Невреме и поплави во Атина


 Силниот и обилен дожд денеска предизвикал проблеми и поплави во Атина, а од бројот 112 за итни случаи до жителите била испратена порака да ги ограничат нивните движења, објавија грчките медиуми. Повеќе централни булевари биле поплавени и според „Катимерини“ во прекин бил сообраќајот, додека пак противпожарната служба примила десетици повици за помош и интервенции, а […]

Мицкоски: Работите со Бугарија одат кон студена војна


  Лидерот на опозицијата денеска изјави дека од неговата партија предупредувале на она што се сега се случува во македонско-бугарските односи, затоа што Македонија направила премногу отстапки. То рече, „колку што разбрав, амбасадор на нашиот источен сосед не е во државава… властите во Софија го правдаат како револт поради оној настан кој што се случи […]

Јакимовски за Џамбаски: Не треба да го прогласиме за непожелен, треба да го апсиме


Нема потреба да се прогласи за непожелна личност, нека го пуштат да влезе во Македонија, нека даде обвинител налог за апсење, нека го однесат во притвор под сомневање дека сака да му изврши атентат на македонскиот претседател, изјави денес Стевчо Јакимовски, лидер на ГРОМ. „Споредува атентат на Караѓорѓевиќ со сегашно време,а не е исто. Нека […]

Нема трага од актерот Џулијан Сандс –  спасувачите пронајдоа друг исчезнат планинар во планините Балди во Калифорнија


САД- Планинарот кој бил пријавен за исчезнат во планините во Јужна Калифорнија бил пронајден жив во вторникот попладне, соопштија властите. Џин Чунг, 75-годишен жител на Лос Анџелес, исчезна во неделата додека планинареше на планината Балди, највисокиот врв меѓу планините Сан Габриел, кој се наоѓа надвор од Лос Анџелес. Тој беше вториот планинар што исчезна на […]

Мицкоски го нападна Ахмети, стекнал милиони по 2001-та (видео)


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Драчево, ја коментираше и изјавата на Али Ахмети кој за време на средбите со граѓаните од Тетово во неговиот говор рече дека на украинската делегација ѝ кажал дека треба да бидат искрени и дека ќе победат исто како што тие ги победиле Македонците во […]

Ковачки тврди дека бегствата на затвореници се договарале во СДСМ


Владата покажа дека за сите важат исти правила и дека ако некој не ја извршува соодветно својата работа ќе биде разрешен, како што беше примерот со разрешувањето на директорот на затворот Идризово, а подоцна и со директорот на Управата за извршување на санкции. Ова го порача премиерот Димитар Ковачевски во одговор на пратеничко прашање дали […]

Бугарски аналитичари: Македонофобијата во Софија ја зајакнува бугарофобијата во Скопје и обратно


  Големата бура во македонско-бугарските односи то ги предизвика инцидентот во Охрид, не е случајна велата бугарски аналитичари за „Локално“. Професорот на софискиот Нов бугарски универзитет, Михаил Иванов, вели дека овој инцидент е неизбежна последица на низата провокации на великобугарските националисти и бугарските официјални власти. „Македонофобијата во Бугарија ја зајакнува бугарофобијата во Северна Македонија и обратно. […]

Ковачевски до Софија: Не може да се обвини цела нација за постапка на неколку поединци


 Министерството за внатрешни работи ќе направи се  чествувањето на 4 февруари – роденденот на Гоце Делчев, да биде на достоинствен и мирен начин и ќе биде гарантирана безбедноста на сите граѓани во државата, нагласи премиерот Димитар Ковачевски од собраниската говорница одговарајќи на прашање од пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ. Запрашан дали Владата согласно членот 11 […]

Ковачевски: Нема да има ценовен шок до крајот на 2023 година


  Премиерот Димитар Ковачевски денеска соопшти дека и оваа година ќе продолжат субвенциите за справување со економската и енергетската криза за што се предвидени 225 милиони евра во Буџетот. Како што рече, одговорајќи на пратенички прашања, Владата вети дека нема да има ценовен шок за граѓаните до крајот на 2023-та. -Во мојот Кабинет ангажирав советници […]

Принцезата Јуџин е бремена со второто дете


Англија- Британската принцеза Јуџин, внука на кралот Чарлс, го очекува своето второ дете со сопругот Џек Бруксбенк подоцна оваа година. Јуџин се омажи за Бруксбанк во замокот Виндзор во 2018 година и нивното прво дете, синот по име Август, се роди во февруари 2021 година. „Толку сме возбудени што можеме да споделиме што летово ќе […]

Логото на „Фокус“ злоупотребено за сексизам против Моника Зајкова


  Пратеничката и лидерка на политичката партија ЛДП, Моника Зајкова е мета на говор на омраза и сексистички напади со измислена вест која наводно е објавена во „Фокус“. Твитер профилот Апсаана објави фотомонтажа злоупотребувајќи го логото на порталот „Фокус“ со наслов „Секогаш ќе бидам швалерка на Таче, вели Зајкова“. Од „Фокус“ за „Цивилмедиа“ потврдуваат дека ваква […]

Принцезата Шарлин ја откажа прославата за 45. роденден- принцот Алберт пак се зарази со Ковид


Монако- Таа денеска го слави својот 45-ти роденден, но ниту најважниот ден на најтажната принцеза на светот не можеше да помине без драма. Шарлин од Монако мораше да ја откаже прославата што ја планираше, бидејќи нејзиниот сопруг Алберт од Монако се разболе од коронавирус. И тоа по трет пат во три години. Владетелот на Монако […]

Османи: Почна „сезоната за лов“ на провокаторите и политичките профитери


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска од собраниската говорница изрази жалење за последните активности од страна на официјална Софија. Ја нагласи потребата од деескалација на односите и апелираше да се продолжи ладнокрвно и внимателно. – Мора да ставиме крај на таквите провокации, но секогаш да имаме предвид дека се тоа групи заинтересирани да ги […]

Осигурителните компании доделија стипендии и можност за вработување за 12 студенти од Економскиот факултет – Скопје


  Дванаесет студенти на Економскиот факултет при универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје добија стипендии од 10 осигурителни компании. Иницијативата за отпочнување на соработка за доделување стипендии на студенти со висок просек, посетување на пракса и можност за вработување во осигурителните компании произлезе од меморандумот за соработка склучен на денот на осигурувањето чиј […]

Што е предвидено во Предлог законот за употребата на македонскиот јазик ?


Формирање на Инспекторат за македонски јазик чија цел ќе биде дејствување на терен и подигнување на свеста за важноста од правилната употреба, задолжително лекторирање, изработка на Национална стратегија за македонскиот јазик, но и стипендии за студентите се дел од новините кои се предвидени во новиот Закон за употребата на македонскиот јазик. Предлог-законот за употребата на македонскиот […]

Извор од ЕУ: Македонија реагираше навремено и соодветно за инцидентот во Охрид


  Извор од Европската унија не гледа логика за натамошната ескалација на тензиите меѓу Македонија и Бугарија бидејќи тоа не е во интерес ниту на едната ниту на другата земја, ниту на соседите, ниту на Унијата. Уште повеќе, Македонија ја смета за земја во која генерално и континуирано има добра практика во  почитувањето на правата […]

Бесими: Ќе се напарават напори за побрз поврат на персоналниот данок кај земјоделците


  Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска најави дека ќе се напарават дополнителни напори за да се забрза повратот на персоналниот данок на доход кај земјоделците. Тоа, како што рече, ќе се реализира во координација со УЈП и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Бесими, одговорајќи на пратенички прашања, рече дека во процедура е и […]

Официјална Софија потклекна на провокацииите, реагира македонското МНР


  Министерството за надворешни работи смета дека последните активности на официјална Софија не се во согласност со договорената практика за унапредување на меѓусебните односи. Повлекувањето на бугарскиот амбасадор од земјава, според МНР, е неоснован и непоткрепен чекор со валидни аргументи. „Министерството за надворешни вработи со внимание ги следи изјавите и активностите кои доаѓаат од Република […]

Средба Ангеловска-Бежоска ‒ Филипиду: Преку водењето соодветни политики, Народната банка ја задржа финансиската стабилност


  Преку водењето соодветни политики, Народната банка ја задржа финансиската стабилност, односно стабилноста на банкарскиот сектор, што е важен предуслов за постигнување здрав и одржлив економски раст. Притоа, при присуство на ризици, важно е да се продолжи со претпазливи политики и натамошно зајакнување на отпорноста. Ова беше пораката на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, […]

Смени во грчката полиција поради скандалот со прислушувањето


  За „ноќ на чистки“ во грчката полиција пишува „Катимерини“ во своето електронско издание, најавувајќи пензионирање или отпуштање синоќа на голем број високи раководители кои имале контроверзна улога во аферата со прислушувањето на грчките политичари од страна на разузнавачки служби. Со одлука на министерот за цивилна заштита, Такис ​​Теодорикакос, генерал-потполковник Константинос Скумас останува на чело […]