик. O.T. бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на осум месеци од казната.
Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.