Ѓоковиќ го победи Хуркач и се пласира во полуфиналето во Дубаи


ОАЕ– Актуелниот број еден во светскиот тенис, Новак Ѓоковиќ без преголема мака и по два сета го победи Хуберт Хуркач за пласман во полуфиналето на Мастерс 500 во Дубаи, откако славеше со 6-3, 7-5.

Не минал Ѓоковиќ лесно како во минатото коло со Грикспор, но не се мачеше ни на стартот како со Махач, па Србинот имаше само добар тест против 11-то рангираниот Хуркач и во 80 минути со нешто потешка задача во вториот сет дојде на чекор до ново финале.

Ѓоковиќ со одличниот сервис не му дозволи на Хуркач ни една шанса за брејк, но и противникот не се предаваше така лесно, па од трета брејк шанса Ѓоковиќ дојде до брејк во првиот, а од петта шанса во вториот сет после егалот 5-5 за да ја запише 15-та победа сезонава.

Противник во полуфиналето ќе му биде Борна Чориќ или Данил Медведев.