Словенија ја предупреди Црна Гора дека може да ги сопре преговорите за ЕУ


Илустрација - Фото: Б. Грданоски

 

Словенечката министерка за надворешни работи Тајна Фајон ја предупреди денеска Црна Гора дека пристапните преговори со ЕУ може да бидат сопрени ако шестиот обид за избор на судии во Уставниот суд не успее.

Фајон, по средбата со претседателката на црногорскиот парламент Данијела Ѓуровиќ, нагласи дека тоа е „сериозна закана“.

„На страна на политичарите е да ститант раце и да да го направат она што се договирвме“, рече Фајон.

Таа кон крајот на декември заедно со австрискиот шеф на дипломатијата Александар Шаленберг именувана е за посебен известувач на ЕУ за Црна Гора.

Работите се придвижуваат

Таа ненајавено во неделата ја посети Подгорица, Црна Гора, каде во тек се завршните подготовки за избор на судии на Усавниот суд, за кои ќе се гласа кон крајот на јануари или почетокот на февруари.

Фајон денеска се сретна и со претседателот Мило Ѓукановиќ и со Дритан Абазовиќ, а на крајот од посетата изрази надеж дека пред 23 јануари, кога треба да поднесе извештај пред Брисел, ќе има позитивни вести.

„Имам добро чувство по разговорот, се надевам дека сите политичари се свесни колку Уставниот суд е важен. Сакам Црна Гора пак да дојде во крупата која напредува кон ЕУ, а не во групата за која разговараме како проблем за ЕУ“, рекла Фајон.

Црна Гора со месеци е во криза

Црна Гора веќе со месеци е во длабока политичка и институционална криза. Владата на Дритан Абазовиќ од август е во технички мандат, а Уставниот суд на земјата не функционира од септемцри затоа што има само три од вкупно седум судии и не може да донесе одлука.

Пратениците во црногорскиот парламент пет пати се обидоа да изберат нови судии, но ни еден од кандидатите не доби потребно двотретинско мнозинство од 81 пратеник.

Изборот на судии за Уставниот суд е услов и за одржување на најавените вонредни парламентарни избори и редовни претседателски, затоа што токму таа институција решава за евентуални изборни жалби по изборниот процес.