Пет пати поголеми приходи: Продажбата на нафта и гас ја преплави Норвешка со пари


Во „исклучителната“ 2022 година, Норвешка заработила петпати повеќе од продажбата на нафта и гас благодарение на рекордно високите цени, објави денеска државната компанија „Петоро“. „Петоро“ уплатиле 528 милијарди норвешки круни (46,6 милијарди евра) во државната каса, што е повеќе од петпати повеќе отколку во „нормална“ година, се наведува во извештајот. Приходите се за 342 милијарди […]

Десет години затвор за 17 годишното девојче кое уби 16 годишно момче во тетовско Бањиче


За убиството на 16 годишното момче што се случи во декември 2022 година Основниот суд Тетово денеска изрече казна затвор од десет години за 17 годишното девојче, информираа од канцеларијата за односи со јавност на тетовскиот суд. Девојката од тетовското село Рогле е осудена за кривично дело убиство по член 123 став 2 точка 1 […]

Треба ли да стравуваат банките во Македонија: Банкротот во САД го потресе светот, еве што вели НБ


  Пропаѓањето на американската Банка на Силиконската долина (СВБ) нема никакви директни последици за нашиот банкарски систем, имајќи ја предвид малата изложеност кон нерезидентите, но и традиционалниот деловен модел заснован врз кредитирање на фирмите и граѓаните при стабилни извори на финансирање, информираа денеска од Народната банка.  Оттаму посочуваат дека според процените на релевантните меѓународни институции, […]

Починат 12-годишник донесен во битолската болница


Во, понеделникот, во СВР Битола било пријавено дека на 12.03.2023 околу 21.30 часот во Клиничка болница Битола од неговите родители било донесен починат 12-годишник од с.Лера, битолско. Според пријавеното, на малолетникот му се слошило во домот, по што бил донесен во болницата. Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител […]

Мирјана Лазарова Трајковска номинирана за судија во Меѓународниот кривичен суд


Судскиот совет даде поддршка на Мирјана Лазарова Трајковска за нејзина номинација како кандидат за судија во Меѓународниот кривичен суд. Барањето, како што информира Судскиот совет, било разгледано денеска на итна седница. – Разгледано е Барањето за номинација на кандидат за судија во Меѓународен кривичен суд и дадена е поддршка на номинацијата за Мирјана Лазарова Трајковска, […]

На работно место во Кривопаланeчко загина 22-годишен скопјанец


Во понеделникот, во 10.49 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека во село Тлминци, Кривопаланечко, додека бил на работно место во приватна фирма, врз вработениот М.М.(22) од село Цветово, Скопско, паднал тврд предмет, при што тој починал. Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт, а увид извршиле јавен обвинител, екипа на ОВР Крива Паланка […]

Омаж за Ацо Шопов: Наша заедничка обврска е зачувување на неговата оставнина


Творечкиот опус на Ацо Шопов е еден од столбовите на македонската модерна поезија. Шопов ја проширува границата на македонската литература, сместувајќи ја како трајна вредност во книжевностите на европските земји. Нашата заедничка обврска е зачувување на неговата оставнина, беше посочено на денешниот настан по повод стогодишнината од раѓањето на Ацо Шопов, организиран од Општина Центар […]

ФИФА одлучи за форматот на Светското првенство во 2026 година


Швајцарија– Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) одлучи за форматот на Мундијалот во 2026 година. Ќе има 12 групи по 4 селекции и 104 натпревари во 39 дена. ФИФА во четврток, на 16 март, има намера да го одобри новиот формат за Светското првенство во 2026 година. Според „The ​​Athletic“, првично беше планирано да се поделат тимовите […]

Османи во официјална посета на Шведска  


Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе престојува во официјална посета на Кралството Шведска, актуелен претседавач со Советот на ЕУ. Во делегацијата на министерот Османи е и претседателот на парламентарната Комисија за европски прашања Арбер Адеми. Османи, како што соопшти МНР, ќе оствари средба со својот шведски колега, министерот за надворешни работи Тобиас Билстром, […]

Руските фабрики за оружје префрлени во работа на воен режим


  Руските фабрики за оружје ја префрлија својата работа на воен режим со цел да ги задоволат потребите за муниција на војниците кои се борат во Украина. Како што објави РИА Новости во државната корпорација „Ростек“, производството на муниција порасна многу пати, а за некои видови производи – десетици пати. „Индустријата испорачува муниција од сите […]

Екипи на „Градски паркинг“ го уредија паркингот од Капитол Мол до Мајчин дом


Екипите на „Градски паркинг“ – Скопје, во соработка со екипи и теренски возила на ЈП „Паркови и зеленило“, минатата недела ја уредија паркинг зона Д7 на потегот од Капитол Мол до Мајчин Дом. При акцијата се искастрија старите и суви гранки од дрвјата, а потоа целосно се отстрани сметот од паркинг зоната. – Продолжуваме да […]

Софија бара и од Србија да се почитуваат правата на бугарското малцинство


  Бугарија гледа проблем и во третманот на бугарското малцинство што живее во Србија поради апсењето на двајца негови активисти. Министерството за надворешни работи побарало информација од српската амбасада во Софија зошто биле уапсени активистите во Босилеград. „Ова фрла сенка на посетата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на Босилеград, што е прва посета по […]

Костовски: Арсовска, пред избори, им вети на луѓето парк, а не улица


Данела Арсовска лично им вети на луѓето дека нема да има никаква улица и дека ќе се изгради парк на „Христијан Тодоровски Карпош“. Утре на седница на Општина Бутел ќе се донесе одлука за покревање на иницијатива за поништување на овој план тука „С 16“ и вториот план во Бутел 2 „ССИ 06 Блок 7“ […]

Романот „Временски азил“ од Георги Господинов е номиниран за „Букер“


Романот „Временски азил“ влезе во долгата листа на номинации за меѓународната „Букер“ награда. Авторот Георги Господинов е првиот бугарски писател кој е номиниран за наградата, соопшти издавачката куќа „Жанет 45“. Книгата ја преведе Анџела Родел, која исто така стана дел од номинацијата Букер Интернешнл. Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската […]

„Трета среќа“ за зградата на Еуростандард банка: Колку вреди реално?


  Зградата на Еуростандард банка во строгиот центар на Скопје утре изутрина ќе се понуди на ново, трето по ред јавно наддавање, во обид да најде нов сопственик, а од прибраните пари да се обесштетат доверителите на пропадната банка. Дали овој пат продажбата ќе биде според народната „трета среќа“ ќе покаже аукцијата закажана за девет […]

Евакуирани судовите во Сараево, дојава за бомба


Во сите судови во Сараево во тек се контра-субверзивни увиди поради дојава дека во еден од нив била поставена бомба. Во тек се инспекции во Уставниот, Врховниот, Општинскиот и Кантоналниот суд, како и во Судот на БиХ, бидејќи не се знае за кој од овие судови се однесува извештајот, па сите се евакуирани. „Непознато лице […]

„Водовод“ – Скопје со признание за поддршката на мисијата на СОС Детско село


ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, е првото јавно претпријатие кое пристапи кон поддршка на мисијата на СОС Детско село и веќе три години спроведува активности за ширење на индивидуалната филантропија. -Во овој период беа спроведени многу активности со цел поттикнување и ширење на идејата за посветено индивидуално донаторство, во кои активно се вклучија и […]

За прв пат во скопската ЗОО се изведоа бебиња пингвини (ВИДЕО)


Најрадосната вест денеска доаѓа од Скопје ЗОО. -За првпат имаме бебиња пингвини и тоа вкупно четири, соопштија оттаму. – Бебињата дојдоа на свет на 06. 01, 07.01, 08.01 и 10.01 2023 година од два пара родители.Целиот период грижливо ги негуваа, а голем дел од денот со нив проаѓаа и татковците. Состојбата на малите пингвинчиња од […]

Зголемен бројот на туристи


Вкупниот број на туристи во јануари 2023 година во однос на јануари 2022 година е зголемен за 10,3 отсто, а бројот на ноќевањата бележи раст од 1,8 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.   Бројот на домашните туристи во јануари 2023 во однос на јануари 2022 година е намален за 9,8 отсто, а на странските […]

Рашковски на судењето го фалеше својот патент за камерите, се спореди со Илон Маск


  Без да навлегувам во доказната постапка, на европско континентално ниво не може да патентирате софтвер за следење на просечна брзина. Спецификата на мојот патент е дека камерите, односно уредите кои треба да ја детектираат просечната брзина ќе бидат во движење и може да се стават на полициско возило или автобус, додека кај софтверот набавен […]