Двајца загинати во сообраќајка во Припор


Фото: Б. Грданоски

Автомобил излетал надвор од коловозот на улица „Христо Татарчев“ во Припор, а на лице место починале возачот и сопатникот, додека тешко повреден е другиот сопатник.

– На 05.04.2023 во 16.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, патничко моторно возило „Сузуки свифт“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(70) од Скопје излетало надвор од коловозот. На местото на несреќата починале возачот и сопатникот С.О.(65) од Скопје, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, со тешки телесни повреди се здобил уште еден сопатник П.Ц.(71) од Скопје констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – се вели во соопштението од МВР.