Екипи на „Градски паркинг“ го уредија паркингот од Капитол Мол до Мајчин дом


Екипите на „Градски паркинг“ – Скопје, во соработка со екипи и теренски возила на ЈП „Паркови и зеленило“, минатата недела ја уредија паркинг зона Д7 на потегот од Капитол Мол до Мајчин Дом.

При акцијата се искастрија старите и суви гранки од дрвјата, а потоа целосно се отстрани сметот од паркинг зоната.

– Продолжуваме да работиме со интензивно темпо со цел квалитетни услуги за корисниците на ЈП „Градски паркинг“- Скопје, велат од претпријатието.