Масакр во САД: Убиени шестмина, меѓу кои тинејџерка и нејзиното бебе


 

Шест луѓе се убиени во куќа во Калифорнија, во градот Гошен, јави Еј-би си њус. Меѓу убиените се и 17-годишна девојка и нејзиното шестмечно бебе, кои се застрелани во главата.

Шерифот на округот Туларе, Мајк Бордо, вели дека има преживеани, а дека за нападот се осомничени најмалку двајца кои уште се на слобода.

„Веруваме дека се работи за личен, целен напад на семејството и веруваме дека со ова се сакало да се прати порака“, вели Бордо.

Властите веруваат дека во овој случај се вклучени банди.

„Некои од жртвите се пронајдени во куќата,а други на другата улица. Еден маж е најден ранет кога замениците стигнале подоцна, а прогласен е за мртов во болницата“, вели шерифот.

„Имаме потенцијални информации кои, се надеваме, ќе не доведат до осомничените, а момнетално не можам да ги откријам пред јавноста“, додаде шерифот пред јавноста.