Руска блогерка е првата жртва во несреќата во Непал: Пред падот на авионот објави селфи


Непал- Една од загинатите во авионската несреќа во Непал е московската туристичка блогерка Елена Бандуро (33), која своите светски авантури ги споделуваше на Интернет. Бандуро возбудено известуваше за нејзиното последно патување во Непал, испраќајќи пораки од авионот: „Оди во Непал“.

Починатата блогерка работела како менаџерка на социјалните мрежи и многу патувала, а во страшната несреќа загинале уште тројца Руси кои биле идентификувани како Викторија Алтунина, Јуриј Лугин и Виктор Лагин.

Претходно, рускиот амбасадор во Непал, Алексеј Новиков, ја потврди смртта на четворицата сонародници во соборениот авион.

„За жал загинаа четворица државјани на Руската Федерација. „Ние сме во постојан контакт со непалските власти и ќе им ја пружиме сета потребна помош на роднините на загинатите Руси“, рече Новиков.

Полицијата потврди дека најмалку 68 лица загинале денеска кога авион падна во клисура при слетување на новоотворениот аеродром во центарот на Покара.

Шокантни снимки го прикажуваат авионот моменти пред катастрофата – најтешката несреќа во малата хималајска земја во речиси пет години.

Стотици спасувачи продолжија да го пребаруваат ридот каде се урна авионот на домашната авиокомпанија Jeti Airlines, кој летал од главниот град Катманду, пишува Daily Mail.