Реал се пласираше во финалето на Кралскиот куп за прв пат по девет години


Барселона – Реал Мадрид синоќа ја победи Барселона со 4:0 и се пласираше во финалето на Купот на кралот каде ќе игра против Осасуна. Тимот од Мадрид за прв пат по 9 години избори финале во националниот куп. Последен пат „Кралевите“ стигна до финалето на купот во 2013/14 година. Тогаш ја совлада Барселона со 2:1 и […]

Продолжува судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово


Во Основниот суд во Тетово денеска од 11 часот продолжува судскиот процес за пожарот во тетовската модуларна болница во 2021 година кога животите ги загубија 14 луѓе.  Во судницата треба да продолжи сослушување на нови сведоци кои се повикани по барање на адвокатите на обвинетите. Минатато рочиште на 21 март сослушани беа универзитетските професори кои во предистражната постапка изработиле вешт […]

Пендаровски ќе ги прими акредитивите на новата германска амбасадорка Петра Дрекслер


Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија Петра Дрекслер. Таа доаѓа на местото на Анке Холштајн, која ја извршуваше функцијата амбасадорка на Република Германија во Скопје од 2020 година. 

Локвенец: Наскоро тендер за третата фаза од пругата кон Бугарија


Во завршна фаза е подготовката на тендерската документација за надзорен инженер и за техничка помош, како и за градба за последните 24 километри од железничкиот Коридор 8 кон Република Бугарија. Со поддршка на сите владини институции и на Мисијата на ЕУ во Скопје, ја подготвуваме документацијата, а очекувањата се дека за скоро време ќе биде […]

Уставни измени според македонски модел


Дебатата за уставни измени треба да се води во експертска работна група каде секоја политичка партија делегира свои претставници и каде врз основа на уставно право и на она што е пропишано со закон се дефинираат амандмани кои потоа се ставаат на јавна расправа. Лидерска средба не е институционален формат за носење конкретни решенија, сметаат […]

Студија „Северна Македонија на европската изборна мапа: колку е пропорционален македонскиот изборен модел?“


Презентација на студијата „Северна Македонија на европската изборна мапа: колку е пропорционален македонскиот изборен модел?“ ќе се одржи денеска во библиотеката „Браќа Миладиновци“ – Скопје во организација на Институтот за демократија. -Оваа студија го анализира степенот на пропорционалност помеѓу распределбата на гласови и распределбата на пратенички места во македонскиот изборен модел. Преку споредба со 31 […]

Конференција „Стратегија за Роми, тек и следни чекори“ под покровителство на Пендаровски


Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе се обрати на конференцијата „Стратегија за Роми, тек и следни чекори“, што ќе се одржи под негово покровителство.  На конференцијата, како што е најавено, воведно обраќање ќе има шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија Дејвид Гир.  Во рамки на првата панел-дискусија „Стратегија за Роми, тек и […]

Ново издание на иницијативата ПичПрич на тема „Бев сама“


Ново издание на иницијативата ПичПрич на тема „Бев Сама“ во организација на Тиииит!Инк. ќе се одржи вечерва во Кино Фросина (МКЦ – Скопје) во 20 часот во рамки на фестивалот за промоција на феминистичка култура и акција „Прво па женско“. На овогодинешниот ПичПрич, како што најавија организаторите, своите искуства на тема „Бев Сама“ ќе ги […]

Состојба на патиштата


6 април 2023  СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.   ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.   ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената […]

Изложба во МНР по повод 30 години од зачленувањето во ОН


Во Министерството за надворешни работи денеска во 13 часот ќе биде отворена изложба по повод  30-тата годишнина од членството на Република Северна Македонија во Обединетите Нации. Настанот е во ко-организација со Државниот архив на Република Северна Македонија како и во соработка со Националниот координатор на ОН во Скопје.  Како што најави МНР, ќе присуствуваат претставници […]

Промоција на книгата „Градот и идентитетот – филмски репрезентации“ од Елена Копртла


Книгата „Градот и идентитетот-филмски репрезентации“ од Елена Копртла вечер во 18, 30 часот ќе биде промовирана во Скопје. Издавач на делото е издавачката куќа „Чудна шума“, а промоцијата ќе ја водат Ивана Васева и Влатко Галевски. Од „Чудна шума“ истакнуваат дека целта на оваа книга е да поттикне историско разбирање на филмските интерпретации на градот […]

„Будење“- почнува 14. Меѓународно биенале на млади уметници во МСУ


Во Музејот на современа уметност во Скопје вечерва во 20 часот ќе биде отворено 14-то Биенале на млади уметници со наслов  „Будења“ („Awakenings“).  –Годинашната тема „Будења“ ги потикнува младите уметници да ги изразат своите размислувања, дилеми, не/сигурност, не/согласувања и амбиции, на прагот пред нивното осамостојување и напуштањето на комфорната зона при соочувањето со личните и […]

Колку споени викенди и неработни денови не чекаат?


Велигден  годинава е на 16 април, па така како и секоја година, неработни ќе бидат 4 дена околу овој празник, во кои е вклучен и еден викенд. Нема да се работи 14 април кога е Велики Петок, а по викендот неработен ќе биде и вториот ден на Велигден, односно 17 април, понеделник. Во овој месец […]

Столтенберг му одговори на Путин: НАТО никогаш не бил закана за Русија


Брисел – Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска му одговори на рускиот претседател Владимир Путин дека НАТО никогаш не бил закана за Русија. Коментирајќи ги наводите на рускиот претседател за иницирање на геополитичка конфронтација меѓу Европската унија и Русија, Столтенберг изјави дека тоа не е конфронтација почната ниту од ЕУ, ниту  од НАТО, и дека […]

Финска го одбележа пристапувањето во НАТО со купување израелски одбранбен систем


Хелсинки – Еден ден по официјалниот прием во НАТО, Финска денеска објави дека одобрила купување на нов ракетен одбранбен систем од Израел, јави ДПА. Според проценката на финското Министерство за одбрана, системот за противвоздушна одбрана познат како „David’s Sling“ чини вкупно околу 316 милиони евра. Тој е произведен од израелската одбранбена компанија Рафаел и се […]

Дел од општина Аеродром денеска без вода


Без вода денеска од 8:30 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улиците „Никола Карев“ и „Трета македонска бригада“ и  амбулантата „Пролет“. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради уличен дефект ф-2 на улица „Никола Карев“ без број, кај паркингот.  Водоснабдувањето ќе биде прекинато се додека не заврши санирањето […]

Променливо облачно со сончеви периоди


Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне во југозападните делови ќе има повремени врнежи, кои во утринските часови ќе бидат претежно од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени. Во Скопје, […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 6 април 2023 година, 96-иот ден во годината. До крајот на годината остануваа 269 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 09 минути, а ќе зајде во 19 часот и 4 минута. Денов трае 12 часа и 56 минути. Месечината која е во фаза на млада Месечина нема да изгрее […]

Уапсен сопругот на досегашната премиерка на Шкотска во истрага за финансирање на партијата


  Питер Мурел, сопругот на донеодамнешната премиерка на Шкотска, Никола Старџен, беше уапсен од полицијата која ги истражуваше финансиите на Шкотската национална партија во она што новиот лидер, Хамза Јусеф, го опиша како „тежок ден“ за СНП. Шкотската полиција соопшти дека Мурел, поранешниот извршен директор на партијата, бил „уапсен како осомничен“ и приведен на сослушување […]

СДСМ почна нова теренска кампања наречена „Рамо до рамо до победа“


  Веднаш по денешната посета на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, од пред седиштетот на партијата ја отпочна новата кампања наречена „Рамо до рамо до победа“. Кампањата има визуелен печат со црвените елеци што ги носат функционерите и раководството на СДСМ. Ковачевски најави дека почнуваат со теренски активности, со […]