Бајден го потпиша законот за транспарентност за потеклото на пандемијата на корона вирусот


Американскиот претседател Џо Бајден доцна синоќа изјави дека потпишал закон со кој се дозволува декласификација на документите за потеклото на пандемијата на корона вирусот што првпат се појави во Кина. „Треба да дојдеме до потеклото на пандемијата на корона вирусот за подобро да ги спречиме идните пандемии. Мојата администрација ќе декласифицира и ќе објави што […]

Тотенхем го контактираше тренерот на Ајнтрахт, Оливер Глазнер


 Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, размислува за тренерот на Ајнтрахт Франкфурт, Оливер Глазнер, да го замени Антонио Конте. Според „Билд“, Конте во блиска иднина би требало да го напушти англискиот клуб. Спарс веќе стапиле во контакт со претставници на австрискиот стручњак Глазнер за можното назначување на функцијата главен тренер. Глезнер минатата сезона ја освои Лигата […]

Низа скандали во лондонската полиција: „Потребна е темелна промена“


Полициските сили на Лондон дозволија да се развие сексистичко, расистичко и хомофобично однесување во нивните редови, се предупредува во вторникот во новиот независен извештај, во кој се повикува на „севкупна реформа“ на силите на редот, кои се во криза по серијата скандали. „Полицијата не ги заштити своите службеници и членовите на општеството од полицајци кои […]

Ова е подрумот на еден универзитет во Данска. Содржи 9.479 човечки мозоци


Ббројни полици се наредени во подрумот на данскиот универзитет во Одензе. На нив е наредена најголемата колекција мозоци во светот, складирани во тегли со формалин. Колекцијата се состои од 9.479 органи извадени од трупови на ментално болни пациенти во текот на четири децении, до 1980-тите. Мозоците зачувани во формалин, во големи бели контејнери, означени со […]

(Видео) Експлозија на Крим – уништени се моќни руски ракети


Во експлозија на северот на анектираниот Крим, уништени се руски ракети кои се транспортирале со железница, соопшти украинското Министерство за одбрана. Рускиот лидер на градот Џанкој изјави дека областа била нападната со беспилотни летала. Украина потврди дека се случиле експлозиите, но не кажа конкретно дека стои зад нападот. Засега нема потврда од руска страна дека […]

Најсериозните проблеми на Косово се владината корупција, родовото насилство и заканите за малцинствата


САД – Сериозната корупција во Владата, недостиг на истрага и одговорност за родово засновано насилство и насилство или закани врз етничките малцинства и други маргинализирани групи се едни од најсериозните проблеми во Косово, се наведува во извештајот на американскиот Стејт департмент за човекови права. Во извештајот за 2022 година во делот за Косово се споменува […]

Ново рочиште за пожарот во тетовската модуларна болница


Во 10 часот денеска треба да се одржи ново рочиште од судскиот процес за пожарот што се случи во модуларната болница во Тетово во 2021 година кога животот го загубија 14 лица. На последното рочиште, што се одржа на 2 март, судијата побара адвокатите на одбраната за денеска да посочат за кои околности се повикуваат […]

Состојба на патиштата


ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ ПОРАДИ МИНИРАЊЕ: Поради минирање, односно изведување на градежни активности за изградба на експресен пат А2 делница Длабочица – Чатал, на ден 20.03.2023 понеделник, во периодот од 13:00 до 16:00 часот предвиден е прекин на сообраќајот на потегот село Ветуница – мост на река Блидеш. За време на минирањето сообраќајот ќе биде во […]

Прогласување на лауреатите на СВП и поетско читање по повод Светскиот ден на поезијата


НУМ „Струшки вечери на поезијата“, Македонскиот П.ЕН Центар, Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) и  Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје денеска во просториите на универзитетската библиотека заеднички ќе ја одбележат 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов, како и Светскиот ден на поезијата – 21 Март. Во рамки на програмата, ќе бидат прогласени добитникот […]

Схинас: Сега е време за следниот чекор – отворање на кластерите, по уставните измени


Процесот на европеизација на Балканот е неповратен, сите земји од регионот, вклучително и Северна Македонија се цврсто на патот кон ЕУ, вели потпретседателот на Европската Комисија, Маргаритис Схинас  во изјава за МИА, дадена на маргините на Конференцијата во Солун, посветена на улогата на новинските агенции во објективното информирање и борбата против дезинформациите во новата реалност […]

Доделување на новинарските награди „Никола Младенов 2022“


 Во организација на Македонскиот институт за медиуми денеска ќе бидат доделат новинарските награди „Никола Младенов 2022“. Ќе се доделат три награди во категориите „Нajдобра истражувачка сторија“, „Најиновативен новинарски производ“ и „Најдобра репортерска фотографија“. Наградите се доделуваат традиционално како дел од заложбите на МИМ за  унапредување на професионалното новинарство и на демократските вредности во земјава. 

Пендаровски ќе се обрати на меѓународен симпозиум во чест на Ацо Шопов во седиштето на УНЕСКО


 Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска во седиштето на УНЕСКО во Париз ќе се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во чест на Ацо Шопов по повод одбележувањето на 100-годишнината од неговото раѓање –  „2023 – Година во чест на Ацо Шопов“, што се реализира под покровителство на македонскиот претседател. Пендаровски ќе присуствува и на […]

Њујорк се подготвува за демонстрации на поддржувачите на Трамп во врска со очекуваното обвинение против него


САД – Поставени се барикади околу судот во Менхетен, каде приврзаниците на Доналд Трамп се подготвуваат да протестираат против обвиненија во врска со изборната кампања во 2016 година дека тој тајно платил на порно ѕвезда да не дистрибуира доверливи материјали против него, јавија американски медиуми.   „Протестирајте, вратете ја нашата нација!“ повика Трамп во саботата, а неговите […]

Потребни се 7,9 милијарди долари за реконструкција по земјотресите во Сирија


САД – Светската банка објави проценки според кои февруарските земјотреси во Сирија ќе го намалат БДП на земјата за 5,5 отсто оваа година, а средствата за опоравување и обнова се проценуваат на повеќе од 7,9 милијарди долари во текот на три години. Во извештајот на Светската банка за земјотресите што ги погодија северна и западна […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 21 март 2023 година,  80-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 385 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 36 минути, а ќе зајде во 17 часот и 47 минути. Денов трае 12 часа и 10 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во 5 часот и 42 минути, […]

Облачно со дожд


Времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои на места попладне и во вечерните часови ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени. Во Скопје облачно со повремени врнежи од […]

Научниците со последно предупредување за климатската криза: Да се дејствува веднаш или ќе биде предоцна


Научниците издадоа „последно предупредување“ за климатската криза, со оглед дека зголемените емисии на стакленички гасови го туркаат светот на работ на непоправлива штета што само брза и драстична акција може да ја спречи. Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC), составен од водечки светски научници за климата, денеска го објави последниот дел од својот шести извештај […]

Морковот го намалува притисокот и ризикот од срцеви заболувања


  Сокот од морков може да го намали крвниот притисок и мастите во крвта. Ако крвниот притисок е висок, тоа значи дека срцето треба да работи понапорно за да пумпа крв. Со текот на времето, ова дополнително ги оптоварува сите витални органи – срцето, мозокот и бубрезите. Хипертензијата може да има катастрофални последици, со зголемен […]

Aхмети до „огнените“: Ние не сме воз туку незапирлив ураган, не излегувајте пред нас!


Дваесет години работевеме луѓето да бидат заедно, и вечерва дојдов во Чаир како продолжение на средбите што ги имавме од Полог до Скопје. Во последно време некои се лутат, но кај мене нема враќање назад! Ги почитувам одлуките на мнозинството од партиските тела, но не можам да излезам од патот трасиран со крв и вредности, […]

Владата ќе ѝ понуди на опозицијата да ги формулира амандманите за уставните измени


  Владата го подготвува списокот на имињата на експертите кои ќе ги покани во експертската група за уставните измени. Во исто време ќе испрати и писма до сите политички партии во Собранието да номинираат експерти или личности на кои им веруваат да бидат во таа комисија, изјави вечерва вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, на […]