Повторно евакуација во 18 основни и средни училишта во Скопје


Децета од ООУ „Лазо Ангеловски“, како и целиот персонал во училиштето, денеска повторно се евакуирани по дојава за поставена бомба во објектот на училиштето. Евакуирано е ООУ „Александар Македонски“ во Реонски центар Аеродром.

Родителите се револитрани. Коментираат дека најдобро е да дадат отказ од работа, за да можат да си ги земаат децата секојпат кога ќе има дојава за бомба. 

– Денеска (09.02.2023) до 13.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на 18 основни и средни училишта на подрачјето на Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.
Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот – велат од МВР.

Вчера беа евакуирани 16 средни училишта, како и трговски центри, МРТВ, Транспортен центар и кулите „Џевахир“.

Ден пред тоа, евакуирани беа 38 основни и 9 средни училишта. 

Во последните дојави за бомби, од повеќе извори се дознава дека мејловите пристигнуваат од адреса „бугарска револуција“. 

Дел од наставниците, но и родители, на социјалните медиуми реагираат државата да си ги среди односите со соседна Бугарија, а тоа да не се прави на грбот на учениците.