Шест градоначалници од Скопје се договараа како до намалување на загадувањето


Координација на активностите на општините во градот Скопје со посебен осврт на координирана акција за справување со загадувањето, институционално постапување за интегрираните еколошки дозволи, чистење на дивите депонии, заедничко постапување за справување со комуналните проблеми, како и нови мерки за ограничување на тешките товарни возила низ општините беа темите на кои разговараа градоначалниците на скопските […]

Шефчович: Заедничката набавка на гас да почне пред летото


 Европската комисија сака земјите од ЕУ да започнат заеднички набавки на гас пред летото, во обид да се избегне недостиг на снабдување следната зима, изјави денеска потпретседателот на Европската комисија Марош Шефчович. „Работиме на густ распоред за да се подготвиме навреме за следната зима и сезоната за полнење складишта“, рече Шефчовиќ, по првиот состанок на […]

Ковачевски: Една телевизија известува како да е компанија за трговија со енергија


Транспарентноста во државата е унапредена во последнава година и никогаш не се случило кој било уредник или новинар да добие повик од Владата за да се влијание врз уредувачката политика на медиумите, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање во врска со јавното етикетирање на две телевизии од страна на лидерот на […]

Анкетите пред форумот во Давос предвидуваат глобална рецесија во 2023 година


Две третини од највлијателните економисти од приватниот и јавниот сектор, учесници во истражувањето спроведено во рамките на Светскиот економски форум во Давос (СЕФ), очекуваат глобална рецесија во 2023 година. Околу 18 отсто од испитаниците, двојно повеќе отколку во истражувањето спроведено во септември минатата година, сметаат дека глобалната рецесија е „многу веројатна“, а само една третина […]

Давос ги пречекува политичките лидери, форумот годинава без Бајден, Сунак и Макрон


  Рекорден број шефови на држави и влади се очекуваат во швајцарскиот скијачки центар Давос оваа недела на Светскиот економски форум, но вниманието го привлекуваат и истакнати имиња кои нема да присуствуваат. Германскиот канцелар Олаф Шолц е единствениот лидер на Г7 кој треба да присуствува на 53. состанок на Светскиот економски форум. Американскиот претседател Џо […]

Олигарсите стравуваат од конфискација на имотот во Русија според сценариото на Мусолини


  Како што се приближува годишнината од руската инвазија на Украина, така расположението на руските бизнис елити станува сѐ помрачно. Осиромашени за речиси 100 милијарди долари за една година и отсечени од своите луксузни авиони и вили, најбогатите Руси стравуваат дека ќе ја изгубат главната работа – фабриките, погоните и наоѓалиштата во Русија, добиени како […]

Колку проектили и останаа на Русија?


Тврдењата на Западот дека на Русија и снемува напредни, високопрецизни ракети се појавија во  март, но по повеќе од 10 месеци сеопфатната војна, руските проектили продолжуваат да паѓаат врз украинските градови. Прашањето  колку од нив останаа, стана особено остро во изминатите три месеци, кога Русија почна да ја напаѓа енергетската мрежа на Украина со масовни […]

Османи од Киев ги осуди руските напади врз цивилни цели


  Македонскиот шеф на дипломатијата, Бујар Османи, во својство на претседавач со ОБСЕ денеска во Киев се сретна со украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба и најсилно ја осуди континуираната руска агресија против Украина. Тој потенцираше дека нападите врз цивилни цели немаат никакво оправдување. Изрази осуда за последниот што се случи во Днипро, во […]

„Јас сум Матео Месина Денаро“: Како дојде до апсењето на шефот на Коза ностра


  РИМ – Италијанскиот бегалец број 1, Матео Месина Денаро, осудениот мафијашки бос кој наредил некои од најгрозоморните убиства во државата, беше уапсен во понеделникот во приватна клиника на Сицилија по три децении во бегство, соопшти италијанската паравоена полиција. Месина Денаро бил уапсен во клиниката во Палермо, каде што бил на лекување поради необјавена здравствена […]

Владата подготвува нов начин на книжење на капиталните инвестиции врз основа на реализираното, а не платеното


Нов концепт на книжење на капиталните инвестиции, годинава планирани 800 милиони евра Скопје, 16 јануари 2023 (МИА) – Со КАПЕФ механизмот и зголемената посветеност лани имавме највисоко ниво на реализирани капитални инвестиции во износ од 465 милиони евра или речиси 90 проценти од проектираното, а годинава по тој основ се предвидени околу 800 милиони евра, […]

Битиќи најави менување на моделот за субвенционирање и мерење на ефикасноста на државната помош


  Влегуваме во голема операција на менување на моделот за субвенционирање во земјоделието, но исто така и во воспоставување на алатки за мерење на ефикасност на државната помош, истакна вицепремиерот Битиќи во однос на прашањето дали оваа година ќе се оди на промена во политиката за субвенционирање. На денешната Конференција на Стопанската комора со наслов […]

Анкета: Развиениот свет стравува од иднината


Нешто помалку од половина од луѓето во светот веруваат дека нивните семејства ќе бидат подобро во иднина, а најголем песимизам изразиле граѓаните од групата водечки економии, покажува истражувањето на „Еделман труст“ (Edelman Trust). Анкетата покажува дека само 40 отсто од испитаниците од 28 земји во светот се согласиле со изјавата „јас и моето семејство ќе живееме подобро за пет […]

Притвор за синот кој му забоде нож во врат на таткото во Куманово


Определена мерка притвор во траење од 30 дена за 40 годишниот кумановец кој е осомничен дека го лишил од живот неговиот 65-годишен татко, со што сторил кривично дело, убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, соопштија денеска од обвинителството. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово […]

Абазовиќ: Едно е да се каже дека постои ризик, а друго е да има прекин на преговорите со ЕУ за Црна Гора


Едно е да се каже дека постои ризик, а друго е да има прекин на преговорите со ЕУ за Црна Гора, доколку не успее шестиот обид за комплетирање на Уставниот суд, изјави денеска премиерот во технички мандат Дритан Абазовиќ. Тој ова го изјави коментирајќи ја повторената изјава на шефицата на словенечката дипломатија Тања Фајон дека […]

Вонреден надзор во „Идризово“, ниту една процедура не била испочитувана


  Управата за извршување на санкциите на 13 јануари спроведе вонреден стручен надзор во КПД Идризово со цел да се утврдат сите околности кои довеле до тоа да се случи бегството на осуденото лице Беким Мемети. „Со оглед на фактот што учесниците во настанот кои се припадници на затворската полиција (освен повредениот затворски полицаец) уште […]

Ковачевски: Дискусијата со политички маргиналци од Бугарија би им ја оставил на политички маргиналци од земјава


Станува збор за политички маргиналци и дискусијата со нив би им ја оставил на политички маргиналци од нашата држава, а јас претставувам Влада кој комуницира со Владата на Бугарија со која имаме комуникација на многу повисоко ниво од она што беше во минатото, изјави денеска премиерот Ковачевски во однос на изјавите на бугарскиот европратеник Ангел […]

Бугарските социјалисти добија мандат да формираат влада


Претседателот на Бугарија, Румен Радев денеска и го додели мандатот за формирање влада на Бугарската социјалистичка партија, што е последен обид да се избегнат петтите парламентарни избори во последните две години. Иако изгледите на социјалистите за формирање влада се слаби, лидерот на таа партија, Корнелија Нинова, изјави дека партијата ќе даде се од себе „да […]

Цементарница УСЈЕ контра Зелен хуман град


Цементанрица УСЈЕ АД Скопје, целосно ги отфрла неоснованите тврдења од страна на граѓанската иницијатива Зелен хуман град. Изнесувањето на неточни и паушални тврдења, не е во интерес на граѓаните и подобрувањето на квалитетот на живот, но служи за стекнување на политички интереси на поединци. Јавно искажаниот збор е одговорност и мора да биде базиран на […]

Нема кратење на работничките права во однос на породилното отсуство, вели министерката Тренчевска


Министерката Јована Тренчевска, денеска изјави дека со новините во Законот за работни односи не се кратат досегашните права во однос на породилното отсуство, туку се дава можност и таткото да се вклучи во грижата на своето дете. Запрашана за забуните кои настанаа во јавноста околу новиот начин на третирање на родителството во однос на породилното […]

Шаќири: До крајот на второто полугодие треба да се одработат сите 180 работни денови


 Според календарот за работа во образованието, до крајот на второто полугодие треба да се одработат 180 наставни денови, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири одговарајќи на новинарско прашање дали е точно дека поради одложениот почеток на второто полугодие учебната година ќе заврши на 14-ти наместо на 9 јуни. На владина седница минатата недела беше […]