(Видео) Експлозија на Крим – уништени се моќни руски ракети


Во експлозија на северот на анектираниот Крим, уништени се руски ракети кои се транспортирале со железница, соопшти украинското Министерство за одбрана.

Рускиот лидер на градот Џанкој изјави дека областа била нападната со беспилотни летала. Украина потврди дека се случиле експлозиите, но не кажа конкретно дека стои зад нападот. Засега нема потврда од руска страна дека проектилите се уништени.

Доколку се потврди, тоа би бил редок напад на украинската армија на Крим, кој е анектиран од 2014 година.

„Експлозиите го продолжуваат процесот на демилитаризација на Русија и го подготвуваат украинскиот полуостров Крим за деокупација“, соопшти украинското Министерство за одбрана.

Уништени ракети „калибр“?

Киев објави дека ракетите биле наменети за руската Црноморска флота.

„Експлозија во градот Џанкју на северот на привремено окупираниот Крим ги уништи руските крстаречки ракети „калибр-КН“ додека се транспортираа по железница“, објавија тие.

Ракетите „калибр“ се дизајнирани да бидат лансирани од бродови на руската Црноморска флота и имаат оперативен дострел од повеќе од 2.500 километри на копно и 375 километри на море.

Русите тврдат дека неколку згради се запалиле

Ихор Ивин, администратор поставен од Русија, рече дека 33-годишен маж бил пренесен во болница откако бил повреден од шрапнел од соборениот дрон. Тој не спомна ниту една оштетена воена цел. Неколку згради се запалија, а електричната мрежа е оштетена, го цитираат Ивин локалните медиуми. Руската државна новинска агенција Тас ги објави тврдењата на Ивин дека куќа, училиште и продавница за храна се запалиле.

Руските власти на Крим соопштија дека градот бил цел на напад со дрон. Сергеј Аксенов, гувернер на Крим назначен од Русија, рече дека е активирано противвоздушно оружје во близина на Џанкој, но не кажа зошто, ниту зборува за крстаречки ракети. „Праѓањето на шут повреди едно лице и оштети куќа и продавница“, рече Аксенов.

Олег Крјучков, советник на Аксенов, тврди дека беспилотните летала биле натоварени со шрапнели и биле насочени кон цивилни цели. „Едниот паднал во близина на техничко училиште, додека другите паднале во станбени зони“, рече тој.

Русија последен пат ја обвини Украина за напад со дрон врз Црноморската флота во пристанишниот град Севастопол на Крим во октомври 2022 година. Тогаш биле користени девет беспилотни летала во нападот што го оштетил воениот брод. Украина не ја презеде одговорноста за нападот.