Организација на Србите во Македонија го прогласи Ѓорѓија Пулевски за „српски родољуб“
Во објава од 11 јануари на порталот „Срби.орг.мк“, Организацијата на Србите во Македонија „Спона“ го прогласи Ѓорѓија Пулевски за „Српски родољуб“, кој молел за помош во Белград. Истовремено, македонскиот јазик (тогаш забранет за употреба) го прогласува за дијалект (најверојатно според нив на српскиот јазик) кој подоцна станува македонски книжевен јазик.
Со реакција на оваа објава преку соопштение за јавност се јави и месната заедница Галичник, која во името на секој галичанец и секој Македонец сака да изрази сериозен протест за дрската и навредливата објава на Организацијата на Србите во Македонија Спона, која се однесува на великанот Ѓорѓија Пулевски.
Грабањето и крадењето на македонскиот национален идентитет со векови е „спорт“ кој го практикувале нашите соседи, а особено кога се работи за нешто што потекнува од центарот на македонската култура, уметност и столб на македонскиот национален идентитет – Галичник, пишува „Цивилмедиа“.