За прв пат во скопската ЗОО се изведоа бебиња пингвини (ВИДЕО)


Најрадосната вест денеска доаѓа од Скопје ЗОО.

-За првпат имаме бебиња пингвини и тоа вкупно четири, соопштија оттаму.

– Бебињата дојдоа на свет на 06. 01, 07.01, 08.01 и 10.01 2023 година од два пара родители.Целиот период грижливо ги негуваа, а голем дел од денот со нив проаѓаа и татковците. Состојбата на малите пингвинчиња од видот хамболдт од ден на ден беше следена подеднакво и од нашите зоонегуватели Маја и Војо, како и стручни лица, велат од скопската Зоолошка градина. 

За да ја доживеете и вие магијата на напредокот и растењето на пингвинчињата во изминатите два месеци, од ЗОО подготвија видео каде што се прикажани најемотивните моменти од јајца, преку првите прегратки со мајките, па се до денес!