Шанса за Центар бара отчет од ЈП „Паркови и зеленило“


Фото: Б. Грданоски

Граѓанската инцијатива и советничка листа во општина Центар „Шанса за Центар“ бара отчет и прави анализа на потрошените средства за зеленило што граѓаните ги плаќаат на ЈП „Паркови и зеленило“ преку сметките за вода.

Првичните информации се фрапантни, велат оттаму.

– Според податоците кои ги добивме по барања за пристап до информации од јавен карактер произлегува дека граѓаните и корисниците од Центар за одржување на градското зеленило преку сметките за вода плаќале во просек по над 13 милиони денари годишно (според ставките за 2019, 2020 и 2021 година), а извршените работи (според годишните извештаи на ЈП Паркови и зеленило) за таа намена со години не надминуваат 3,5 милиони денари. Секако дека јавното претпријатие има други трошоци за да функционира, но ќе бараме отчет за трошоците за граѓаните да имаат увид каде точно завршуваат нивните пари за кои добиваат драстично помалку услуга и јавно зеленило кое пропаѓа, велат од „Шанса за Центар“.