Британците, сепак, нема да го вратат на Грција богатството од Акропол


Англија- Министерката за култура на Велика Британија, Мишел Донелан, ја отфрли можноста на Грција да и се вратат скулптурите од Партенон, кои се изложени во Британскиот музеј во Лондон.

Скулптурите од Партенон на атинскиот Акропол „имаат место овде во ОК“ и не треба да се вратат во Грција, рече Донелан, отфрлајќи ги извештаите во печатот дека британскиот музеј и Атина се во завршна фаза на договор.
Јас бев многу јасна на оваа тема, не мислам дека скулптурите треба да се вратат во Грција. Не треба да ги враќаме назад, тие припаѓаат на ОК каде што се грижиме за нив долго време“, додаде таа.

Интересно е колку од фризот Партенон е зачуван. Фризот, кој првично бил долг 160 метри, прво ја прикажувал битката меѓу божествата и луѓето, но бил значително оштетен и уништен.

Во Атина се чуваат 50 метри од делот долг 115 метри. 80 метри биле однесени во Британија и исечени од Лорд Елгин, тогашниот британски амбасадор во Отоманската империја во 1802 година. Делови од фризот од Акропол може да се најдат во осум други музеи низ Европа.

Античките уметнички дела, попознати во Велика Британија како Елгинските мермери, сега се чуваат во Британскиот музеј во Лондон.

Претходно имаше информации дека Џорџ Озборн, претседателот на музејот, бил блиску до договор со Грција.

Сепак, министерката Донелан појасни дека нема намера трајно да се вратат артефактите во Грција.

Во опширното интервју таа изјави дека испраќањето на скулптурите во Грција „ќе започне низа проблеми“ и дека би било „опасно да се оди по тој пат“, бидејќи „ќе создаде можност да се преиспита целата содржина на нашите музеи ,” изјави таа.