Укината железничката линија Скопје-Табановце – нема машиновозачи


Фото: Б. Грданоски

Жителите на Романовце и Табановце се пожалија дека повторно е укината железничката линија Скопје-Табановце, а од ЖРСМ Транспорт информираат дека причина за тоа е недостаток на машиновозачи.

Граѓаните почесто го користат овој начин на сообраќај бидејќи биле зголемени цените на автобускиот превоз, па сега останува на надлежните служби да го решат проблемот.

Минатото лето, исто така, имаше идентичен проблем на истата линија зашто немаше доволно машиновозачи.