Сообраќајот умерен по суви коловози, без подолги задржување на граничните премини


  Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат утринава од АМСМ. Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и […]

Го пречекале на Партизанска: Приведен крадец осуден на казна затвор од две години и осум месеци


  Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје вчера во 16:05 часот на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје го лишиле од слобода Б. Р. (52) од Скопје, осуден на казна затвор од две години и осум месеци. – Тој бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување […]

Се реконструира родната куќа на Хитлер: Цената на пренамената скокна за 11 милиони евра


  Обемната пренамена на родната куќа и првиот дом на Адолф Хитлер во градот на австриско-германската граница се очекува да чини речиси двојно повеќе од првично планираното, објави во петокот австриското министерство. Празната зграда во Браунау ам Ин, родната куќа и првиот дом на Адолф Хитлер, ќе и биде ставена на располагање на австриската полиција. […]

14 јануари во историјата – Континенталниот конгрес го ратификува Договорот од Париз, ставајќи крај на Американската револуција


  На 14 јануари 1784 година, Континенталниот конгрес го ратификува Договорот од Париз, со што заврши американската војна за независност. Во документот, кој беше познат како Вториот договор од Париз, бидејќи Договорот од Париз беше и името на договорот со кој заврши Седумгодишната војна во 1763 година, Велика Британија официјално се согласи да ја признае […]

„Тоа беа опасни времиња“: Како се печатеа првите македонски пари


  Приказната за македонските официјални пари како валута е повеќеслојна. Многузначајна, проткаена со желбата да ѝ се помогне на државата што се осамостојуваше во почетокот на 90-тите години од минатиот век. Како се печатеа првите македонски пари? Фасцинантна е приказната за печатењето на парите во Прилеп. Зошто македонската валута почна да се печати во прилепската […]

Иран погуби човек за кој тврди дека е поврзан со смртта на нуклеарен научник


  Иран го обеси британско-иранскиот државјанин Алиреза Акбари, објави денеска новинската агенција Мизан, откако го осуди на смрт под обвинение дека шпионирал за Велика Британија. Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли во петокот рече дека Иран не смее да го погуби Акбари, поранешен заменик министер за одбрана на Иран. Велика Британија ја опиша смртната […]

По речиси три години РЕК Битола работи со максимален капацитет, во функција трите  блока


  Најголемиот енергетски капацитет во земјава РЕК Битола после речиси три години првпат работи со трите  блока. Неодамна заврши монтажата на трансформаторот на третиот блок што го изработи турската компанија „Астор“, тој е приклучен на мрежа и произведува електрична енергија. Непречено работат и останатите термопостројки во земјава РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино и ЕСМ енергетика, како […]

Со палење на маските и василичарско оро завршува Вевчанскиот карневал


  Со традиционалното василичарско оро и палење на маските во дворот на Мултикултурниот центар во Вевчани, попладнево ќе заврши годинашното издание на Вевчански карневал. Палењето на маските симболизира бркање на злото, а вевчанци веруваат дека прочистени ќе имаат среќна и бериќетна година. Претходно зетот, невестата, ѓаволите и глупавите Августи заедно со останатите маскирани, ќе ги […]

Променливо облачно со температура до 10 степени


Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне со повремен локалeн слаб дожд, а на некои повисоки места и на планините слаб снег, претежно во северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени. Во […]

Оперската елита со гала концерт за Василица- паричка за среќа и популарни арии  


Вечерва на Стара нова година во НОБ некому му се падна лепче со паричка, а за друг беше музички празник на вториот традиционален Василичарски концерт со највпечатливите арии, дуети и хорски делници од светски познатите оперски дела од композиторите: Пучини, Верди, Џордано, де Либ, Штраус – помладиот… Оперската елита, ретко збрана во ваков состав, вечер […]

Поскапиот увоз ја чинел германската економија 110 милијарди евра


  Германската економија порасна минатата година, но во исто време увезува драматично поскапа енергија и полупроизводи, па реалниот приход падна за 0,7 отсто, објави во петокот економскиот институт Ифо. Во 2022 година, Германија заврши со раст на бруто домашниот производ од 1,9 отсто, но „поголем дел од тој колач отиде во странство, преку поскап увоз“, […]

СП 2023: Норвешка пресилна за македонските ракометари


  Големиот фаворит Норвешка не дозволи изненадување и ја совлада македонската репрезентација со 39:27 во првото коло Ф-групата на Светското ракометно првенство 2023. На натпреварот одигран вечерва во „Таурон арена“ во Краков победникот беше познат уште по првото полувреме. Отпорот на избраниците на селекторот Кирил Лазаров траеше дваесетина минути, а потоа норвешките ракометари со серија […]

Украина е егзистенцијално прашање за ЕУ, вели премиерот на Шведска


  Победата на Украина, која беше нападната од Русија, е егзистенцијално прашање за Европа и за ЕУ ​​нема поголем приоритет од тоа, изјави денеска Улф Кристерсон, премиер на Шведска, која го презеде претседавањето со ЕУ на 1 јануари. – Украинската победа има егзистенцијално значење за Европа, нема поголем приоритет од Украина. Судбината на Украина е […]

Мали сипаници во Србија, заболеле шестмина невакцинирани


  Во Србија се појавија мали сипаници и затоа е зајакнат епидемиолошкиот надзор. Сипаници се потврдени кај шест лица од Смедерево, соопшти белградскиот Институт за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“. Станува збор за пет невакцинирани, помлади од две години, кои се хоспитализирани и едно 47-годишно лице чиј статус на вакцинација не е […]

Бикнијус: Нема непосредни докази дека експлозијата на гасоводот што ги поврзува Литванија и Летонија е резултат на напад


  Извршниот директор на „Амбер Грид“, компанијата задолжена за транспорт на гас од Литванија, Немунас Бикнијус, денеска соопшти дека нема непосредни докази дека експлозијата на гасоводот што ги поврзува Литванија и Летонија е последица на напад. – Според првичната проценка, не гледаме напад како причина за експлозијата, но истрагата ќе ги вклучи сите можни опции, […]

Суспендирани командирот и четворицата полицајци кои го спроведувале Беким Мемети


  Суспендирани од работа се четворица затворски полицајци кои го спроведувале осудениот Беким Мемети од КПУ Идризово во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ и командирот кој ја издал наредбата, потврдуваат за МИА од Министерството за правда. Одлуката за суспендирањето на затворските полицајци и командирот е донесена по спроведениот вонреден надзор. Министерството за внатрешни работи денеска објави […]

Американската војска минатата година видела над 500 НЛО, но не од вонземјани


Објавен е новиот извештај на американската влада за забележани НЛО пријавени од американски војници. Новите документи откриваат дека минатата година имало стотици вакви нови случаи. Националната разузнавачка служба на САД сега знае за 510 пријавени НЛО, што е зголемување од 144 собрани во првата проценка од 2021 година, пишува Би-Би-Си. Речиси половина од новите видувања […]

Бајден на 7 февруари ќе одржи говор за состојбата на нацијата и општата политика


  Американскиот претседател Џозеф Бајден на 7 февруари пред Конгресот на САД ќе има традиционално обраќање за состојбата на нацијата и општата политика. Во согласност со традицијата, претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, републиканецот Кевин Мекарти, денеска со писмо го покани Бајден да се обрати на заедничката седница на двата дома на Конгресот. Прес […]

Зошто Соледар е важен за Русија?


  Русија во петокот соопшти дека нејзините сили го зазеле Соледар, град до рудник за сол во источна Украина, што би претставувало симболична ако не и стратешка победа за Москва по неколкумесечни неуспеси на бојното поле. Сепак, Киев го отфрли тврдењето. Преземањето на Соледар, исто така, би претставувало симболична ПР-победа за човекот што го води […]

Јокиќ и Дончиќ предводници на претендентите за МВП


Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ и натаму е лидер на кандидатите за најкорисен играч во НБА за сезоната 2022/23. Српскиот кошаркар во досегашниот дел од сезоната има просек од 24,9 поени, 11,0 скока и 9,7 асистенции. Ѕвездата на Далас маверикс, Лука Дончиќ, го истисна Џејсон Тејтум (Бостон) од второто место. Топ 10 претенденти за […]