Мафијаши поради политика ја изрешетаа продавницата на дедото на Меси, за Лео оставија порака


 

Мафијаши вчера наутро, ја изрешетале продавницата на дедото на фудбалерот Лионел Меси, односно татко на неговата соопруга, а мотивот најверојатно е политички.

Полицијата во Росарио, родното место на Лео меси, во четвртокот во утринските часови добила повик за пукање пред продавницата чиј сопственик е Хорхе Рокузо, таткото на Антонела, сопругата на Меси.

Двајца мафијаши испукале 14 куршуми во излозите на продавницата, а потоа побегнале на мотор.

Продавницата ја отворија бабата на Антонела Рокузо Едувигес во осумдесеттите години од минатиот век, а потоа семејниот бизнис го наследил Хорхе Рокузо, татко на сопругата на Меси, Антонела.

По нападот во рок од неколку часа, продавницата продолжила со работа.

По пукањето никој од семејството Рокузо не излезе во јавност, а мајката на Меси, Селија Кучитини рече дека не барале заштита од полицијата и покрај тоа што била оставена закана за Меси на местото каде пукале.

„Меси, те чекаме. Јавкин е наркоман, тој нема да те заштити“, стои во пораката која напажачите ја оставиле пред продавницата.

Пабло јавкин, инаку е градоначалник на Росарио кој ја истакна својата загриженост затоа што се сомнева дека продавницата била нападната за нему да му пратат порака.

„Ова е толку подмолно, дури и за мафијаши“, рече Јавкин кој наскоро треба да учествува на избори за градоначалник на еден од градовите каде наркопазарот е еден од најразвиените во Аргентина.

Само до февруари годинава во Росарио се случија 50 убиства поврзани со мафијашки групи.