Мафијаши поради политика ја изрешетаа продавницата на дедото на Меси, за Лео оставија порака


  Мафијаши вчера наутро, ја изрешетале продавницата на дедото на фудбалерот Лионел Меси, односно татко на неговата соопруга, а мотивот најверојатно е политички. Полицијата во Росарио, родното место на Лео меси, во четвртокот во утринските часови добила повик за пукање пред продавницата чиј сопственик е Хорхе Рокузо, таткото на Антонела, сопругата на Меси. Двајца мафијаши […]

Во САД повторно предложен законот за укинување на сезонско сметање на времето


САД – Група од 12 американски сенатори повторно предложи закон со кој летното сметање на времето во САД ќе остане трајно. Британските медиуми пренесуваат дека во март 2022 година, Сенатот едногласно изгласа во САД да заврши менувањето на часовникот двапати годишно. Меѓутоа, законот не успеа да помине на гласањето во Претставничкиот дом бидејќи конгресмените не […]

Качински: Нема преговори додека 20 отсто од Украина е под руска окупација


  Лидерот на полската владејачка конзервативна партија Право и Правда, Јарослав Качински, предупреди дека не може да има мировни преговори се додека Русија окупира 20 отсто од територијата на Украина и дека поставувањето какви било услови за Украина значи само помагање на Русија. „Русија окупира 20 отсто од територијата на Украина и Украинците не можат […]

„Ова ќе го паметам цел живот“. Моника Црнокрак од Скопје е мис фотогеничност на Европа


Во Бејрут, Либан се одржа изборот за Мис на Европа за 2023г. Нашата држава ја претставуваше  Моника Црнокрак од Скопје која ја освои титулата Мис Фотогеничност (Miss Photogenic), во конкуренција на 35 девојки од исто толку европски држави. Победничка, односно Мис на Европа за 2023 е претставничката на Италија, а прва придружничка е убавицата од […]

Рајдер: САД не обезбедуваат опрема и разузнавање за Украина да напаѓа на територијата на Русија 


  Војската на САД не обезбедува ресурси за Украина да изведува напади надвор од нејзината територија, изјави синоќа портпаролот на Пентагон, бригадниот генерал Пат Рајдер.  -Можам да кажам дефинитивно дека идејата ние да обезбедуваме резузнавање или инфомации на Украинците за тие да таргетираат локации внатре во Русија е бесмислица, изјави тој откако беше прашан за […]

„Суперхикс“ слави 30 години постоење: Следната година голем концерт


Некаде на крајот на 1993 година, од страна на тројца скопски другари била формирана групата Суперхикс. Сепак, за официјален датум по кој се води “роденденот“ на групата е земен 03.03.1994година, денот кога Суперхикс во трио формација го имале својот прв настап во тогашниот дебармаалски клуб The Doors. Сето останато е речиси тридецениска музичка историја полна […]

„За сите посебни дами во вашиот живот“ – Осмомартовски базар во Скопје сити мол


Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, од 4-ти до 8-ми март, Скопје Сити Мол организира голем осмомартовски базар „За сите посебни дами во вашиот живот“. Билјана Тодороска – BRILLO, Јulie Decoupage, Esoapery, ЕКО восочна обвивка, Елена Ристовска, Small piece of joy, Filigree LARGO, Glow Natural, Котев Ксенија, LaSoy, Маја Донева, Марта Пејоска, Coral Jewelry, Morpho, Unique Corner, Карло Хорват, Шарено Ќоше, М&М LUXURY SOAP BOUQUET, Блумен и Арт […]

„Мајчинство“ – Национална галерија ја слави жената со изложба во Чифте амам


На самиот почеток од 20 век, интензивните социјалистички движења меѓу останатото ја поддржуваа борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Повеќе од половина век борба за родова еднаквост ја произведе Одлуката на Обединетите нации од 1975 година, 8 март да биде прогласен за Меѓународен ден на жената. Меѓународниот ден на жената – светскиот празник 8 Март оттогаш […]

Русите го урнале клучниот мост во Бахмут


Руските сили во текот на ноќта го кренаа во воздух клучниот мост кој гого поврзува опколениот град Бахмут на истокот на Украина со блиското село Хромово, соопшти украинската полиција. Во полицијата во градот Константинивка за Си-Ен изразија надеж дека мостот ќе се санира во наредните денови, затоа што е витална артерија за извлекување на цивили […]

Пекарите ќе го соопштат ставот по одлуката дека се обврзани да произведуваат и испорачуваат леб


Во текот на денов се очекува да биде соопштен ставот на пекарите по синоќешната Одлука за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед, со која производителите на леб се обвзуваат да го произведуваат и да го ставаaт во промет лебот со замрзната […]

Како трката по субвенции доведе до криза со лебот


Владата им наложи на пекарите да продаваат леб по замрзната цена и да произведуваат најмалку 80 отсто бел и полубел леб во однос на количеството производено во декември лани. Ваквиот експресен потег беше очекуван, откако минатите два дена рафтовите за леб во повеќето продавници осамнаа празни, по радикалната реакција на компаниите од мелничко-пекарската индустрија да […]

Украина нареди делумна евакуација на жителите на Купјанск, во регионот на Харков


Украина вчера им нареди евакуација на ранливите категории жители на градот Купјанск, на североисточното воиште, каде има напредување на руските сили, соопшти воената администрација. „Во општина Купјанск почна задолжителна евакуација на семејствата со деца и жителите со намалена подвижност поради континуираното бомбардирање на територијата од руските сили“, соопшти воената управа на регионот Харков. Гувернерот на […]

Угледен адвокат од САД ги убил сопругата и син му поради своите финансиски злоупотреби


Поротата во Јужна Каролина (САД) вчера го прогласи поранешниот угледен адвокат Ричард А. Мардо за виновен за убиството на неговите сопруга и син, по шестнеделните сослушувања што го привлекоа вниманието на јавноста ширум земјата. По тричасовно заседавање, 12-члената порота го прогласи Мардо (54) за виновен за убиство на Меги (52) и Пол (22), кои биле […]

Одрони на патот Делчево – Пехчево – Берово


Поради обилните врнежи од дожд кои го зафатија Пијанечко-малешевскиот регион вчера, а продолжија и денеска, утрово има нови одрони на регионалниот патен правец Делчево – Пехчево – Берово. Одрони во моментот се забележливи кај делницата во село Тработивиште, како и на други места долж овој патен правец. Од подружницата на ЈП ,,Македонија пат” во Делчево […]

Прокисна покривот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје


Прокисна покривот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. На социјалните мрежи беше објавено видео од „Студентска револуција“ на кое се гледа дека поради дождовите вчера прокисна покривот на факултетот.

Прекинато водоснабдување во МНР и околни објекти поради дефект


Прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на МНР, А1 и објектот во кој е сместена Финансиска полиција. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ –  Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато во 8.30 часот поради уличен дефект Ф-150 мм на ул. „Филип Втори“ бб (пред МНР). Прекинот ќе трае до отстранување на дефектот.

Богоев: Очекувам процесот за уставни измени во Собранието да почне пред летото


    Уставните измени се важни за членството во ЕУ кое значи бројни придобивки за граѓаните и државата, потенцираше потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во интервју за емисијата „Патот кон“ на Алсат М телевизија.   -Членство во ЕУ значи повеќе пари во државата, повеќе инвестиции, повеќе работни места, поголем извоз на фирмите кои произведуваат тука […]

Против Доналд Трамп може да се поднесуваат граѓански тужби за неговата улога во нападот врз Капитол


САД– Американското Министерство за правда, во официјален документ денеска наведе дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп може да биде тужен во граѓанска постапка од жртвите на нападот на Капитол и не може да се крие зад неговиот претседателски имунитет. Полицајците и членовите на Конгресот бараат отштета од Трамп, кого го обвинуваат дека ги охрабрувал неговите […]

По дојавите за бомби во училиштата, од денеска нови насоки за безбедноста на учениците и наставата


И во текот на вчерашниот ден повеќе средни и основни училишта во Скопје добија дојави за бомби, за кои МВР подоцна соопшти дека по извршените проверки сите биле лажни. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири изјави дека очекува Владата во најбрз можен рок да ги дискутира новите проблеми кои произлегоа од дојавите за бомби. […]

Одбележување на Светскиот ден на дивиот свет во Јуроп хаус Скопје


Евроамбасадорот Дејвид Гир и министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова денеска во Јуроп хаус Скопје ќе го одбележат Светскиот ден на дивиот свет и 50-годишнината од Конвенцијата на Меѓународна трговија со загрозени видови на дива фауна и флора. Светскиот ден на дивиот свет се одбележува секој 3 март за да ги слави сите […]