Објавен и веднаш заврши повикот за субвенционирање на инвертер клими во Охрид


 

Прекинат е јавниот повик за субвенционирање на набавка на инвертер клима уреди поради исцрпување на предвидениот буџет информираат од Општина Охрид.

Се известува јавноста дека поради големиот интерес и целосно исцрпување на предвидените средства од буџетот на општина Охрид, се прекинува јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување-инвертер клима уред за 2023 год, информираат од Општина Охрид.

Јавниот повик беше објавен утрово, а како што информираа од Општина Охрид истиот требаше да трае заклучно со 15 април 2023 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства за оваа намена.