Легендарната Џина Лолобриџида почина на 95 години


Италија– Актерката Џина Лолобриџида, една од најголемите ѕвезди на европската кинематографија во 1950-тите и 60-тите години, почина на 95-годишна возраст. Често опишувана како „најубавата жена на светот“, нејзините филмови  ги вклучуваат  „Леб, љубов и соништа“, „Кралот, кралицата и слугата“, „Сервантес“, „Трапез“, „Царската Венера“, „Ѕвонарот на Нотр Дам“. Таа глумеше заедно со актери како Хемфри Богарт, […]

Русија пак тврди дека не рекетира згради, таа во Днепро ја погодиле украински ракети


Кремљ денеска негираше дека руските сили погодиле станбена зграда во градот Дњепар, каде, според украинските власти, руска ракета убила најмалку 36 лица. – Руските вооружени сили не бомбардираат станбени згради, ниту цивилна инфраструктура, тие бомбардираат воени цели, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, наведувајќи дека „можно е да паднала украинска ракета за противвоздушна одбрана врз […]

Од ДУИ објаснуваат: Ахмети мислел на навредите во контактните емисии на телевизиите


  По острата реакција во јавноста од ДУИ денеска ги појаснуваат зборовите на нивниот лидер Али Ахмети „ракоплескаат Алфа, Телма, мелма… што се тие“. Според објаснувањето од ДУИ „на синоќешниот собир со граѓаните во Гостивар, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, зборуваше за недостигот на ангажман од страна на македонските политички партии со […]

Вучиќ: На припадниците на специјалните единици, плати од 200.000 динари, со прекувремена работа до 320.000 динари


Претседателот Александар Вучиќ денес по средбата во Домот на гардата на Војската на Србија во Топчидер, на која му беа презентирани резултатите од анализата на состојбата, оперативните и функционалните способности на Армијата за 2022 година, изјави дека Армијата ќе се фокусира повеќе на домашно производство на беспилотни летала и дронови во наредниот период, како и […]

(Видео) Силна бура во Франција – паѓаа дрвја, снема струја, сообраќајот во хаос


  Паднати дрвја останаа зад бурата која донесе ветришта со брзина од 100 км/ч денеска во поголемиот дел од северозападна Франција, каде во 14-тиот арондисман огласен е портокалов аларм, а во некои делови прекинато е снабдувањето со струја и нарушен е железничкиот сообраќај. Околу 75.000 потрошувачи утрвото се без струја на западот и средишните делови, […]

Ќерката на Шојгу се сончаше во Дубаи додека руски војник замрзна во Украина


Ќерка на министерот за одбрана на Русија, Димитри Шојгу, Ксенија Шојгу, викендот го  помина во базен во Дубаи, речиси во исто време кога беше објавено видео направено од дрон кое покажува еден од неговите неопремени војници се тресе и смрзнува до смрт во лисичја дупка во Украина. Ксенија Шојгу беше сместена со својот сопруг во Палатата […]

Лани реализирани речиси 90 проценти од капиталните проекти


  Лани биле реализирани речиси 90 проценти од предвидените капитални проекти, а вредноста на инвестициите на државата по тој основ во последните три години изнесува 1,1 милијарда евра. -Фактите покажуваат дека и покрај тоа што минатата година беше критична од повеќе аспекти, што оставаше сомнеж дека нема да се успее, сепак имаме реализација на капитални […]

Лов по нацистичко злато во село во Холандија


  Огорчени жители апелираа до ловците на богатство да се држат настрана откако дојдоа во холандското село Омерен барајќи богатство потенцијално вредно милиони, наводно скриено од нацистичките војници за време на Втората светска војна. Ловот беше поттикнат од стара мапа, за која се верува дека открива каде германските војници можеби закопале кутии за муниција преполни […]

Ковачевски најави смена на директорот на Управата за извршување на санкции


Премиерот Димитар Ковачевски вели дека не е задоволен од работата на Марјан Спасовски, директорот на Управата за извршување на санкции при Министерството за правда. Тој најави дека Спасовски ќе биде сменет од функцијата. -Веќе отпочнав процес на селекција на нов директор на Управата за извршување на санкции, истакна Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата. Ова […]

Бишев: Можно зголемување на каматите, забавување на инфлацијата наскоро и кај нас


  Претседателот на Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора, Глигор Бишев верува дека првите позитивни сигнали на успорување на растот на цените до кои дојде во САД и еврозоната, во претстојниот период ќе се почувствуваат и во Северна Македонија. Според Бишев, можно е натамошно зголемување на каматите со цел […]

ЗНМ: Али Ахмети не смее да етикетира медиуми


Здружението на новинарите на Македонија – ЗНМ го осудува јавното етикетирање на телевизиите Телма и Алфа од страна на претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети. Тој во своето обраќање пред присутните на партиска трибина во Гостивар, во обид да изрази незадоволство за медиумското известување во врска со партиските активности, јавно кажа дека […]

ТАВ: 2,4 милиони патници на скопскиот и охридскиот аеродром во 2022 година


ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродрома, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, бележи 70 отсто пораст во патничкиот сообраќај во 2022, споредено со 2021 година, додека споредено со референтната година во воздухопловството, 2019 година, патничкиот сообраќај е на -11 проценти, односно 89 отсто стапка на закрепнување согласно статистиката на патничкиот […]

Демократски сојуз бара бугарските националисти да бидат прогласени персона нон грата


Демократскиот сојуз ги осудува шовинистичките и сепаратистички изјави и пароли „Македонија е бугарска“ на групата Бугари предводени од европратеникот Ангел Џамбаски минатиот викенд во Скопје. -Во Македонија сите граѓани, вклучително и оние кои се чувствуваат како Бугари, може да го негуваат својот етнички и културен идентитет, да формираат здруженија и да ги чествуваат настаните од […]

Притвор за петмина од Кавадарци и Неготино кои сексуално искористувале дете


Петмина на возраст од 21 до 39 години од Кавадарци и неготино, му лажале по 1.000 до 2.000 денари на дваесетгодишник, кој пак им овозможувал да имаат сексуални односи со малолетничка.    Во саботата, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на […]

Левица тврди: Командирот кој пушти убиец бил дел од инцидентите на Илинден


Левица денес алармираше дека веќе суспендираниот командир Срѓан Димитриевски, кој учествуваше во бегството на осудениот затвореник за убиство Беким Мемети, бил дел од параполицијата која учествувала на инцидентите за илинденската прослава. -На објавената слика од Енис Мурат, вработен во затворот „Шутка”, заедно со директорот Филип Андонов – Сокол, е суспендираниот командир, Срѓан Димитриевски. Иако според […]

Германската министерка за одбрана поднесе оставка по редица грешки


  Германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт поднесе оставка во понеделникот, откако низа грешки ја направија нејзината позиција во владата на канцеларот Олаф Шолц неодржлива. „Денеска побарав од канцеларота да ме разреши од функцијата на сојузниот министер за одбрана“, рече Ламбрехт во писмената изјава во понеделникот. „Медиумите се фокусираат на мојата личност со месеци едвај […]

Нов Зеланд се соочува со промени предизвикани од затоплувањето на морето


Водите околу јужните делови на Нов Зеланд се шест степени потопли од вообичаено поради климатските промени, временскиот феномен Ла Ниња и областите со висок воздушен притисок, посочуваат научниците. Океанографот Жоао де Соуза изјави дека температурата на водата моментално е четири степени потопла од просечната и дека таквите температури ќе имаат значителни последици за еко-системот настанат […]

Пола Холивуд се зарази со Ковид на „Златните глобуси“- Колин Фарел и Мишел Фајфер ги пропуштаат филмските награди


САД– Колин Фарел, Брендан Глисон и Мишел Фајфер ги пропушија наградите  „Critics Choice Awards“  викендов во Лос Анџелес откако беа позитивни на Ковид-19.  Џејми Ли Кертис (64), која е номинирана за нејзината споредна улога во „Сè, насекаде одеднаш“, беше првата актерка што објави дека ќе го пропушти гала настанот во неделата вечер, откако беше позитивна […]

Ердоган бара од Шведска и Финска да испорачаат 130 „терористи“ за зелено светло во НАТО


  Шведска и Финска мора да екстрадираат десетици политички противници кои Анкара ги смета за терористи за Турција да ја одобри нивната заедничка кандидатура за НАТО, изјави во неделата турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. „Пред сè, тие треба да екстрадираат речиси 130 терористи за нивните кандидатури да поминат во нашиот парламент; за жал, тие допрва […]

Поскапуваат бензините и дизелот


Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ се зголемува за 1,00 денар, а на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 за 1,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. За еден денар поскапува и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), а за 1,50 денари Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1). Литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 од утре ќе се […]