Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата годинава 8 до 9 проценти, структурните реформи се клучен двигател на растот


  Народната банка очекува инфлацијата годинава да се стабилизира, да забави и да изнесува 8 до 9 проценти. Како што рече гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, во овие услови на криза фокусот е ставен врз макроекономските политики, но клучниот двигател на растот се структурните реформи. Ангеловска-Бежоска, која учествуваше на конференцијата „Предизвици на економските политики во 2023 година“, напомена […]

Потврден изборот на ИРД Инженеринг за надзор на автопатите што ќе ги гради „Бехтел и Енка“


Потврден е изборот на меѓународниот конзорциум „ИРД Инженеринг“ за консултант и надзор за автопатите на Коридорите 8 и 10-д, што ќе ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ и со тоа, како што објави првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, се овозможува брз почеток на изградбата. – Се […]

Следува период со дожд, ветер и повисоки температури


Под влијание на циклонска активност и серија влажни воздушни бранови следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Како што информираат од УХМР, врнежите на места ќе бидат обилни и до петок се очекува да наврнат над 50 л/м2. Во четврток локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. До четврток […]

Ковачевски: Очекуваме намалување на цените како што беше договорено од најмалку 10 проценти


  Кај некои од пекарите веќе е регистрирано намалување на цената на белиот леб, исто така има намалување на цените на млекото кај одредени млекарници, и треба да се има предвид дека одредени маркети имаат залихи од претходно и тие се по стари цени, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски. Во наредниот период очекува дека ќе има […]

Во овој хороскопски знак се раѓаат посебни луѓе: Начинот на размислување ги прави посебни


Астролозите тврдат дека постои знак од Зодијакот во кој се раѓаат само посебни луѓе. Секој хороскопски знак има карактеристики кои го прават интересен, а дали некогаш сте се запрашале кој хороскопски знак е најпосебен? Водолиите се сметаат за посебни во астрологијата. Ова се должи на неговиот владетел Уран, планетата на револуцијата, оригиналноста и промените, што […]

Тони Матичевски актуелен во Холивуд: Кој избра негова креација на „Critics Choice Awards“?


САД- По Австралија, австралискиот дизајнер со македонски корени Тони Матичевски го освојува и Холивуд. Актерката и комичарка Челзи Хендлер избра негова портокалова скелетна креација викендов на црвениот килим на „Critics Choice Awards“ во Лос Анџелес и се одделуваше од толпата на светкави и сексапилни дизајни.  Креации на Матичевски носат Џенифер Лопез, Лили Колинс, Соланж Ноулс, […]

Општина Центар ги отстранува паркинг-блокаторите за ослободување јавни површини


Секторот за инспекциски работи на Општина Центар во наредниот период започнува со засилени контролни активности за ослободување на јавните површини кои се под надлежност на општината.  Во деновите што следат, инспекорите ќе вршат надзори и ќе ги санкционираат сите правни и физички лица кои имаат поставено блокатори за паркинзи на улиците, тротоарите или другите јавни […]

Гламурот на „Critics Choice Awards“: Ретро и блескаво (галерија)


САД- Викендов по 28-ти пат беа одржани „Critics Choice Awards“ во Лос Анџелес. Критиката ги одбра најдобрите остварувања и актери, а најдобрите во Холивуд ја искористија можноста да блескаат со гламурот на црвениот килим, кој изобилуваше со разновидни креации. Кејт Бланшет и Брендан Фрејзер славеа во категориите за најдобри актери, а за најдобар филм беше […]

Видео и фотографија за едно човечко страдање во Днипро


  Oh God… The very same kitchen in #Dnipro where putin’s missile struck… Herr @Bundeskanzler, how many of these people will have to die before you give #Ukraine the tanks?#StandWithUkraine #LeopardsForUkraine pic.twitter.com/YaCn7zVa8m — olexander scherba🇺🇦 (@olex_scherba) January 15, 2023 На Твитер се појави фотографија од рускиот напад на Днипро на која се гледа стан погоден […]

Го достигна ли инфлацијата врвот?


Го достигна ли инфлацијата врвот или податоците за последните два месеци од минатата година се само затишје пред бурата која што нѐ очекува годинава? Многумина здивнаа кога Државниот завод за статистика деновиве ги објави податоците за порастот на трошоците на живот за 2022 година, преку кои кај нас се мери стапката на инфлација. Конечниот резултат […]

(Видео) Патник во живо го пренесувал падот на авионот во Непал


Спасувачите денеска открија две црни кутии од непалскиот авион кој падна во неделата. Податоците од снимачот на глас во пилотската кабина и снимачот на податоци за летот, може да им помогнат на истражителите са утврдат што го предизвикало падот на авионот ATR-72 кај градот Похара. Надлежен од аеродромот во Катманду, Текнат Ситаула, вели дека црните […]

Витомир Трајковски од „Макпетрол“ освои бронза на светската карате лига во Атина


Членот на скопски „Макпетрол“, Витомир Трајковски, во борба со црногорскиот претставник Никола Маловиќ, кого го победи со 5-0, освои бронзен медал на турнир од светската карате лига во Атина. Македонскиот карате клуб долги години учествува на ова реномирано натпреварување и ова е 45 медал за тимот, како и прв во 2023 година. На патот до […]

Бизнис заедницата очекува суштинска комуникација со државните институции


  Бизнис заедницата очекува суштинска комуникација со државните институции, не само закажување и одржување состаноци, туку и сериозно земање предвид на аргументите кои ги изнесуваат и посочуваат компаниите, порача денеска советникот во Стопанската комора, Зоран Јовановски на првиот панел од конференцијата „Предизвици на економските политики во 2023 година“. Според Јовановски, четирите клучни предизвици оваа година […]

Зошто Ахмети групира телевизии како „ракоплескачи“?


  Невообичаено за него, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, од митингот овој викенд во Гостивар, се вклучи во оценување на работата на одредени телевизии за начинот на кој тие ги следат превирањата во партијата. Зборувајќи во Гостивар Ахмети порача дека нема намера да го менува Артан Груби од местото прв вицепремиер, како што бара незадоволната […]

Костадиновска-Стојчевска ќе иницира формирање оддел за „Баукултур“ во Министерството за култура


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на втората Конференција на министри за култура „Алијанса Баукултур“ истакна дека за неа „Баукултур“ е неопходност, а споделените искуства и заедничката акција се вистинскиот пат до добрите решенија, соопшти Министерството за култура. – Во „Баукултур“ гледам силен мотив да иницирам формирање оддел за Баукултур во рамките на Министерството за култура […]

Притвор за татко кој со три убоди се обиде да го убие сопствениот син


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен осомничен за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. На 14 јануари, во работна просторија – кујна на ресторан во Скопје, на улицата „Кирил Пејчиновиќ“, осомничениот […]

Османи од Киев: Мора да запре агресијата врз украинскиот народ


Северна Македонија како земја претседавач со ОБСЕ ќе се залага да најде начин повторно да ја врати Организацијата во Украина, порача денеска министерот за надворешни работи и претседавач на ОБСЕ, Бујар Османи, кој во рамки на денешната посета на Украина го посети Бородјанка во киевската област, кој е силно погоден од воените дејствија. Османи истакна […]

Оксфам бара воведување данок за најбогатите луѓе поради заработка за време на пандемијата


Британската хуманитарна организација Оксфам повика на итна акција за борба против глобалната економска нееднаквост во ерата по Ковид-19, откако беше утврдено дека две третини од новото богатство стекнато од почетокот на пандемијата отишло во рацете на еден процент од најбогатите луѓе во светот. Во извештајот, чие објавување се совпаѓа со годишниот собир на светската елита на Светскиот […]

Германската министерка за одбрана поднесе оставка поради порака за војната во Украина


Германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт поднесе оставка по серијата критики за германскиот одговор на руско-украинската војна. Како што јави германската агенција ДПА, Ламбрехт ја поднела оставката до германскиот канцелар Олаф Шолц. Според германските медиуми, овој потег уследил откако во петокот медиумите објавија дека шефицата на германската одбрана има намера да поднесе оставка по контроверзната […]