Пекарите ќе мора да произведуваат леб со замрзната цена, најмалку 80 отсто во однос на декември

Производителите на леб ќе имаат обврска да го произведуваат и да го ставаaт во промет лебот со замрзната цена, во количина од најмалку 80 отсто од производството во декември 2022 година


 

Министерот за економија Крешник Бектеши од аеродромот во Загреб, Хрватска, на пат за Скопје се огласи на својот фејсбук профил и ја објави новата одлука со која производителите на леб имаат обврска да го произведуваат и да го ставаaт во промет лебот со замрзната цена. Одлуката е со денешен датум и ја има потпишано првиот заминик на Владата Артан Груби.

-Одлука за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед, со која производителите на леб ќе имаат обврска да го произведуваат и да го ставаaт во промет лебот со замрзната цена, во количина од најмалку 80 отсто од производството на овој леб во месец декември 2022 година.

Бектеши на ФБ: Производителите на леб имаат обврска да го произведуваат и да го стават во промет лебот со замрзната цена

 

Трговците на мало кои продаваат леб, имаат обврска во структурата на дневната набавка на сите видови леб, да имаат најмалку 80 отсто од лебот со замрзнатата цена, се наведува меѓу другото во текстот на одлуката што денеска е донесена и објавена во Службен весник.