„Водовод“ – Скопје со признание за поддршката на мисијата на СОС Детско село
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, е првото јавно претпријатие кое пристапи кон поддршка на мисијата на СОС Детско село и веќе три години спроведува активности за ширење на индивидуалната филантропија.
-Во овој период беа спроведени многу активности со цел поттикнување и ширење на идејата за посветено индивидуално донаторство, во кои активно се вклучија и вработените во претпријатието како посветени донатори. Преку достава на повиците за донации заедно со фактурите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, во рамки на поддршка на кампањите на СОС Детско село, гласот на децата без родители и без родителска грижа стигнува до над 200.000 корисници на услугите на претпријатието кои имаат можност да станат посветени донатори, велат од претпријатието.
-ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, како општествено одговорно претпријатие ја продолжува поддршката и соработката со СОС Детско село во насока на ширење на индивидуалната филантропија, велат од ова скопско претпријатие.