Времен сообраќаен режим на улица „Александар Урдаревски“ кај гробиштата Бутел


ЈП „Улици и патишта“ Скопје ги известува граѓаните дека поради изведба на градежни активности за асфалтирање на коловозот на улицата „Александар Урдаревски“, во општина Бутел, на потегот од крстосницата со улица „Боца Иванова“ до населено место Кучевишка бара, деновиве ќе биде воспоставен времен сообраќаен режим. Времениот режим ќе биде обележан со соодветна сигнализација, а асфалтирањето […]

(Видео) Пресечен канал за трговија со дрога, заплената во вредност од околу 300.000 евра


Во патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки пронајдени се четири патни торби со околу 100 килограми висококвалитетна марихуана во вредност од околу 300.000 евра. Дрогата, како што денеска соопшти Министерството за внатрешни работи, најверојатно потекнува од фабрика за производство на масло од канабис за медицински цели и при улична продажба би достигнала цена од […]

Се случува ли „орбанизација“ на Македонија?


Премиерот на земјата што најбргу влезе во ЕУ и која експресно стана дел од Шенген и евро зоната, Андреј Пленковиќ, проба вчера дел од тоа искуство да го пренесе во Македонија, во смисла – ова што ви го кажувам е реалноста, а не теориите за членството во Европската унија. И, многу се намачи да ја […]

Ново сеќавање на жртвите на НДХ во Загреб


Многу време требаше да помине од онаа фамозна реченица на Туѓман од пионерската ера на ХДЗ, за тоа како НДХ не беше само злосторство, туку и израз на вековните аспирации на хрватскиот народ за независна држава, до тој степен што стана непристојно јавно да се брани застрашувачката реалност на таа креација и до градење на […]

Васко Ковачевски поднесе оставка како директор на ЕСМ, ќе го наследи Васко Стефанов


  Директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, поднесе оставка. Тој ја депонирал оставката до премиерот Димитар Ковачевски. За наследник на Васко Ковачевски на позицијата генерален директор на АД ЕСМ ќе биде преложен Васко Стефанов сега прв човек на Пошти, а пред тоа на Водостопанство, кој по професија е инженер по техничка логистика. Ова на прес-конференција го […]

Двајца загинати во сообраќајка во Припор


Автомобил излетал надвор од коловозот на улица „Христо Татарчев“ во Припор, а на лице место починале возачот и сопатникот, додека тешко повреден е другиот сопатник. – На 05.04.2023 во 16.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, патничко моторно возило „Сузуки свифт“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(70) од […]

Најдобрите пролетни парчиња во „Fashion Group“ на намалување до -40%!


Подготвени сте за освежување на плакарот? Од денеска, во продавниците на Fashion Group и онлајн започна омилената mid – season sale промоција! Уживајте во шопингот на селектирани парчиња од вашите омилени брендови, сега, на намалување до неверојатни -40%. Без разлика дали сте во потрага по парчиња со кои сакате да им ставите крај на студените […]

Ќосето ќе се скраси во Аеродром, во паркот во Горно Лисиче


  Советниците од Левица предложија, ВМРО-ДПМНЕ поддржа, а Советот на Општина Аеродром ја усвои иницијативата споменикот на егзекуторот на ВМРО, Андон Јанев – Ќосето да се постави на територија на општината. Местото е најдено – во паркот во Горно Лисиче. За оваа иницијатива 22 гласаа 22 советници на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, а шестмина беа против. […]

Со задоцнување од две години се реконструираат детските игралишта во Центар


Општина Центар започна со целосно реконструирање на детските игралишта во општината. Целосно е реконструирано детското игралиште во Градски ѕид блок 2 во близина на Зелениот пазар. Игралиштето доби нови реквизити и реконструирани кровни и подни површини додека просторот каде се изведуваат реконструктивните работи е изведен согласно европските стандарди за квалитет, безбедност и одржливост.  „Изградба на […]

Хуманитарна акција „Волшебно велигденско дрво” во „Рамстор Мол“


„Рамстор Мол“, осма година по ред, по повод големиот празник Велигден, ја организира хуманитарната акција “Волшебно велигденско дрво”. Хуманитарната акција е Оранизирана и овозможена благодарение на „Црвен крст на Град Скопје“ и „Рамстор Mол“ во соработка со „ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи на Град Скопје“, а поддржана од „Комерцијална банка АД Скопје и истата е наменета […]

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита


Денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за март 2023 година, информира Министерството за труд и социјална политика. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство […]

Бремената Румер Вилис се здружи со луксузен бренд за колекција за Денот на мајките


Лос Анџелес – Naked Cashmere, луксузен бренд од кашмир со седиште во Лос Анџелес, соработува со 34-годишната актерка и модел Румер Вилис за ексклузивна капсулна колекција за Денот на мајките. Веста за соработката беше објавена со фотосесија за кампањаta снимена од фотографката Зои Гросман. Вилис, долгогодишна пријателка на брендот, го чека своето прво дете со […]

Пендаровски: Платите на функционерите да останат на нивото како досега


Владата мора да направи се што е во нејзина моќ и надлежност, а има надлежност, платите на функционерите од мене па до локална самоуправа да останат на ова ниво на кое се сега, со измена на коефициенти, со измена на основица, изјави денеска претседателот на државата Стево Пендаровски коментирајќи ја одлуката на Уставниот суд со која […]

Децата со аутизам придонесуваат да се зачува бројот на птиците – направија куќички за птиците од ЗОО Скопје


На 7 април 2023, во 10 30 часот се заокружува еколошкиот проект „ Птици“ во соработка со Зоолошката градина Скопје и Машинскиот факултет отсек Индустриски дизајн и училиштата . Со проектот традиционално го одбележуваме денот и месецот на лицата со аутизам. Учествуваа деца од различни училишта, различна возраст, деца од редовна настава и деца со […]

Конфискација на дивоградбите е нереална идеја, вели архитектот Грчев


  Предлогот на градоначалникот на Општина Центра, Горан Герасимовски, дивоградбите наместо да се уриваат немаат врска со реалноста, ниту пак се решение што може да се оствари, смета архитектот Мирослав Грчев. Професорот на Архитектонскиот факултет вели дека такво решение не може да се спроведе ниту преку правниот поредок, „каде што бесправните градби уживаат поголема правна […]

„Мирот е скапа работа“: АРМ ќе се модернизира со 900 милиони евра


Северна Македонија предвидува дека до 2032 година ќе потроши најмалку 900 милиони евра за модернизација на Армијата. Предвидено е да го замениме старото оружје од советско и југословенско производство со ново и софистицирано западно оружје. Сумата не е фиксна, но е проценка на трошоците во наредните години, рече неодамна министерката за одбрана, Славјанка Петровска. Линк […]

„25“- „Нокаут“ со нова песна на текст на Игор Џамбазов (видео)


Групата „Нокаут“ издаде нов сингл насловен „25″. Автор на музиката е Дарко Димитров, кој воедно работеше и на аранжманот. Текстот го напиша Игор Џамбазов. Микс и мастеринг – Дарко Димитров (студио Димитрови). „По 25 години време беше да направиме ретроспектива на сѐ што сме оставиле зад нас, за вас, преку нова песна и видео спот. […]

Македонската репрезентација останува 65-та на ФИФА ранг-листата


Македонската фудбалска репрезентација останува на 65. место на најновата ФИФА ранг-листа објавена денес. Во март „црвено-жолтите“ ги победија Малта и Фарски Острови, но тоа не беше доволно за прогрес во поредокот на ФИФА. Од ривалите на Македонците во квалификациите за пласман на Еуро 2024, најдобропласирана е Англија која е на 5. место. Италија е на […]

Мрежата за заштита од дискриминација бара Собранието итно да избере два члена на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација


Мрежата за заштита од дискриминација бара Собранието на РСМ итно да спроведе постапка за избор на два члена на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Јавниот оглас беше објавен на 15 февруари и траеше до 15 март 2023. Согласно член 18 став 3 од Законот за спречување и заштита од дискриминација, Комисијата за избор […]

6 април во историјата – Во Атина се одржаа првите модерни Олимписки игри


  На 6 април 1896 година, Олимписките игри, одамна изгубената традиција на античка Грција, повторно се раѓаат во Атина 1.500 години откако беа забранети од римскиот император Теодосиј. На отворањето на Игрите во Атина, грчкиот крал Георгиос I и 60.000 гледачи ги пречекаа спортистите од 13 држави на меѓународниот натпревар. Првите регистрирани Олимписки игри биле […]