Промовирана книгата „Крсте Петков Мисирков – македонскиот меѓник“ на Свето Стаменов


Книгата „Крсте Петков Мисирков – македонскиот меѓник“, прво и второ изменето и дополнето издание, на македонскиот публицист, политиколог и новинар на Македонското радио – Радио Скопје, Свето Стаменов денеска беше промовирана, во чест на 70-годишнината од формирањето на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, но и 120-годишнината од излегувањето на книгата „За македонцките […]

Дебарската болница за прв пат доби мамограф


Министерот за здравство Беким Сали денеска ја посети Општата болница со проширена дејност во Дебар, која со здравствена услуги ја покрива и општина Центар Жупа.   -Денеска сме во посета на болницата во Дебар со цел да го предадеме во употреба апаратот-мамограф. Редовно комуницираме со здравствените установи кои не информираат што им недостига, за подобра здравствена […]

Спортските обложувалници се жалат до Делегацијата на ЕУ


  Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) денес испрати писмо до Делегацијата на Европската Унија во земјава со цел да ја изрази својата загриженост за неодамнешната одлука на Владата да предложи нов закон за индустријата за игри на среќа во скратена постапка под знамето на ЕУ. „Длабоко сме загрижени дека оваа одлука нема правна […]

Повторно евакуација во 18 основни и средни училишта во Скопје


Децета од ООУ „Лазо Ангеловски“, како и целиот персонал во училиштето, денеска повторно се евакуирани по дојава за поставена бомба во објектот на училиштето. Евакуирано е ООУ „Александар Македонски“ во Реонски центар Аеродром. Родителите се револитрани. Коментираат дека најдобро е да дадат отказ од работа, за да можат да си ги земаат децата секојпат кога […]

Ковачевски со амбасадорите на земјите-членки на ЕУ: Предвремени избори не се опција


Премиерот Димитар Ковачевски денеска имаше состанок со шефот на Делегацијата на Европската унија, Дејвид Гир и со амбасадори на земји членки на Европската унија, на која се расправаше за европскиот пат на Македонија. Според соопштението на владината прес-служба се работи за редовен годишен состанок со резидентни амбасадори, на којшто присуствуваа и повеќе министри. Во соопштението […]

Австралија и Нов Зеланд се најдобрите места за преживување во случај на нуклеарна апокалипса


Англија- Австралија и Нов Зеланд се најдобрите места за преживување во случај на нуклеарна апокалипса, покажува најновото истражување објавено во научното списание Risk Analysis. Ова е утврдено врз основа на нивната локација, како и способноста за производство на доволни количини храна и енергија, пренесува Гардијан. Освен тие две земји, на листата поволни места за опстанок […]

Стоечки овации за Зеленски во Европскиот парламент


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати искрен апел неговата земја да стане дел од Европската унија за време на обраќањето до пратениците на Европскиот парламент. „Ова е нашата Европа, ова се нашите правила, ова е нашиот начин на живот. А за Украина, тоа е пат кон дома, пат до нејзиниот дом“, рече Зеленски, повикувајќи се […]

Сергеј Трифуновиќ со лекција по „однесување во театар“ во Риека


Хрватска– Во театарот во Риека, Хрватска, при изведба на претставата „Ѕвезден воз“ на Белградскиот театар, со Воислав Брајовиќ и Сергеј Трифуновиќ во главните улоги, се случил своевиден „несакан настан“ меѓу глумците и публиката, пишува „Вечерњи лист“. Имено, посетители раскажуваат како Трифуновиќ се шетал на сцената, на моменти видно изнервиран, а едно момче го сликало и снимало […]

Булингот треба да биде дел од Законот за средно образование


Врсничкото насилство да биде дел од Законот за средно образование побараа пратениците од Клубот за младински прашања и политики во Собранието на средбата со Министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Координаторката на Клубот, Моника Зајкова појаснува дека како пратениците до Министерство за образование и наука ги доставиле предлог решенијата од средношколците кои се однесуваат […]

Земјотрес во Албанија се почувствува во Охрид и во Преспа


Телеметриската сеизмолошка мрежа, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 09.10.2022 година регистрираше земјотрес 130 km југозападно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Елбасан, Р. Албанија. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 11 часот и 57 минути […]

Роџер Вотерс од „Пинк Флојд“ во Советот на безбедност повика на примирје во Украина


  Музичарот, коосновач и поранешен лидер на прославената рок-група „Пинк Флојд“, Роџер Вотерс, зборуваше на состанокот на Советот за безбедност на ОН на 8 февруари, говорејќи на тема руската инвазија на Украина. Снимка од неговиот говор (и на англиски и на руски) е достапна на веб-страницата на ОН. „Инвазијата на Руската Федерација во Украина е […]

Борис Џонсон заработува милиони како говорник


Англија – Поранешниот британски премиер Борис Џонсон пријавил аванс од околу 2,82 милиони евра за ангажмани како говорник договорени преку агенцијата Хари Вокер, објави денеска Тајмс. Според регистарот на финансиски интереси на пратениците, поранешниот премиер ја добил исплатата на 3 јануари како аванс за ангажманите како говорник, а претходно пријавил нешто помалку од 2,03 милиони […]

Донација од Здружението на жени менаџерки „Елит“ на пунктот за бездомници „Момин Поток“


 Храна за 75 бездомници, топла облека, витамини, прекривки, постелнини, чаршафи, вреќи за спиење, перници, средства за лична хигиена, лекови за наредните два месеца, донираше Здружението на жени менаџерки „Елит“ во пунктот за бездомници „Момин Поток“.   -Секоја подадена рака значи почит и достоинство кон секој човек, затоа што само човек со достоинство е човек, порача претседателката на […]

Повторно во погон сите капацитети на АД ЕСМ


  „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) соопшти дека Блок 1 во РЕК „Битола“ и ТЕЦ „Осломеј“ во текот на вчерашниот ден се вратени на мрежа и непречено произведуваат електрична енергија. Блоковите беа подложени на краткотрајни санации по воочени слабости во текот на производниот процес од страна на стручните служби и истите беа навремено отстранети, посочија […]

„Вечното танго“ – мултимедијална изложба инспирирана од Пјацола во Скопје


Изложбата со наслов „Вечното танго“ ќе биде отворена на 12 февруари (недела), во 19.30 часот, во галеријата „КО-РА“, во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје. Оваа традиционална мултимедијална изложба е инспирирана од делата на Астор Пјацола и од т.н. „златен период на тангото“. – Тангото останува моќна поврзница помеѓу културите, народите, ентитетите, уметностите низ […]

До недела сончево и студено, од понеделник пораст на температурите


Во следните два дена ќе се задржи претежно сончево време со ниски утрински температури, кои во сабота ќе се спуштат и до -13 степени. Во недела ќе има зголемување на облачноста и услови за провејување на слаб снег на планините и на повисоките места. Од понеделник времето ќе биде стабилно со пораст на утринските и […]

Сабато де Сарно го наследува Александро Микеле во „Гучи“


Италија- Керинг и Гучи официјално објавија – Сабато де Сарно е новиот дизајнер кој ќе го преземе кормилото на модната куќа Гучи и ќе ја однесе во нов правец, веројатно колку што е можно подалеку од барокниот максимализам кој до неодамна го водеше дизајнерот Алесандро Микеле . Роден во Неапол, Сарно е моден ветеран со […]

Во СДСМ седници на Централниот и на Извршниот одбор, Мицкоски и Гаши имале куртоазна средба


Седници денеска ќе одржат Извршниот одбор и Централниот одбор на СДСМ на кои се очекува претседателот на партијата и премиер Димитар Ковачевски да го презентира исходот од разговорите со Алијанса за Албанците за приклучување кон владејачката коалиција, како и понудата до актуелниот коалициски партнер Алтернатива со чиј лидер Африм Гаши вчера имаше средба. Извршниот одбор […]

Радев: Бугарија ќе стави вето во ЕУ ако има санкции за нуклеарното гориво на Русија


  Бугарија ќе стави вето доколку Европската унија гласа за нов пакет санкции против Русија кои влијаат на нуклеарното гориво. Ова го соопшти претседателот Румен Радев пред новинарите вонредниот самит шефовите на држави и влади на земјите членки на Европската унија во Брисел. Најважните моменти на самитот ќе бидат војната на Русија против Украина, економската […]