Берлускони има леукемија


Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони има леукемија, пишуваат Corriere della Sera и Reuters повикувајќи се на свои извори.

Му била дијагностицирана леукемија откако завршил во болница со проблеми со дишењето.

„Тој е во стабилна состојба“, изјави братот на Берлускони, Паоло, откако вчера го посети.

86-годишниот Берлускони во последните месеци неколку пати беше во болница, но секогаш излегуваше по неколку дена.

Ројтерс потсетува дека партијата Форца Италија на Берлускони е дел од десничарската коалиција на премиерот Џорџија Мелони, но дека тој нема никаква улога во владата.