(Видео) Патник во живо го пренесувал падот на авионот во Непал


Спасувачите денеска открија две црни кутии од непалскиот авион кој падна во неделата.

Податоците од снимачот на глас во пилотската кабина и снимачот на податоци за летот, може да им помогнат на истражителите са утврдат што го предизвикало падот на авионот ATR-72 кај градот Похара.

Надлежен од аеродромот во Катманду, Текнат Ситаула, вели дека црните кутии се во добра состојба, „барем гледано однадвор“.

Спасувачите се борат против лошите временски услови и слабата видливост за да ги пронајдат четирите преостанати патници кои се водат како исчезнати.

Во меѓуврмее се споделува снимка, која во живо ја снимал патник во авионот, при што се снимени и последните моменти од летот, пред падот.