Во Сибир температурите и до минус 62 степени Целзиусови


 

Во Јакутија, најголемиот регион во Русија која се наоѓа во Сибир, оваа година температурите се спуштаат далеку под просечните. Од регионалниот хидрометеоролошки центри предупредија дека ноќните температури може да достигант и – 62 степени Целзиусови.

Најголемиот регион во Русија, Јакутија, е позната по студени зили кои почнуваат во октомври, а завршуваат во април. Просечната температура во текот на зимата е од -35 до -45 степени. Но, оваа година зимата во Јакутија е доста постудена.

Просечната дневна температура во првите седмиви од новата година била 7 степени под климатската норма. Жителите на Јакутск по кратко затоплување во четвртокот (температурите не беа пониски од -32) се подготвуваат за ново заладување.

„Прв пат зимата е толку студена. Порано не било многу потопло, а сега е многу поладно. Ние, домашните, тоа го чувствуваме, но посетителите главно се смрзнуваат до коски“, вели еден од жителите на Јакутск.

Заради абнормалните мразеви во училиштата во Јакутск, одложена е наставата, густата магла предизвикува најмалку едена масовна сообраќајка, пишува Еуроњус.

Според пишувањата на локалните медиуми, ситуацијата ја отежнува застарената инфраструктура. На почетокот на јануари, додека температурите одеа до -40, поради дефект, повеќе илјади семејства останаа без греење.