Десет романи во трка за „Роман на годината“
Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2022 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вреднисти „Славко Јаневски“, во состав: Симона Јованоска (минатогодишен лауреатка и претседателка на Комисијата), Гоце Ристовски, Илир Ајдини, Сашо Кокаланов и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата „Славко Јаневски“), во втората селекција одбра десет романи што останаа во конкуренција за оваа престижна награда.
На годинашниот конкурс пристигнаа дури 35 романи. Жири-комисијата во првата селекција одбра 19 наслови, а сега списокот го стесни на девет романи. Според пропозициите, насловот на наградениот роман и името на авторот ќе бидат соопштени на прес-конференција на 15 март.
Наградата „Роман на годината“ годинава ќе се врачи по 24 пат. Наградата, чиј генерален покровител е Комерцијална банка АД Скопје, се состои во паричен износ од 150.000 денари, плакета и оригинална статуетка.
Втора селекција на жирито за наградата на „Роман на годината“ за 2022
- „Водни тела“, Ана Аврамовска, „Паблишер“
- 2. „Папокот на светлината“, Венко Андоновски, „Три“
- 3. „Писмо за Глорија“, Живко Грозданоски, „Или Или“
- „Анатрос“, Хари Кацановски, „Арс Либрис“
- „Времето пред приказната“, Митко Маџунков, „Три“
6.„Нема шума без волци“, Велко Неделковски, „Пагома Прес“
- „Столб што пее“, Томислав Османли, „ВиГ Зеница“
- „Синовите на Адам“, Михајло Свидерски, „Восток“
- „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“, Влада Урошевиќ,„Арс Либрис“
- „Естом“, Николина Андова Шопова, „Или Или“