„Тесла“ ги објави резултатите, акциите веднаш пораснаа за повеќе од пет отсто


  Производителот на електрични возила „Тесла“ ги објави резултатите, со што акциите на компанијата се зголемија за повеќе од 5 отсто само неколку часа откако извршниот директор Илон Маск изјави дека компанијата може да произведе два милиони автомобили оваа година. Акциите сега вредат нешто повеќе од 152 долари. Во последниот квартал од минатата година, „Тесла“ […]

Весела Чернева оценува дека „има радикализација од бугарска страна“


  Познатиот бугарски експерт Весела Чернева денеска оцени дека „повлекувањето на бугарскиот амбасадор од Скопје е немерлив гест“ и дека двете земји требале да ги искористат заедничките механизми за да може да се расчистуваат инцидентите како претепувањето во Охрид. Чернева гостуваше во програмата „Денот со Веселин Дремџиев“ на бугарската ТВ1. Таа е заменик-директорот на Европскиот […]

Бесими: Новите вработувања не зависат од Министерството за финансии


  Вработувањата во државните и јавните институции треба да се реализираат врз основа на обезбедени средства за ново вработување и планот за вработување на институцијата, а процесот треба да го менаџира раководното лице во институцијата. Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во одговор на пратеничко прашање во Собранието. „Станува збор за еден процес […]

Предадена во употреба шестата зграда во населбата Хабитат во Велес


  Дванаесет млади семејства со деца од денеска ќе живеат во новата шеста зграда во населбата Тунел 2 во Велес изградена од „Хабитат Македонија“ за семејства со ниски приходи. Со предавањето на клучевите од новите домови на семејствата, се заокружува програмата за новоградби во Велес, која е дел од традиционалната програма на Хабитат за градење […]

До Собранието испратен предлог-закон за амнестија на осудените за настаните од 27 април


Предлог-закон за амнестија за настаните од 27 април во Собранието денеска како препорачана пратка е испратен до пратениците, од адвокатот Јанаки Митровски. Пратениците законот ќе го добијат најверојатно в понеделник, а адвокатите кои го подготвија најавуваат средби со сите пратенички групи со цел да лобираат и да се обидат да добијат поддршка за него. Митровски […]

Паника и евакуација на музеј во Лион по дојава за бомба


  Антрополошкиот музеј во францускиот град Лион, денеска е затворен за посетители, откако сите вработени и посетители утрово биле евакуирани поради закана со бомба. Полициски извор вели дека истражителите и деминерите го испитале објектот. Менаџментот на музејот појасни дека морало да се затвори целиот објект од безбедносни причини, не наведувајќи детали. Трамвајот Т1, кој сообраќа […]

Дачиќ најави можни санкции на Србија против Русија


Србија – Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ вчера за првпат навести дека Белград може да го промени курсот и да воведе санкции против Русија, што е едно од клучните барања на ЕУ за Србија да напредува во преговорите за членство во Унијата. Во ексклузивното интервју за EURACTIV Србија, Дачиќ, кој е ветеран со […]

Прво Грен слем финале за Арина Сабаленка


Австралија – Тенисерката од Белорусија, Арина Сабаленка попладнево ја победи Магда Линет од Полска со 7:6 и 6:2 во второто полуфинале на женскиот дел од Австралија опен. За Сабаленка саботното финале на Австралија Опен ќе биде прво на еден Грен слем турнир. Воедно, финалето во Мелбурн ќе биде 20-то нејзино финале на турнири под покровителство на […]

Ковачевски: Продолжува заштитата и грижата за културното и историското наследство


Продолжуваме со заштита и грижа за културното и историското наследство. Оваа Влада се определи за заштита и афирмација на македонскиот јазик и дома и во светот со што го штитиме и афирмираме и нашиот посебен македонски национален идентитет, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговорајќи на пратенички прашања. И покрај кризата, напомена Ковачевски, не само што […]

Спасовски: Со новата набавка ќе има за 6 до 30 отсто поевтина храна за полициските службеници


Не постои ништо спорно од било каков процедурален и законски аспект во јавната набавка која е направена со операторот „Индустри сервис“ кој ќе не снабдува со храна. Таа е направена врз основа на економска анализа и оправданост која е основа за да се распише било каква јавна набавка за храна, односно за оператор кој ќе […]

Кралот Чарлс Трети го тужи Твитер поради неплатена кирија во Лондон


Англија- Краун Естејт, компанијата која управува со имотот на кралот Чарлс Трети, ја тужеше американската компанија Tвитер, која е во сопственост на тајкунот Илон Маск. Причината за тужбата е што Твитер не ја плати киријата за седиштето во Лондон, јавува Би-Би-Си. Наводниот долг се однесува на канцелариите на Твитер во близина на централниот циркус Пикадили. […]

Силен земјотрес на северот на Италија


Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала го погоди северниот дел на Италија претпладнево. Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, пренесува EMSC. Се почувствува низ целиот регион Емилија-Романга и траеше неколку секунди. #Earthquake (#terremoto) possibly felt 29 sec ago in #Italy. Felt it? Tell us via:📱https://t.co/LBaVNedgF9🌐https://t.co/AXvOM7I4Th🖥https://t.co/wPtMW5ND1t⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically […]

Филхармонија: Концерт „Лезет“ со виолинистот Александар Иванов како солист


Оркестарот на Македонската филхармонија на 26 јануари, во 20 часот, ќе го одржи концертот насловен „Лезет“, на кој како солист ќе настапи младиот македонски виолинист Александар Иванов. На програмата се „Психофонија“ од македонскиот композитор Ристо Аврамовски, со чија изведба ќе се одбележат 80 години од раѓањето на авторот, Концертот за виолина и оркестар во Дe-дур, […]

Лев, Покетино и Вилаш-Боаш кандидати за селектор на белгиската репрезентација


Белгија – Три светски познати фудбалски имиња се кандидатите за функцијата селектор на белгиската репрезентација. Белгиската фудбалска асоцијација денеска и утре ќе одржи состаноци на кои ќе се разговара за имињата на потенцијалните кандидати за функцијата селектор на националниот тим. Некои од нив се веќе познати. Така, според „Хет Ниусблад“, тамошната федерација ги разгледува опциите со […]

Украински војници во Германија ќе се обучуваат за користење на борбените возила „мардер“


Германија– Обуката на украинските војници во Германија за користење на германските оклопни борбени возила „мардер“ ќе започне во наредните денови, а за посложените тенкови „леопард 2“ ќе биде малку подоцна, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус. Во секој случај, целта е, посочи тој, до крајот на март, почетокот на април да имаме 14 тенкови „Леопард“ […]

Дичев: Повлекувањето на бугарскиот амбасадор е неразумно


Секаков вид хулиганство ќе се користи во Бугарија за заострување на односите со Северна Македонија. Многу партии се „обложуваат“ на вето за да си прават сопствена пропаганда, а факт е дека се наближуваат избори, вели за „Слободен печат“ професорот по културна антропологија на Софискиот универзитет, Ивајло Дичев. Коментирајќи ги тензиите меѓу двете држави кои се […]

„Волци“- се снима нов трилер со Џорџ Клуни и Бред Пит


САД– Актерските мегаѕвезди Бред Пит и Џорџ Клуни повторно работат заедно – видени се во Њујорк, на снимањето на новиот трилер на Apple „Волци“, кој почна да се снима во Харлем, пишува Daily Mail. Со малку подлабоки брчки и малку повеќе седа коса отколку што имаа кога ги видовме во саканиот филмски серијал за разнобојната […]

Втор циклус од програмата „Суперучилишта“ за соработка на училишта од Западен Балкан


Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) денеска го отвори вториот циклус од програмата „Суперучилишта“ за училишна размена во Западен Балкан, чија цел е да го поддржи процесот на градење мир и помирување и интеркултурно учење и дијалог меѓу училиштата односно учениците од шесте земји во овој регион. Програмата е дел од мултидонаторскиот проект „Програма за […]

Снежно невреме ја зафати американската сојузна држава Мичиген


 Снежна бура го зафати југоисточниот дел на американската сојузна држава Мичиген. Висината на снегот на места е поголема од 20 сантиметри и предизвикува потешкотии во секојдневието во тој крај. Најавено е дека невремето ќе продолжи, така што може да има и прекин на наставата во училиштата во регионот. Предупредувањето за зимска бура издадено од Националната […]

Истражување: Јадрото на Земјата речиси и не се врти


  Ротацијата на внатрешното јадро на Земјата, се чини, е речиси целосно застаната и/или тоа сега би можело да оди и во обратна насока, посочува ново истражување на Универзитетот на Пекинг, Кина. Земјата е составена од кора, полуцврста обвивка, внатрешно и надворешно јадро. Внатрешното јадро се наоѓа на околу 5.150 километри под Земјината кора и […]