(Видео) Силна бура во Франција – паѓаа дрвја, снема струја, сообраќајот во хаос


 

Паднати дрвја останаа зад бурата која донесе ветришта со брзина од 100 км/ч денеска во поголемиот дел од северозападна Франција, каде во 14-тиот арондисман огласен е портокалов аларм, а во некои делови прекинато е снабдувањето со струја и нарушен е железничкиот сообраќај.

Околу 75.000 потрошувачи утрвото се без струја на западот и средишните делови, објави оператерот на мрежаѕа „Енедис“. Државната железничка компанија SNCF јави за потешкотии во сообраќајот потади дрвја паднати на пругите. Циклонот наречен Жерард е „зимска бура типична за овој период од годината, но бара посебно внимание“, велат од Метео Франс, од каде предвидуваат „слабеење на интензитетот“ во понеделник попладне.

На крајниот запад, удари од ветар до 158 км/ч

Околу пладне, Метео Франс издаде портокалово предупредување поради силен ветар. Во крајбрежјето, на `ртот Раз во Бретања, на крајниот запад на земјата, ударите достигнале брзина од 158 км/ч. Во Каен во Нормандија во текот на утрото измерени се 119 км/ч.

По невообичаено топлото време во јануари, во Франција оваа недела настапи заладување. Следните денови на југозапад се очекува друга бура, Фиен. Во два департмани во средишниот масив прогласено е портокалово предупредување поради обилниот снег кој почна да паѓа во понеделник наутро и се очеку а да се задржи на тлото во висина од 600 до 800 метри.

Обилен снег се очекува и на пониските планински места, на јудот на Средишниот масив, каде веќе паѓа снег. На Алпите на висина од 600 до 800 м, на пирринеите од 1.000 до 1.200 м и на исток,на 500 метри.

На североисток снег се очекува и на висорамнините, на висина од 300 до 400 метри, а температурата главно се движи од 1 до 5 степени Целзиусови.