Зголемени приходи, намалени загуби – за пекарите, 2022 не била лоша година за работа


Пораст на приходите од редовните активности, зголемен профит или намалување на загубите во споредба со претходно. Компаниите од мелничко-пекарската индустрија кои котираат на Македонската берза не можат да се пожалат на лоши резултати во работењето, покажуваат финансиските резултати кои самите тие ги доставиле до берзата. Инаку, токму поголемите производители на леб донесоа одлука да престанат со производството […]

Катастрофален пад на бројот на патници во скопскиот јавен превоз [инфографик]


  На градско-приградските линии од скопскиот јавен превоз лани биле превезени нешто помалку од 28,5 милиони патници, што е за фрапантни 15 милиони патници помалку во споредба со бројот на превезени патници што ЈСП-Скопје го имал пред почетокот на ковид-19 пандемијата. За експертите ова се катастрофални резултати во работењето и бараат час поскоро да се […]

Во Хрватска 40.000 граѓани се пријавиле за државни обврзници, собрани повеќе од 1,3 милијарди евра


Повеќе од 43.000 хрватски граѓани се пријавиле за државни обврзници, а сумата е повеќе од 1,3 милијарди евра, соопштено е денеска во Загреб. Според последните информации, ова не е конечната бројка, бидејќи пријавените граѓани денеска можеа да ги уплатат парите до 11 часот. „Бројот на луѓе кои се претплатиле на оваа обврзница надминува 43.000. Ова […]

Колера и други заразни болести ги загрозуваат областите во Турција погодени од земјотресот


Колера и други заразни болести ги загрозуваат областите погодени од земјотресот во Турција доколку не се преземат итни санитарни мерки, предупредуваат лекарите во земјата, пренесува „Хуриет дејли њуз“. Во земјотресот во Турција загинаа над 45 илјади лица, а милиони се погодени од катастрофата. Проф. д-р Ајлем Улаш Саз, член на Катедрата за педијатрија на Егејскиот […]

Собранието ги избра замениците министри


 Собранието во рамки на попладневниот дел од денешното продолжение ба 104-тата седница ги избра Тирон Јајага за заменик-министер за одбрана, Викторија Аврамовска Мадиќ за заменик-министер за правда, Вјолца Бериша за заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Маја Манолева за заменик-министер за здравство и Агим Нухиу за заменик-министер за образование и наука. Сите заменици министри беа […]

Пазарната инспекција вели генерално се почитува одлуката за цената на лебот, извршила надзори во над 400 фирми


Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) вчера и денеска изврши надзори и контроли во над 400 економски субјекти на ниво на цела држава при што утврди дека генерално се почитува одлуката на Владата за замрзнување на цената на лебот од 450 гама на 33 денари. -Досега од контролите е утврдено дека цената на лебот во зависност од […]

Ковачевски: Ги охрабрувам американските компании да инвестираат во Северна Македонија, како стабилна и безбедна дестинација


Премиерот Димитар Ковачевски денеска оствари средба со претставници од американската бизнис заедница, кои имаат интерес за инвестирање во Република Северна Македонија.    Како што соопшти владината прес-служба, делегацијата од американски бизнисмени беше предводена од Ерик Мејер, заменик шеф на Мисија во Амбасадата на САД во Скопје, како и специјални претставници од Стејт департментот. Тема на […]

Први конзуларни консултации меѓу Македонија и Бугарија


На 1 март  во Софија се одржаа конзуларни консултации меѓу министерствата за надворешни работи на  Македонија и на Бугарија на ниво директори за конзуларни работи. На консултациите беа разгледани повеќе прашања од конзуларната област, а кои директно ги засегаат граѓаните на двете држави. -Посебно внимание беше посветено на начините за подобрување на меѓусебната комуникација во врска […]

Рударството кај нас е „жртва“ на трендот на вкупна деиндустријализација: Интервју со Ивица Талевски


Иван Бојаџиски Рударскиот сектор во нашава држава, со паметна стратегија и силна посветеност на работата успешно ги преброди времето на пандемијата од Ковид 19 и високите цени на електричната енергија која е клучна за неговото успешно функционирање Со тешката ситуација нашето рударство се соочи последниве 2,5 години, а каква денес е состојбата во стопанскиот сектор […]

Скопски Аеродром зафатен од силно невреме попладнево, Лисиче без струја


Попладнево силно невреме проследено со ветер го зафати Скопје, кое особено изразено беше во скопски Аеродром. Покрај грмежите и силното навевање на дождот, повремено паѓаше и град кој ги натера граѓаните на општина Аеродром кои се најдоа на отворено да се скријат под зградите и да чекаат невремето да помине. Во населбата Лисиче, по невремето, […]

Милошоски чека нов кандидат за амбасадор во Франција наместо Виктор Димовски


Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и претседател на собраниската Комисија за надворешна политика Антонио Милошоски не очекува поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски, кој е кандидат за амбасадор во Франција, да остане предлог на власта и на претседателот Стево Пендаровски за иден амбасадор во оваа земја членка на ЕУ.  – Ние како Комисија […]

Авион на „Визер“, место во Охрид, принудно слета во Венеција


Авионот на „Визер“, кој денес полетал од Дортмунд, Германија, место во Охрид, принудно слета во Венеција, Италија. На пат кон Охрид пилотот побарал итно да слета во Венеција. Принудното слетување го регистрира „Флајтрадар“ преку чии апликации во живо се следи авионскиот сообраќај.

Прилепските пекарници не испорачуваат леб, чекаат решение, реагираат производителите на пченица


Втор ден нема испорака на леб во прилепските маркети и продавници и граѓаните се снаоѓаат како знаат и умеат. Прилепските пекарници ситуацијата ја оценуваат како „статус кво“. Леб по 33 денари продаваат само во нивни продавници, за испорака и дистрибуција не им се исплаќа. За производителите на пченица нема оправдување што трпат граѓаните. Александар Ристески, […]

„Книжевноста како браник на слободата“- британската и македонската култура со прва дебата


Платформата за креативен дијалог и критичко размислување „КНИЖЕВНИ РЕФЛЕКСИИ“ ја започна својата мисија за поврзување на британската и македонската книжевност и култура со првата дебата на тема „Книжевноста како браник на слободата“ која се одржа во Институтот за македонска литература во соработка со Британската амбасада во Скопје. Авторката и раководителка на проектот, Ана Јовковска, вели […]

Советот на ЈО ќе објави оглас за избор на обвинители во повеќе ОЈО, но не и за скопското


Советот на јавни обвинители на денешната 75. седница донесе одлука за распишување оглас за избор на вкупно 31 јавен обвинител во повеќе основни јавни обвинителства низ земјава. На конечната листа на Академијата за судии и јавни обвинители, од седмата генерација, има 28 кандидати за јавни обвинители, кои положиле и ќе можат да се пријавата на […]

Стопанска комора бара одговорност за доцнењето на инфраструктурните проекти


  Стопанската комора на Северна Македонија бара одговорност од Владата за доцнењето и ненавремената реализација на инфраструктурните проекти. Како што беше речено денеска на прес-конференција, за бавната динамика предупредил и Заводот за ревизија. Според Комората, стопанството сака брза и ефикасна реализација, во одреден, дефиниран временски период. Не треба да се одобруваат инвестиции во непродуктивни проекти, […]

„Арс Ламина” донираше 1000 книги за училиштата во Карпош


Издавачката куќа „Арс Ламина” донираше по 100 книги за десетте основни училишта во Општина Карпош. Во рамки на кампањата „Читањето е супермоќ”, која е поддржана и од Филозофскиот факултет во Скопје и здружението за дислексија „Ајнштајн”, денеска во просториите на ООУ ,,Лазо Трповски” се одржа презентација која има за цел да се збогати библиотечниот фонд […]

БДП со раст од 0,6 проценти во четвртиот квартал лани


Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за четвртото тримесечје од 2022 година е 0.6  проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.   Во четвртото тримесечје од 2022 година, најголем пораст е забележан во секторите – Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и […]

Од отпад до уметнички дела, започнува конкурсот „Треш фор арт“


Да му се даде нов живот на отпадот и да се пријават уметнички дела на наградниот конкурс „Треш фор арт“ (Trash for Art), повикува организаторот. Конкурсот е отворен и за возрасни и за деца. – Пријавените дела ќе се натпреваруваат во три категории. Градинки, основни училишта, како и поединци и други организации. За секоја од […]

Недостасуваат инспектори за домување во општините


Министерството за транспорт и врски во соработка со Регулаторната комисија за домување работи на измена и дополнување на Законот за домување. Очекувањата се до мај годинава Законот да влезе во владина процедура, а потоа да биде усвоен од страна на Собранието. -Кога се соочивме со проблематиката дека одредени работи во Законот за домување не биле […]