Земјотрес од 3,7 степени во Албанија, почувствуван во Македонија


По вчерашниот земјотрес од 5,2 степени во Албанија денеска одново се тресе тлото. Земјотрес со интензитет од 3,7 степени според Рихтер е регистриран во Албанија. Епицентарот на земјотресот бил на 14 километри југоисточно од Бурел, и 30 километри североисточно од Тирана. Земјотресот се случил во 20.23 часот вечерва, а бил на длабочина од 1 км, […]

АБА: МЗТ Скопје катастрофално поразен од Партизан во Белград


Кошаркарите на МЗТ Скопје вечерва загубија на гостувањето во Белград од фаворитот Партизан со 120-67 (54-34) во рамки на 15. коло во регионалното АБА натпреварување. Најефикасен на натпреварот беше кошаркарот на Партизан, Смаилагиќ со 24 поени, додека најистакнат во редовите на МЗТ Скопје беше Војдан Стојановски со 16 поени. МЗТ Скопје со овој пораз остана на последното место на […]

Во Сибир температурите и до минус 62 степени Целзиусови


  Во Јакутија, најголемиот регион во Русија која се наоѓа во Сибир, оваа година температурите се спуштаат далеку под просечните. Од регионалниот хидрометеоролошки центри предупредија дека ноќните температури може да достигант и – 62 степени Целзиусови. Најголемиот регион во Русија, Јакутија, е позната по студени зили кои почнуваат во октомври, а завршуваат во април. Просечната […]

На и ЕУ ѝ треба индустриска стратегија – Произведено во Европа


Франција се залага ЕУ да одговори на американските субвенции за „зелени“ инвестиции со индустриска стратегија со цел да се спречи заминувањето на компаниите од Европа и да се намали зависноста на членките од надворешни добавувачи, се наведува во владиниот документ. Затоа имплементацијата на амбициозната и силна европска индустриска политика е од клучно значење денес, а француската Влада предлага таа да се обликува како стратегија „Произведено во Европа“, се истакнува […]

Зеленска утре ќе се обрати на Светскиот економски форум во Давос, Зеленски од далечина


Првата дама на Украина Олена Зеленски е на пат за Давос и утре ќе се обрати на собирот, додека нејзиниот сопруг, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ќе присуствува на собирот од далечина и ќе се обрати в среда. На различни панели на Светскиот економски форум се појавуваат и други украински функционери.  Инаку, зимската сесија на Светскиот економски форум почна денеска во […]

Лазаров и Митревски: Имаме шанси против Аргентина


По двата воведни убедливи порази од Норвешка и Холандија, македонската ракометна репрезентација утревечер (18 часот) во Краков е пред императив да ја совлада Аргентина во последното коло од групата Ф и со победа да избори пласман во главната рунда од групната фаза на Светското првенство во Полска и Шведска. – Дојдовме тука со цел да ја […]

Словенија ја предупреди Црна Гора дека може да ги сопре преговорите за ЕУ


  Словенечката министерка за надворешни работи Тајна Фајон ја предупреди денеска Црна Гора дека пристапните преговори со ЕУ може да бидат сопрени ако шестиот обид за избор на судии во Уставниот суд не успее. Фајон, по средбата со претседателката на црногорскиот парламент Данијела Ѓуровиќ, нагласи дека тоа е „сериозна закана“. „На страна на политичарите е […]

Колкаво богатство остави зад себе Џина Лолобриџида? 


Италија- Кариерата на италијанската актерка Џина Лолобриџида беше повеќе од легендарна.  Ѕвездата на „Соломон и Шеба“ почина на 95 години  во клиника во Рим, потврди нејзиното семејство . Колкаво богатство остави зад себе Џина Лолобриџида? Лолобриџида во моментот на нејзината смрт „тежела“ 45 милиони долари , според Celebrity Net Worth. Поранешната кралица на убавината, родена […]

Бензема останува во Реал


Шпанија – Освојувачот на „Златната топка“ за минатата сезона Карим Бензема одлучи да го продолжи договорот со Реал Мадрид до јуни 2024 година, јавија денеска повеќе шпански и француски медиуми. Францускиот 35-годишен напаѓач има право да преговара со други клубови, бидејќи влезе во последните шест месеци од договорот со Реал, кој му истекува на крајот на оваа […]

Нема евиденција за посетителите на домот на Бајден каде се пронајдени документите


САД– Канцеларијата на Белата куќа денеска соопшти дека нема евиденција за посетители на домот на американскиот претседател Џо Бајден во Вилмингтон, Делавер, каде се пронајдени доверливи документи од неговите потпретседателски денови, бидејќи станува збор за приватна резиденција. Републиканскиот претседател на Комисијата за надзор на Претставничкиот дом вчера побарал евиденција за посетителите на домот на Бајден во Вилмингтон, […]

Македонија стана дел од Алијансата „Баукултур“


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на вториот ден од Министерската конференција во Давос, која е посветена на изјавите, усвојувањето на документите и востановувањето на Алијансата „Баукултур 2023“, рече дека основањето на Алијансата е добра вест и за Северна Македонија и дека тоа ќе биде мрежа која ќе ја иницира соработката на јавниот со приватниот сектор, […]

Масакр во САД: Убиени шестмина, меѓу кои тинејџерка и нејзиното бебе


  Шест луѓе се убиени во куќа во Калифорнија, во градот Гошен, јави Еј-би си њус. Меѓу убиените се и 17-годишна девојка и нејзиното шестмечно бебе, кои се застрелани во главата. Шерифот на округот Туларе, Мајк Бордо, вели дека има преживеани, а дека за нападот се осомничени најмалку двајца кои уште се на слобода. „Веруваме […]

Британски полицаец призна дека речиси две децении силувал и злоставувал жени


  Полицаец од Лондон денеска се изјасни за виновен по 24 точки од обвинение за силување и злоставување жени во период од 2003 до 2020 година, со што е еден од најтешките сексуални престапници во британската историја. Лондонската полиција и државното обвинителство објавија дека Дејвид Керик (48) ја злоупотребил својата позиција на моќ со цел да ги контролира и заплаши своите жртви, заканувајќи се дека никој […]

УНЕСКО: Расте бројот на убиени новинари


По неколку години последователен пад, бројот на убиени новинари ширум светот минатата година се искачи на 86, наспроти 55 во 2021 година, што претставува зголемување од 36 отсто, соопшти денеска организацијата на ОН за културно наследство УНЕСКО. Повеќе од половина од убиствата се случиле во Јужна Америка и на Карибите, додека најголем дел новинари биле […]

Во Украина се убиени над 7.000 цивили, оценува ОХЦХР


  Повеќе од 7.000 цивили се убиени во Украина откако Русија ја нападна соседната земја во февруари минатата година, објави Канцеларијата на Високиот комесаријат на ОН за човекови права (ОХЦХР). Повеќето регистрирани цивилни жртви се од употребата на експлозивно оружје со широк дострел, вклучително и гранатирање со тешка артилерија, повеќекратни системи на ракетни фрлачи, проектили […]

Бугарското Министерство за одбрана негира дека продале авиони Су-25 наменети за Украина


 Бугарското Министерство за одбрана денеска соопшти дека не продало или им обезбедило на земјите-членки на НАТО авиони Су-25 наменети за Украина. Новинската агенција Блумберг вчера објави земји-членки на НАТО купиле од Бугарија 14 авиони Су-25 од руско производство и истите биле испорачани на Украина. Она што отсекогаш сум го велел дека тешко вооружување како што се противвоздушни ракетни системи, обезбедување на […]

Пласидо Доминго се соочува со нови обвинувања за недолично однесување


Шпанија– Оперската ѕвезда Пласидо Доминго се соочи со нови обвинувања за сексуално вознемирување од шпанска пејачка во ТВ-програма што се емитуваше во неделата вечерта, и тоа три години откога таквите тврдења предизвикаа извинување и ја скратија неговата кариера. Во истрагата од 2020 година, повеќе од триесетина пејачки, танчарки, музичарки, професори по пеење и персонал зад […]

Притвор за таткото што со нож го рани сопствениот син во ресторан во Скопје


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен осомничен за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Како што се наведува во соопштението, лицето со умисла се обидело да го лиши од живот сопствениот […]

Германија бара формирање на специјален суд за руските злосторства во Украина


Германија – Шефицата на германската дипломатија Аналена Баербок денеска побара да се формира специјален меѓународен суд кој ќе ги гони руските лидери за инвазијата врз Украина. – Потребен е суд кој ќе го испита руското раководство и ќе го суди. Украинската Влада разбирливо е загрижена што Русија не може да се гони за агресија пред Меѓународниот […]

Османи се сретна со Зеленски, побара враќање на ОБСЕ во Украина


Во својство на претседавач со ОБСЕ министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.   -Импресивна е пожртвуваноста и посветеноста на претседателот Зеленски во заштита на украинскиот народ и храброста во соочувањето со предизвиците и последиците од агресијата на Руската Федерација врз Украина.  ОБСЕ го поддржува украинскиот народ […]