Бербок во Хаг, како Путин би можел да биде повикан на одговорност за војната во Украина


Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, денеска ќе престојува во работна посета на Хаг каде, меѓу другото, ќе разговара и за начините како рускиот претседател Владимир Путин би можел да биде повикан на одговорност за војната против Украина. Според протоколот на посетата, предвидено е таа во Меѓународниот кривичен суд (МКС) уште утрово да се […]

Во рускиот напад во Днипро загинале 30 лица


Бројот на загинати во рускиот ракетен напад во градот Днипро се зголеми на 30 лица, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој во видео-обраќање рече дека засега е непозната судбината на повеќе од 30 луѓе кои можеле да бидат во зградата за време на нападот во саботата. Зеленски нагласи дека спасувачката операција продолжува. 

Јапонија и Индија одржаа прва заедничка вежба со борбени авиони


  Јапонија и Индија за првпат одржаа заедничка воена вежба со борбени авиони, соопшти денеска Министерството за одбрана во Токио. САД, Јапонија, Индија и Австралија ја формираат таканаречената Квад Група (Quad Group), пренесе ДПА. Четирите земји сакаат да го прошират својот ангажман во Индо-Пацификот, регион каде Кина се обиде да го прошири своето влијание. Според […]

Со сведоци на Обвинителството треба да продолжи судењето за пожарот во тетовската модуларната болница


  Денеска од 10 часот продолжува главната расправа од судскиот процес за обвинетите за пожарот во тетовската модуларна болница на 8 септември 2021 година во кој животите ги загубија 14 луѓе.  На последното рочиште на 27 декември 2022 претставниците на Основното јавно обвинителство Тетово ги презентираа насловите од писмените докази кои се доставени со обвинителниот […]

Конференција „Економски предизвици во 2023: како да го одржиме економскиот раст и ја трансформираме економијата“


  Во Скопје денеска ќе се одржи конференција „Економски предизвици во 2023 година: како да го одржиме економскиот раст и ја трансформираме економијата“, во организација на Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања, а во рамки на Стопанската комора на Северна Македонија. Како што е најавено, на конференција обраќање ќе има премиерот Димитар […]

Промоција на сликовницата „Танцот на шарените шамичиња“


  Во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“ денеска ќе се одржи промоција на новата сликовница „Танцот на шарените шамичиња“ од писателот Александар Прокопиев. Сликовницата, која е во издание на „Либи“, импринт на „Арс Ламина – публикации“, е дел од новата едиција „Љубов на прв збор“. Илустрациите се на Сања Симоска, а уредничка на […]

Облачно со слаб ветер, дожд кон крајот на денот


  Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Преку денот ќе биде претежно облачно, а кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната […]

По силниот земјотрес во Албанија сеизмолог смирува, но за жителите и во Дебарско немаше сон


По силниот земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтер, кој предизвика вознемиреност и страв не само ја жителите на околијата Пешкопеја, каде што беше епицентарот туку и во Дебарско, каде поради близината силно се почувствува потресот, албански сеизмолог смирува дека нема место за паника. – Нема место за паника поради двата потреса што се […]

Силен земјотрес од 5,2 степени според Рихтер во Албанија, почувствуван и во Битола, Дебар…


Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтер вечерва во 22:37 часот е регистриран во Албанија, по што следуваше и друг, но со послаб интензитет. Епицентарот е на  29 километри  северо-источно од Тирана, во  подрачјето на околијата Пешкопеја, на  9 километри јужно од градот Клос. Во оваа област во петокот од 20:30 до 6 часот […]

Мицотакис објави дека во Грција ќе има избори напролет


  Грција ќе одржи парламентарни избори напролет, изјави во неделата премиерот Киријакос Мицотакис, прецизирајќи „од април натаму“ пред мандатот на конзервативната влада кој завршува во јули. Следните грчки избори ќе се одржат според пропорционален систем на претставување, што го прави речиси невозможно за кој било кандидат да победи веднаш; а вториот круг на гласање се […]

Манасков: Немаме квалитет за вакви натпревари


Полска – Големо разочарување владее во таборот на македонската ракометна репрезентација по вечерашниот висок пораз од Холандија во второто коло на Светското првенство 2023. Еден од најискусните, левото крило Дејан Манасков смета дека оваа селекција во дадениов момент нема квалитет за вакви тешки натпревари. – Не знам што да кажам. И пред натпреварот реков дека ако […]

Македонија загуби од Холандија со 34: 24


Полска– Македонската ракометна репрезентација го претрпе вториот пораз на Светското првенство во Полска и Шведска. Вечерва во Краков, избраниците на селекторот Кирил Лазаров загуби од Холандија со убедливи 34:24. „Црвено-жолтите“ ги повторија грешките од првото коло направени на мечот со Норвешка и му дозволија на противникот во неколку наврати лесни голови и серии од по четири […]

Четири дена го нема скопјанецот Ристе Бочвароски, семејството бара помош


Семејството и блиските од средата трагаат по Ристе Бочвароски (47) од Скопје, кој дента околу 13 часот излегол надвор од домот и му се губи секаков траг. Станува збор за семеен човек, татко на две ќерки, кој имал среден живот и никогаш во минатото не се случило нешто слично. Андријана, блиска пријателка на семејството Бочвароски […]

Костадиновска-Стојчевска од Давос: Ќе се зајакнува соработката во  културата со Грција


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, на маргините на Втората конференција на министри за култура „Алијанса Баукултур Давос 2023“, оствари билатерална средба со генералната секретарка за современа култура при Министерството за култура и спорт на Република Грција, Елени Доундолуакис. – Има исклучителен простор за зајакнување на соработката во областа на културата помеѓу двете земји. Од особена […]

Британците, сепак, нема да го вратат на Грција богатството од Акропол


Англија- Министерката за култура на Велика Британија, Мишел Донелан, ја отфрли можноста на Грција да и се вратат скулптурите од Партенон, кои се изложени во Британскиот музеј во Лондон. Скулптурите од Партенон на атинскиот Акропол „имаат место овде во ОК“ и не треба да се вратат во Грција, рече Донелан, отфрлајќи ги извештаите во печатот […]

Папата Франциск ги повика христијаните да присуствуваат на заедничка молитва на плоштадот „Свети Петар“


Ватикан– Папата Франциск во денешното обраќање до верниците ги повика сите христијани да присуствуваат на заедничка молитва на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, што ќе се одржи во септември. Екуменската молитва ќе се одржи на 30 септември, пренесуваат светските агенции. – Ги поканувам браќата и сестрите од сите христијански конфесии да учествуваат на овој собир на […]

Во судир на 40 возила во Сеул, едно лице загина, а неколку десетици се повредени


Јужна Кореја – Во судир во кој учествувале околу 40 возила на заледен автопат во близина на Сеул, едно лице загина, а десетици се повредени, соопштија денеска локалните власти. Пожарникарите најавија дека екипи се на терен и дека бројот на повредени може да се зголеми. Најмалку 29 лица се здобиле со полесни повреди, а три […]

Имаме одлични млади готвачи и слаткари, ни треба стратегија за да не ни заминуваат


Чоколадни преливи за слатки, пиварки, пици, тостови, пирошки. Ова е храната која секојдневно ја подготвуваат учениците што учат во училиштето „Лазар Танев“. Печејќи го тестото, но и занаетот, младите готват за нив самите и за нивните професори, за цени многу пониски од оние во пекарница. Освен тоа, училиштето е реална компанија, па овде се готви […]

Овие 8 земји имаат најмногу победнички на Мис универзум


САД– Натпреварот за Мис Универзум има за цел да ги поттикне и слави жените од сите потекла. Од 1952 година, натпреварот за Мис Универзум е глобален настан, обезбедувајќи платформа за жените ширум светот да ги „остварат своите цели преку искуства кои градат самодоверба и создаваат можности за успех“. Првпат телевизиски во 1955 година, годишниот натпревар […]

Татко со нож му нанел повреди на синот во угостителски објект на Бит-пазар


Полициски службеници од Полициската станица Бит-пазар вчера на улицата „Решад Џафери“ го лишиле од слобода А.С.(46) од Скопје, кој се сомничи дека во неговиот угостителски објект на Бит-пазар со нож му нанел повреди на неговиот син В.С.(22). Како што информираат од МВР, повредениот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување помош. Полициски службеници […]