Не е точно дека не сме го поддржале Вевчанскиот карневал, велат од Министерство за култура


Фото: Б. Грданоски

Од Министерство за култура велат дека се неточни изјавите од организаторите на Вевчанскиот карневал дека Министерството не ја поддржало манифестацијата за оваа година.

-Во тек е одлучувањето по Годишните конкурси на Минстерството за култура, а резултатите ќе бидат објавени согласно законските норми, во рок од 45 дена по донесување на Буџетот. Во таа смисла неточни се изјавите од организатрите на манифестацијата Вевчански карневал дека Министерството за култура не ја поддржало манифестацијата за оваа година, се наведува во соопштението од Министерството за култура.

Оттаму посочуваат дека одлучувањето е во тек, и, како што велат, секакво мешање во работата на стручните комисии е притисок врз нивната високопрофесионална, независна работа, која се одвива согласно законските норми.

-Во интерес на вистинито и целосно информирање на јавноста, соопштуваме дека Вевчанскиот карневал не доставил апликација минатата година, а дека пред пандемијата, во 2019 и во 2020 година е поддржуван со по 1 100 000 денари, се посочува во соопштението од Министерството за култур