Аргентина го раскина договорот за Фолкландските Острови


Аргентина– Аргентинската влада побара од Обединетото Кралство повторно да почнат преговори за суверенитетот на Фокландските Острови, соопшти аргентинското Министерство за надворешни работи. Фокландите или Малвинските острови, како што ги нарекуваат Аргентинците, се наоѓаат во јужниот дел на Атлантикот, на околу 600 километри од аргентинското копно. Британските медиуми пренесуваат дека шефот на аргентинската дипломатија, Сантијаго Кафијеро, […]

„Музика која ги отвора ушите и срцата“: Македонисимо на Трпчески ја покори Виена


„Музика која ги отвора ушите и срцата“, вака беше најавен синоќешиот голем настан за македонската музичка уметност: светската премиера на оркестарската верзија на музичкиот проект Македонисимо на Симон Трпчески и пријателите, во најпрестижната светска концертна сала Музикферајн во Виена, заедно со австрискиот Тонкунстлер оркестар и диригентот Јутака Садо од Јапонија. Настан на кој беше привилегија […]

Десет романи во трка за „Роман на годината“


Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2022 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вреднисти „Славко Јаневски“, во состав: Симона Јованоска (минатогодишен лауреатка и претседателка на Комисијата), Гоце Ристовски, Илир Ајдини, Сашо Кокаланов и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата „Славко Јаневски“), во втората селекција одбра десет романи што останаа во […]

Дубиоза колектив сака да пее на Евросонг под знамето на Апсурдистан


БиХ – Членовите на групата Дубиоза колектив од БиХ ги замолија фановите да потпишат петиција за нивно заминување на Изборот за песна на Евровизија, што ќе се одржи во мај во Ливерпул. „Покрената е петиција Дубиоза колектив да учествува на Евровизија како претставник на оние кои не се претставени. Црна Гора, Македонија, Бугарија, Словачка, Унгарија […]

Премиерот Ковачевски во посета на објектот на градинката „Пролет”


Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе го посети објектот на детската градинка „Пролет” во Општина Центар, која е во фаза на изградба. При посетата ќе го придружува градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски

Состојба на патиштата


СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со […]

Променливо облачно со повремен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени. Во Скопје променливо облачно, попладне со повремен дожд. Минималната температура ќе се спушти […]

Астрономски календар


 Денеска е петок, 3 март 2023 година,  62-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 303 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 6 минути, а ќе зајде во 17 часот и 26 минути. Денов трае 11 часа и 19 минути. Месечината која е во фаза на прва четвртина  нема да изгрее ова деноноќие, […]

Речиси една четвртина од населението на Германија се доселеници


 Речиси четвртина од германското население има мигрантско потекло, објави денеска заводот за статистика. „Деветнаесет милиони или 23 отсто од германското население се или доселеници или двајцата родители им се доселиле во Германија“, се наведува во извештајот.. Од нив, 14,2 милиони или 17,3 отсто се луѓе кои се доселиле во Германија од друга земја по 1950 […]

Пекарите ќе мора да произведуваат леб со замрзната цена, најмалку 80 отсто во однос на декември


  Министерот за економија Крешник Бектеши од аеродромот во Загреб, Хрватска, на пат за Скопје се огласи на својот фејсбук профил и ја објави новата одлука со која производителите на леб имаат обврска да го произведуваат и да го ставаaт во промет лебот со замрзната цена. Одлуката е со денешен датум и ја има потпишано […]

Во првите два месеца годинава двојно помалку сообраќајки со жртви


Во јануари оваа година на подрачјето на СВР Скопје за 20 проценти се намалени сообраќајните незгоди со потешки последици, во споредба со јануари минатата година. Во првите два месеци од 2023 година, бележиме двојно намалување на сообраќајните незгоди со жртви. Сега имаме три, споредбено со минатата година за истиот период, кога сме имале шест жртви, […]

Следната средба меѓу Вучиќ и Курти ќе се одржи на 18 март во Охрид


Следната средба на лидерите на Србија и Косово во рамки на дијалогот ќе се одржи во Охрид на 18 март, потврди за Радио Слободна Европа официјален претставник на Европската Унија. Ова ќе биде средба на која лидерите ќе разговараат за планот за имплементација кој е составен дел на европскиот предлог, кој сега се нарекува Спогодба […]

Приведени три лица од Скопје поради мачење коњ


Полициски службеници од ЕВР Гази Баба денеска на улицата „Благоја Стефковски“ во Скопје ги лишија од слобода С. С. (24), Р. С. (20) и А.С. (54) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело „мачење на животни“. Како што информира МВР, делото го сториле вчера околу 13:00 часот на улицата „Коце Металец“ во Скопје […]

Интензивно работиме со МОН, за учениците да бидат безбедни и да се одвива наставата


Интензивно работиме со Министерството за образование и наука (МОН) и веќе се направени одредени усогласувања. Ќе почне и комуникацијата меѓу нашите Сектори за внатрешни работи и образовните институции, заради тоа што сите треба заеднички да постапуваме за да дојдеме до решение во кое учениците ќе бидат безбедни и безбедно ќе се одвива наставниот процес, изјави […]

Избрани најдобрите бармени


Барменот Вања Головски ќе ја претставува земјава на Светското првенство на бармени во Рим. Тој победи на 14. Државно првенство на бармени, што во организација на Здружението на бармени на Македонија, се одржа денска во хотелот „Мериот“.  Второто и третото место го освоија Никола Анастасијески и Дејвид Кузманов, а наградата за најдобра техника Никола Ефремов. […]

Руската тајна служба не успеала да ги фати „украинските саботери“


  Федералната служба за безбедност на Русија извести за неутрализирање на „саботери“ во областа Брјанск, истакнувајќи дека „како резултат на преземените мерки, беше запрен налетот на украинските националисти во областа Климовски“. Од соопштението на ФСБ, произлегува дека диверзантско-извидувачката група (ДСГ) непречено ја напуштила Русија, а нема информации за приведување или уништување на нејзини членови. ФСБ […]

Вејн Шортер, икона на џез саксофонот, почина на 89 години


  Вејн Шортер, еден од најголемите американски џез-саксофонисти чија кариера опфаќаше боп, фјужн и многу повеќе, почина во болница во Лос Анџелес, на 89-годишна возраст. Неговиот публицист ја потврди неговата смрт за „Њујорк тајмс“. Шортер беше централна сила во три од големите џез групи во 20 век: „Џез месинџерс“, предводени од тапанарот Арт Блеки, кој […]

Ѓоковиќ го победи Хуркач и се пласира во полуфиналето во Дубаи


ОАЕ– Актуелниот број еден во светскиот тенис, Новак Ѓоковиќ без преголема мака и по два сета го победи Хуберт Хуркач за пласман во полуфиналето на Мастерс 500 во Дубаи, откако славеше со 6-3, 7-5. Не минал Ѓоковиќ лесно како во минатото коло со Грикспор, но не се мачеше ни на стартот како со Махач, па […]

Водата може да поскапи до 29,5 денари месечно


Регулаторна комисија за енергетика, согласно методологијата за утврдување на цената на водата, определи минимален и максимален износ на цена на водата во Скопје, соопшти денеска првиот човек на комисијата Марко Бислимоски. – Донесена е одлука за минимална и максимална тарифа. Постојната тарифа е 31,87 денари. Минимална тарифа се утврдува на 31,51 денари поради помошта која ја добиваат […]

Расте гневот во Грција по железничката трагедија, владата призна грешки


  Грчката влада соопшти дека железничките проекти во земјата се опфатени со „хронични проблеми во јавниот сектор“, во услови на зголемен гнев поради тоа како можеше да се случи директната несреќа во вторникот вечерта меѓу два воза. Во првото официјално јавно признавање на проблемите што ја мачат железничката мрежа, официјалните лица, исто така, признаа дека […]