Зелен хуман град: Индустријата загадува со помош на институциите


Цементарница УСЈЕ е дел од загадувачката индустрија во Македонија што согорува отпад како „алтернативно гориво“. Неодамна медиумите беа преплавени со апологиите на лобисти од индустријата кои бараат укинување на забраната за увоз на отпад за горење, зашто тоа било единствениот начин за да станат поконкурентни на пазарот. Активистичките групи кои се членки на Зелен хуман […]

Уапсен најбараниот криминалец во Италија, шефот на Коза Ностра


Италијанските карабинери го уапсија најбараниот мафијашки бос во земјата, Матео Месина Денаро, јави италијанската новинска агенција АНСА. Месина Денаро се смета за шеф на сицилијанската Коза ностра и е во бегство од 1993 година. Денаро, чиј прекар е Дијаболик, бил уапсен во приватна клиника во Палермо. Полицијата долго време се обидуваше да го фати, а покрај тоа што беше најбараниот […]

Загреб осамна под снег, проблеми на патиштата


Во Хрватска од ноќеска паѓа снег, а побелеа и улиците на главниот град. Обилен снег паѓа во внатрешноста, навеви има на автопатот, а снег паѓа и во Меѓимурје, Загорје, Самобор, Загреб. За денеска се прогнозира претежно облачно време, на места со дожд, на Јадранот со обилни дождови и грмотевици. Утре, кон крајот на денот, од […]

Благата зима во Европа: Енергетски благослов, но проклетство за земјоделците


  „Ако зимата е топла, земјоделецот ќе биде сиромашен“, така вели една стара германска поговорка. Рекордно високите температури низ Европа оваа зима помагаат да се избегне енергетската криза. Но, тие не ветуваат ништо добро за земјоделците и цените на храната. Седум европски земји ги забележаа досега највисоките јануарски температури на Нова година, при што некои […]

Конференција на Стопанска комора: „Економски предизвици во 2023“


Во Скопје денеска се одржува конференција „Економски предизвици во 2023 година: како да го одржиме економскиот раст и ја трансформираме економијата“, во организација на Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања, а во рамки на Стопанската комора на Северна Македонија. Како што е најавено, на конференција обраќање ќе има премиерот Димитар Ковачевски, а […]

Во Луксор откриена нова кралска гробница


Египет- Археолозите откопаа древна гробница во јужниот египетски град Луксор, познат по своите богатства кои датираат од фараоните, соопштија властите. Мостафа Вазири, генерален секретар на Врховниот совет за антиквитети, рече дека египетско-британската мисија ја пронашла кралската гробница на античка локација на западниот брег на реката Нил во Луксор, 650 километри јужно од главниот град Каиро. […]

САД обучуваат украински војници во Германија


Германија– Во тренинг-центарот „Графенвор“ кај Нирнберг американската армија ќе спроведе нова, проширена обука на украински војници. Предвидено е во текот на наредните пет до осум недели на фронтот во Украина да се вратат околу 500 обучени украински војници, изјави денеска началникот на Здружениот генералштаб. на вооружените сили на САД, генерал Марк Мили. Мили кој денеска […]

Руска блогерка е првата жртва во несреќата во Непал: Пред падот на авионот објави селфи


Непал- Една од загинатите во авионската несреќа во Непал е московската туристичка блогерка Елена Бандуро (33), која своите светски авантури ги споделуваше на Интернет. Бандуро возбудено известуваше за нејзиното последно патување во Непал, испраќајќи пораки од авионот: „Оди во Непал“. Починатата блогерка работела како менаџерка на социјалните мрежи и многу патувала, а во страшната несреќа […]

Бујар Османи повторно го посети Киев – прва дестинација како претседавач со ОБСЕ


Министерот за надворешни работи Бујар Османи во својство на претседавач на ОБСЕ од денеска е во посета на Киев, главниот град на Украина. Шефот на македонската дипломатија информира дека посебен фокус на посетата ќе биде ситуацијата со луѓето на терен. „Тукушто пристигнавме во Киев, прва работна посета во рамки на Претседавањето со ОБСЕ. Ќе одиме на […]

Поранешниот грчки крал Константин Втори денеска ќе биде погребан во Атина


Грција– Поранешниот грчки крал Константин Втори денеска ќе биде погребан во Атина,  без државни почести, но во присуство на членови на кралски семејства од повеќе држави, меѓу кои и од Шпанија, Холандија, Шведска, Данска, Луксембург итн. Според грчките медиуми, во Атина од рано утрово собрани се граѓани кои во редица чекаат за да му упатат […]

„Као какао“ на „Леб и сол“ повторно на винил по 35 години


Македонската група „Леб и сол“ во 1987 година го издаде „Као какао“, едно од најзначајните музички дела во екс-југословенската дискографија. По повод 35 години од објавувањето на култниот албум, издавачката куќа „Croatia Records“ го претставува ексклузивното винилно реиздание на „Као какао“. Албумот што остана актуелен до ден денес, повторно е достапен во физичка форма, на […]

Британскиот премиер најави нови закони за регулирање на протести


Британскиот премиер Риши Сунак најави дека неговата влада ќе објави нови нацрт-закони за да ги спречи протестите што се шират во Велика Британија и ѝ отежнуваат на полицијата да спречи сериозни нарушувања во функционирањето на општеството. Во последните години протестите, кои главно се организираа поради еколошки прашања, затворија големи делови од центарот на Лондон и […]

Пронајдени двете црни кутии од авионот што се урна во Непал


 Спасувачките екипи ги пронашле двете црни кутии од патничкиот авион што се урна во близина на непалскиот град Похара, при што загинаа 68 патници, а уште четворица се водат како исчезнати во најсмртоносната авионска несреќа во земјата во последните 30 години, соопштија утринава властите. Податоците од кутија што ги снима податоците за летот и другата […]

Насекаде минусни температури, над нулата само во Дојран


Најстудено утрово е во Берово и Битола каде се измерени -5 степени, во Скопје е -4, Крива Паланка, Попова Шапка, Тетово, Струмица и Прилеп -3, Демир Капија, Претор, Крушево, Гевгелија, Дебар -2, а во Штип, Охрид, Куманово и Виница -1. Над нулата е само во Дојран со 4 степени. Снежна покривка има на Попова Шапка […]

Двајца загинати и 12 исчезнати по експлозија во хемиска фабрика во Кина


  Најмалку две лица загинаа во експлозија и голем пожар во хемиска фабрика во североисточна Кина, пренесе ДПА. Други 12 лица се исчезнати по експлозијата и пожарот во хемиската фабрика во Панџин, провинцијата Лиаонинг, јави денеска кинеската телевизија Феникс ТВ. Во несреќата што се случила вчера, биле повредени 34 лица, од кои четири потешко. Пожарот […]

Кирјос се повлече од Австралија опен


Австралиецот Ник Кирјос се повлече од Австралија опен поради повреда на левото колено. Во првото коло на Грен слемот во Мелбурн, Кирјос требаше да се сретне со Русинот Роман Сафиулин. Веројатно, сега ќе биде заменет со среќен губитник. Дваесет и седумгодишниот тенисер е актуелен победник на турнирот во двојки. Во сингл најдобар резултат му е […]

Заеднички вежби на руските и на белоруските воздухопловни сили


  Русија и Белорусија денеска почнуваат заеднички вежби на воздухопловните сили, што ги зголемија стравувањата во Киев и Западот дека Москва би можела да го искористи својот сојузник за да започне нова копнена офанзива во Украина. „За време на тактичките летачки маневри ќе бидат вклучени сите аеродроми и полигони на воздухопловните сили и силите за […]

16 јануари во историјата – Воведена е прохибицијата во САД


  18-тиот амандман на Уставот на САД, кој забранува „производство, продажба или транспорт на опојни пијалоци за потреба на пиење“, е ратификуван од потребниот број држави на 16 јануари 1919 година. Движењето за забрана на алкохолот започна во почетокот на 19. век, кога Американците загрижени за негативните ефекти од пиењето почнаа да формираат друштва за […]

НАТО најави уште тешко оружје за Украина, осуди на бомбардирањето станбена зграда во Дњепар


  НАТО синоќа најави дека Украина „наскоро“ може да очекува нови испораки тешко вооружување од Запад. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ја „преценил силата“ на руските трупи со инвазија на Украина. „Ги гледаме нивните погрешни чекори, недостатокот на морал, проблемите со командата, нивната лоша опрема“” и нивните „тешки […]

Почнува Светскиот економски форум во Давос


Денеска почнува 53-от Светски економски форум во Давос, кој ќе трае до 20 јануари, и на кој ќе учествуваат рекорден број бизнисмени, претставници на најголемите светски компании, државни лидери и познати личности. Форумот во познатиот швајцарски зимски центар Давос последен пат се одржа во своето традиционално време, во јануари 2020 година, бидејќи во 2021 година […]