Експлодира гасоводот што ја поврзува Литванија со Летонија


Гасоводот што ја поврзува Литванија со Летонија експлодирал во областа Пасвалски во Литванија, а според првичните информации нема повредени, јави порталот ЛРТ, повикувајќи се на полицијата. Во 16 часот и 57 минути, окружната полиција на Паневезис пријавила експлозија на гасовод во улицата Јонишкеле во селото Виенкиемиу. Според прелиминарните податоци, нема жртви, се наведува во соопштението, […]

Протест на здруженијата за заштита на животните: Институциите да работат на проблемот со бездомните животни (фото)


  Здруженија за заштита на животните и бројни активисти денеска протестираа пред Владата по повод последниот настан што се случи во Струга, каде беа убиени десетина кучиња скитници. Тие бараат од институциите да работат на проблемот со бездомните животни во интерес на заштита на животните, но и на луѓето. – Ние не сакаме да има напади […]

Џејми Ли Кертис ги пропушта филмските награди заради Ковид


САД- Џејми Ли Кертис во петокот откри дека има Ковид. Тоа значи дека таа мора да пропушти неколку планиранигала настани, вклучувајќи го и денешниот ручек на наградите AFI и неделните награди по избор на критичарите. Кертис во вторникот присуствуваше на Златните глобуси, каде што беше номинирана за  споредна женска улога во Everything Everywhere. Таа е […]

Скопјанец паднал по скали од објект во изградба и починал на место


Шеесет и четиригодишен маж од Скопјанец паднал по скали од објект и починал на лице место. Според пријавеното, Д.Н. вчера бил во посета кај сопственикот на објектот во изградба на улицата „Илија Димовски Гоче“ во Скопје, со кого биле во роднински врски и додека се симнувал по скалите паднал и од здобиените повреди починал на […]

Бекер: Ѓоковиќ во Род Лејвер се чувствува како во дневна соба 


Англија – Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, германската легенда Борис Бекер, изјави дека српскиот тенисер е главен кандидат за титулата на првиот грен – слем сезонава, Австралија опен, кој почнува в понеделник во Мелбурн.  „Арената Род Лејвер е неговата дневна соба, таму се чувствува најкомфорно. Таму ја освои титулата девет пати. Неодамна триумфираше и на подготвителниот турнир […]

Лазаров пред Норвешка: Во спортот треба да веруваш во невозможното


Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, пред вечерашниот дуел со големиот фаворит Норвешка, рече дека во спортот се случуваат изненадувања и побара поддршка за „црвено-жолтите“ без разлика на конечниот резултат. – Во спортот секогаш треба да веруваш во нешто невозможно. Ние сме во ситуација да нема што да изгубиме, а да можеме многу да […]

Не е точно дека не сме го поддржале Вевчанскиот карневал, велат од Министерство за култура


Од Министерство за култура велат дека се неточни изјавите од организаторите на Вевчанскиот карневал дека Министерството не ја поддржало манифестацијата за оваа година. -Во тек е одлучувањето по Годишните конкурси на Минстерството за култура, а резултатите ќе бидат објавени согласно законските норми, во рок од 45 дена по донесување на Буџетот. Во таа смисла неточни […]

Платата на директорот на „Епл“ намалена за повеќе од 40 отсто


„Епл“ ќе ја намали годишната плата на извршниот директор Тим Кук за повеќе од 40 отсто, се вели во документот на компанијата објавен од американската Комисија за хартии од вредност (SEC). Технолошкиот гигант вели дека Кук побарал кратења по критиките од акционерите, објави денеска Би-би-си. Комитетот за компензација на компанијата му додели на Кук вкупна […]

Убавините на Охрид дел од репортажа на грчката национална телевизија ЕРТ


  Репортажа со убавините и туристичките потенцијали на Охрид беше емитувана на националната телевизија ЕРТ во Грција во рамките на серијалот „Балкан Експрес“. – Преку квалитетна видео содржина, која беше снимена во текот на минатото лето, во репортажата се зборува за Охридското Езеро како најдлабокото и геолошки најстарото езеро во Европа, за манастирот Свети Наум, […]

Блумберг: Кина може да стане клучен извозник на дизел во Европа


  Кина би можела да стане клучен извозник на дизел во Европа поради санкциите наметнати од западните земји за руското гориво, пишува Блумберг. Според извештаите, Кина го зголемила извозот на дизел во последните месеци, од кои дел се испраќа во Европа. „Кинескиот извоз на дизел би можел да биде помеѓу 400.000 и 600.000 барели дневно […]

Гринпис бара од ЕУ забрана за приватни авиони пред состанокот во Давос


  Гринпис повика на забрана за летови со приватни авиони кои емитуваат јаглерод непосредно пред годишниот Светски економски форум во Давос, на кој се собира светската деловна и политичка елита. Комисијата на ЕУ треба да го отвори патот за таква регулатива во сегашната ревизија на Регулативата за воздушниот сообраќај, соопшти денеска еколошката организација. Бројот на летови на кратки релации […]

Објавена меѓународна потерница по Мемети Беким, кој пукал во затворски полицаец и избега од КПУ Идризово


   Министерството за внатрешни работи објави меѓународна потерница за Мемети Беким, кој синоќа додека бил пренесуван во болница пукал во затворски полицаец и побегнал. – Мемети Беким род.30.01.1986 год. во Тетово, каде и живее на ул.„115“ бр.8, кој се бара за бегство од КПУ Идризово за сторено кривично дело по чл. 123, чл.396 и чл.215 […]

Притвореник си ја сошил устата во босански затвор


Милан Матковиќ, од Нови Сад, како и некои други лица кои по наредба на Обвинителството на БиХ беа уапсени за трговија со дрога, започнаа штрајк со глад додека беа во притвор во Државниот затвор во Војковиќ. Во знак на протест што, како што тврдат, им се прекршени човековите права, Матковиќ утрово си ја сошил устата, […]

Извлечена жрепката за клупското СП во фудбал


  Во фудбалската академија „Мохамед VI“ во градот Сале денеска се одржа жрепката за Светското клупско првенство, кое од 1 до 11 февруари ќе се одигра во Мароко. На Светското клупско првенство во организација на ФИФА ќе настапат седум екипи, победници на најсилните континентални натпреварувања (Реал Мадрид, Фламенго, Казабланка, Сиетл, Оукленд), африканскиот вицешампион Ал Ахли […]

Германија ќе го укине носењето маски во меѓуградските возови и автобуси


Носењето маска од 2 февруари повеќе нема да биде задолжително во Германија во меѓуградскиот превоз – возови и автобуси, бидејќи ширењето на коронавирусот забавува, соопшти денеска Министерството за здравство. Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах ги повика луѓето со чувствително здравје да продолжат да користат маска врз основа на лична одлука. Според сегашниот закон за […]

(Фото) Вевчанскиот карневал во духот на традицијата – маските критички одраз кон стварноста


Вевчани и годинава не отстапи од традицијата на 13 јануари да пулсира во знакот на карневалот кој има долга 15-вековна историја. Учесниците на познатиот Вевчански карневал и овој пат за своите маски беа инспирирани од актуелните случувања во нашата земја, но и во странство. Василичарите ги покажаа своите креации упатувајќи се кон излезот на селото, […]

Шанса за Центар бара отчет од ЈП „Паркови и зеленило“


Граѓанската инцијатива и советничка листа во општина Центар „Шанса за Центар“ бара отчет и прави анализа на потрошените средства за зеленило што граѓаните ги плаќаат на ЈП „Паркови и зеленило“ преку сметките за вода. Првичните информации се фрапантни, велат оттаму. – Според податоците кои ги добивме по барања за пристап до информации од јавен карактер […]

Организација на Србите во Македонија го прогласи Ѓорѓија Пулевски за „српски родољуб“


  Во објава од 11 јануари на порталот „Срби.орг.мк“, Организацијата на Србите во Македонија „Спона“ го прогласи Ѓорѓија Пулевски за „Српски родољуб“, кој молел за помош во Белград. Истовремено, македонскиот јазик (тогаш забранет за употреба) го прогласува за дијалект (најверојатно според нив на српскиот јазик) кој подоцна станува македонски книжевен јазик. Со реакција на оваа […]

Зголемен прометот во индустријата во ноември лани


  Прометот во индустријата, вкупно, во ноември 2022 година, во однос на ноември 2021 година, се зголемил за седум проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во ноември 2022 година, во однос на ноември 2021 година, бележи пораст кај Капитални производи за 26,2 проценти и Нетрајни производи […]

Укината железничката линија Скопје-Табановце – нема машиновозачи


Жителите на Романовце и Табановце се пожалија дека повторно е укината железничката линија Скопје-Табановце, а од ЖРСМ Транспорт информираат дека причина за тоа е недостаток на машиновозачи. Граѓаните почесто го користат овој начин на сообраќај бидејќи биле зголемени цените на автобускиот превоз, па сега останува на надлежните служби да го решат проблемот. Минатото лето, исто […]