Новиот филм на Џони Деп го отвора Канскиот филмски фестивал


Кан- Новиот филм на Џони Деп „Jeanne Du Barry “ќе го отвори годинешниот филмски фестивал во Кан, објавија организаторите. Деп го игра кралот Луис, а филмот премиерно ќе биде прикажан на отворањето на Канскиот филмски фестивал на 16 мај. Фестивалот трае до 27 мај.  Филмот зборува за животот, подемот и падот на миленичката на кралот […]

Исчезна јапонски воен хеликоптер со 10 лица, во тек е потрага


Јапонски воен хеликоптер со 10 лица исчезна денеска во водите во близина на јужната префектура Окинава, соопшти крајбрежната стража. Повеќенаменски хеликоптер UH-60 на Јапонските копнени сили за самоодбрана (GSDF) исчезна од радарот околу 16:40 часот, на околу 18 километри северозападно од аеродромот на островот Мијако во префектурата Окинава, соопшти крајбрежната стража, пренесе Кјодо. Крајбрежната стража […]

За нов директор на АД ЕСМ ќе биде предложен Васко Стефанов, сегашен директор на Пошти


За наследник на Васко Ковачевски на позицијата генерален директор на АД ЕСМ ќе биде преложен Васко Стефанов сега прв човек на Пошти, а пред тоа на Водостопанство, кој по професија е инженер по техничка логистика. Ова на прес конференција го соопшти премиерот Димитар Ковечевски кој рече дека оставката на Васко Ковачевски е од лични причини. […]

Уште недоизграден, битолскиот топловод ги стопли односите меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ


  БИТОЛА – Конструктивност како никогаш досега покажуваат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Битола околу изградбата на топлификацијата за битолчани. За прв пат двете спротивставени политички страни седнаа на една маса со цел градот да добие централно греење од РЕК „Битола“. На оваа вест битолчани коментираат дека топловодот иако се чинеше утопија, веројатно станува реалност, па […]

Барањето на Софија е скандалозно, вели претседателот на државата


Претседателот Стево Пендаровски го оцени како скандалозно барањето од страна на Софија  да учествува во процесот на уставни измени на земјава, откако бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков вчера кажа дека Бугарија би сакала да биде вклучена и консултирана во постапката за впишување на Бугарите во Уставот на Северна Македонија, по што македонското МНР […]

Гир: Вклучувањето на Ромите е важен индикатор за тоа колку ЕУ и Македонија се успешни во обединувањето на различностите


Вклучувањето на Ромите во целокупното општество е навистина важен индикатор за тоа колку ние како Европска Унија и Северна Македонија како земја, која преговара за влез во ЕУ, сме успешни во обединувањето на различностите. Да покажеме дека сите сме на вистинскиот пат, Унијата ве поддржува на овој пат и соработува со властите, со самата ромска […]

Минатата година во Грција регистрирани 74 случаи на расистичко насилство


Во 2022 година, во Грција биле регистрирани 74 случаи на расистичко насилство во кои, поголемиот дел од жртвите се бегалци/мигранти или припадници на ЛГБТ заедницата, јави дописничката на МИА од Атина. Мрежата за регистрација на случаи на расистичко насилство денеска во Атина го презентираше годишниот извештај, а претседателката на Националната комисија за човекови права, професорката […]

(Видео) Начинот на кој ја гледате оптичката илузија може да открие дали имате сериозно здравствено нарушување


Германските експерти велат дека начинот на кој ја гледате видео илузијата „шуплива маска“ може да помогне во дијагностицирањето на шизофренијата. Шизофренијата е тешка, долгорочна медицинска состојба која ги прави болните да не можат да ги разликуваат сопствените мисли од реалноста. На видеото се гледа бела маска за лице како се врти во воздухот. Научниците откриле […]

Објавен и веднаш заврши повикот за субвенционирање на инвертер клими во Охрид


  Прекинат е јавниот повик за субвенционирање на набавка на инвертер клима уреди поради исцрпување на предвидениот буџет информираат од Општина Охрид. Се известува јавноста дека поради големиот интерес и целосно исцрпување на предвидените средства од буџетот на општина Охрид, се прекинува јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување-инвертер […]

МЗ се уште го чека извештајот од обдукцијата на малата Јана


Министерството за здравство се уште го чека извештајот од обдукцијата од Судска медицина за шестгодишното девојче Јана кое почина во Клиничката болница „Др Трифун Пановски“ во Битола. Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска изјави дека очекуваат за кратко време Обвинителството да го побара извештајот, по што тие во истиот момент ќе го достават.  -Се што е […]

Раскази од Натали Спасова објавени во британска антологија


Издавачката куќа „Дедалус букс“, посветена на литература во превод, ја збогати својата „Земи шест“ серија на женски прозни антологии  со балканска антологија, по португалското и шпанското издание. Во неа се објавени и седум раскази од македонската писателка Натали Спасова кои на англиски јазик ги преведе Вил Фирт. Текстовите на Спасова всушност се поглавја од нејзиниот […]

Статутарно или не, „огнените“ објавија дека се фракција во ДУИ


  И покрај тоа што нивниот лидер Али Ахмети соопшти дека статутот на партијата не дозволува фракции во партијата, „огнената група“ во ДУИ денеска објави дека ќе дејствува токму на таков начин. Тоа членовите на групата го соопштија денеска на прес-конференција, изнесувајќи ги причините за ваквото дејствување. „Како што изјавивме по завршувањето на состанокот на […]

Мазутот поскапува, цената на другите горива останува иста


 Мазутот М-1 НС од ноќеска на полноќ поскапува за 1,183 денари за килограм, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,6 отсто. Новата малопродажна цена на Мазутот М-1 НС ќе изнесува […]

Поедноставни процедури за легализација, градби, регистрација за земјоделците во пресрет на ИПАРД 3


Работна група од повеќе институции до крајот на следниот месец треба да подготви законско решение со кое ќе се подностават процедурите и ќе се отстранат пречките за фармите за аплицирање за средства од ИПА и ИПАРД програмите и за кредити кај банките. На јавна дебата денеска се анализираа можните решенија за легализација, пренамена и упростување на […]

Германските институции мета на хакерски напади


Берлин – Германија веќе трет ден е изложена на големи хакерски напади, а мета се министерствата, полицијата, како и интернет-страниците на покраинските институции. Канцеларијата на јавниот обвинител соопшти дека постојат индиции за проруска заднина на овој хакерски напад кој ги парализираше веб-страниците на голем број германски институции. Главниот портал на покраината Шлезвиг-Холштајн беше привремено недостапен во средата. Во покраината Бранденбург […]

Македонија и Србија ќе имаат заедничка железничка станица во Табановце


  Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ најави заедничка товарна железничка станица на Србија и Македонија во Табановце, јави дописиникот на МИА од Белград. „Ќе имаме заедничка товарна железничка станица, така што возовите повеќе нема да застануваат на граница, туку прегледот ќе се врши во Табановце. Кон средината на мај во Биело […]

Левица и ВМРО-ДПМНЕ се скараа околу наводни тајни средби за уставните промени


  Прво Левица објави дека наводно, според нивни извори во ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Димитар Ковачевски имале разговори за промена на уставот според хрватскиот модел, за потоа веднаш од најголемата опозициска партија да реагираат оти тие обвинувања од Левица биле направени по нарачка од СДСМ. И навестија дека партијата ќе поднесе тужба доколку Левица не […]

Протерани странски работници оти работеле без дозвола


Во средата, инспектори за странци при Регионалниот центар за Гранични работи Југ во координација со Државниот инспекторат за труд извршија контрола на градилиште во Велес. При контролата биле затекнати три турски, двајца албански и еден косовски државјанин, кои работеле како градежни работници на објектот без да поседуваат работни дозволи. Државниот инспекторат за труд презел соодветни […]

Цените на становите во Скопје повисоки за 18,8 отсто во првиот квартал


Цените на становите во Скопје во првиот квартал годинава бележат раст од 18,8 проценти на годишно ниво, а од 1,3 отсто на квартално ниво, покажуваат податоците на Народната банка. Во првиот квартал лани недвижностите поскапеа за 12,4 отсто на годишно ниво, по што следеше раст, од 16,6 отсто во вториот квартал, од 21,2 отсто во […]

(Во живо) Прес-конференција на премиерот Димитар Ковачевски и директорот на АД ЕСМ Васко Ковачевски


Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, ќе одржат прес-конференција за годишниот извештај на АД ЕСМ за 2022 година. На прес-конференцијата ќе присуствува и министерот за економија, Крешник Бектеши. Проследете ја во живо: