Ковачевски најави смена на директорот на Управата за извршување на санкции


Премиерот Димитар Ковачевски вели дека не е задоволен од работата на Марјан Спасовски, директорот на Управата за извршување на санкции при Министерството за правда. Тој најави дека Спасовски ќе биде сменет од функцијата.

-Веќе отпочнав процес на селекција на нов директор на Управата за извршување на санкции, истакна Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата.

Ова доаѓа откако тројца затворски полицајци и нивниот командир се осомничени дека му помогнале на затвореникот Беким Мемети да избега од затворот „Идризово“.

Мемети, кој бил во затвор за убиство и шверц на дрога, побегна ноќта меѓу четвртокот и петокот додека затворските службеници од КПУ „Идризово“ по автопат го возеле до комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Владата во ноември 2020 година во рамки на 19-тата седница ја прифати оставката Спасовски и го разреши од должноста директор на затвор Куманово со отворено одделение во Крива Паланка на негово барање, а го именува за в.д. директор на Управа за извршување на санкции.