ЕУ не сака да финансира ограда на границата меѓу Бугарија и Турција


  Еврокомесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон, го одби барањето на австрискиот канцелар Карл Нехамер за финансирање на дополнителна изградба на оградата долж бугарско-турската граница, пренесе австриската агенција АПА. „Нема средства за ова во буџетот на Европската унија. Ако трошиме пари на ѕидови и огради, нема да ни останат пари за други работи“, рече Јохансон. […]

Вибер воведува две нови опции кои секојдневно ќе ги користите


Популарната апликација за комуникација – Вибер, одлучи да промени одредени опции за да ја олесни и дополнително да обезбеди комуникација помеѓу одредени брендови и компании и поединци. Во иднина на оваа апликација ќе се појави специјална папка наречена „Business inbox“ во која автоматски ќе се префрли секој разговор што сте го правеле со некоја компанија. […]

Повеќе од 160 жртви од студот во Авганистан


Повеќе од 160 луѓе починаа од студ овој месец во Авганистан, каде зимата е најтешка во повеќе од една деценија, соопштија денес талибанските власти. Портпаролот на авганистанското Министерство за управување со природни катастрофи Шафиула Рахими изјави дека од 10 јануари досега поради многу студеното време загинале 162 лица, пренесе Ројтерс. Најстудената зима во последните 15 […]

Хакер од Холандија ги украл личните податоци на сите Австријци


  Неименуван хакер од Холандија ги украл адресите и личните податоци на сите жители на Австрија. Хакерот ги понудил податоците на продажба на интернет форум, претставувајќи ги како: „полно име, пол, полна адреса и датум на раѓање“, на секој граѓанин во Австрија. Украдената хакерска „збирка“ се состои од речиси девет милиони групи податоци, истакнува полицијата. […]

САД воведоа нови санкции за руската приватна воена компанија „Вагнер“


САД – САД денеска воведоа дополнителни санкции за руската приватна воена компанија „Вагнер“, соопшти Министерството за финансии. Американското Министерство за финансии објави дека ја означило групата Вагнер како „значајна транснационална криминална организација“. „Персоналот на Вагнер бил ангажиран во сериозни криминални активности, вклучувајќи масовни егзекуции, силувања, киднапирање деца и физичко малтретирање во Централноафриканската Република и Мали“, се […]

„Скутина, фута, бовча, диљка“ – мултимедијална изложба во Куманово


-„Скутина, фута, бовча, диљка“ е насловена мултимедијалната изложба на етнокореологот Бојан Петковски која беше отворена денеска во фоајето на центарот за култура „Трајко Прокопиев“. На изложбата можат да се видат фотографии, паноа кои ја покажуваат важноста на скутината.   Централно поставена, генерално во големи димензии, таа чини голем дел од целокупната слика на носијата. Кај женските носители, […]

Миљенко Јерговиќ: Како „Маџун“ на Влада Урошевиќ ме маѓепса


„Има малку добри писатели и многу книги. И има многу во светот кои пишуваат и составуваат канони и канончиња на целата светска литература. Меѓутоа, меѓу ретките добри, има и такви кои ни се многу блиски, токму тука на нашиот јазик или блиску до нашиот јазик, без да прочитаме ниту еден ред од нив, ниту пак […]

Костадиновска-Стојчевска: Низ дебата и дијалог до нов Закон за употребата на македонскиот јазик


– Со оваа конструктивна дебата сите заедно се приближуваме до идниот Закон за употребата на македонскиот јазик кој ќе придонесе кон подигањето на јазичната култура, негувањето и заштитата на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо, закон кој ќе дава придонес во почитувањето и унапредувањето на јазичниот стандард, како и кон афирмирање на  македонскиот јазик […]

Владата најавува реконструкција на сите споменици од НОБ


Премиерот Димитар Ковачевски денеска најави дека ќе се реконструираат сите споменици од НОБ. За реконструкција на сите споменици и спомен-обележја од НОБ, како што рече, Владата обезбеди пари од Буџетот на државата иако согласно Законот за меморијални споменици и спомен-обележја, за подигањето, чувањето, одржувањето, заштитата на спомен-обележје се надлежни општините, односно Градот Скопје. -Со буџетот […]

„Заедно за заштита на личните податоци“ утре во Europe House


Настанот „Заедно за заштита на личните податоци“ ќе се одржи утре со почеток во 10 часот во Europe House, а е во организација на Делегацијата на Европската Унија заедно со Фондација Метаморфозис, Агенцијата за заштита на лични податоци и Центарот за правни истражувања и анализи. Настанот се организира по повод 28 јануари, Европскиот ден на […]

Се самоуби човекот кој ја рани 25-годишната велешанка


Се самоуби човекот кој утрово ја претепа, па пукаше и ја рани во стомакот 25-годишната девојка од Велес,пишува порталот Батали.нет. Полицијата попладнево го лоцираше во неговиот стан, во зграда, на улица Андон Шурков бр. 27, во близина на Интернатот, па во голема акција, се обиде да го уапси. Во акцијата, полицијата употреби шок бомби и солзавец. Сепак, човекот […]

Во Велес се самоуби маж кој тешко повреди 25-годишната девојка, таа се бори за живот на Клинички


  Се самоуби 38-годишниот маж, попладнево во неговиот стан во Велес на улица „Андон Шурков“, кој утрово тешко ја повреди својата 25-годишна невенчана сопруга, која се бори за нејзиниот живот во Клинички во Скопје. Информацијата за МИА вечерва ја потврди Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес, кој рече дека утре ќе се произнесе со дополнителни […]

Наставната програма целосно ќе се реализира, ќе се запазат датумите за државната матура, смета Шаќири


Министерот за образование и наука Јетон Шаќири смета дека целосно ќе се реализира наставната програмата и целосно ќе се реализира се што е предвидено во датумите за државната матура и во делот за предвидените испити од матурата. Шаќири, одговарајќи на пратеничко прашање на Бети Стаменкоска Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на пратенички прашања, потсети […]

Апелација потврди, велешанката Пале Иловска ослободена од вина за убиството на насилниот партнер


Велешанката Павлинка (Пале) Иловска, која лани со нож го усмрти својот насилен партнер, полицаец од Велес, и одговараше за кривично дело убиство во миг, е целосно ослободена од обвинението. Иако обвинителството поднесе жалба и бараше Илиовска да биде казнета, сепак, Скопскиот Апелационен суд денес ја потврди пресудата донесена од судијката Габриела Гајдова. Со оваа одлука, Илиовска, […]

Апелација ја потврди ослободителната пресуда за Павлинка Илоска за кривичното дело „убиство во миг“


  Апелациониот суд од Скопје денеска ја потврди првостепената пресуда на Основниот суд во Велес со која 24-годишната Павлинка Илоска од Велес беше ослободена од обвинение за кривично дело „убиство во миг“, кога во нужна самоодбрана на својот го лиши од живот нејзиниот невенчан сопруг, 40-годишниот полицаец Александар Ристовски. Ова попладнево за МИА го потврди […]

Скопје ќе биде домаќин на елитен теквондо турнир


За прв пат македонското теквондо ќе организира Г1 меѓународен турнир на кој ќе присуствува светската елита од овој олимписки спорт, голем број олимписки и светски медалисти од над 50 држави од цел свет. Г1 турнирите носат бодови за остварување на олимписка норма, за прв пат љубителите на овој олимписки спорт ќе можат во живо да […]

АМСМ: Слабите врнежи од снег не создаваат проблеми за сообраќајот


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, а слаби врнежи од снег, кои не претставуваат проблем за сообраќајот, има на Страцин, Попова Шапка, Маврово, Стража и Ѓавато и на патниот правец Крива Паланка – Деве Баир, известуваат од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На […]

Апостолов: Ако не се најде решение за паркирање во Клинички ќе има тепачки


Проблемот со паркинг просторот околу Клинички и натаму има задава главоболки на корисниците.  Критики на сметка на Градски паркинг овој пат упати Ивица Апостолов, вработен во комплексот.  Еве што вели за проблемот со паркирањето на пациентите и персоналот.  -Паркинг Kлинички центар Скопје…капацитет 533 обележани паркинг места, а бројката е над 5.000 возила кои влегуваат внатре […]

Свирепо убиство: Се сретнале во ГТЦ, по што заминале во напуштен објект каде 20 пати го прободел со нож


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 39-годишен тетовец на издржување на затворска казна во КПУ „Идризово“ – Скопје за кого постои основано сомнение деа сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик. – На 29 декември, во напуштен објект на […]

Богатите милениумци ја загубија довербата во берзите: Еве каде инвестираат


  Берзата долго време беше избор за луѓето кои сакаат да ги инвестираат своите пари. Но, тоа би можело да се промени како што на сцената стапува помладата генерација. Според истражувањето на Банката на Америка (Bank of America), поединци на возраст од 21 до 42 години со средства од најмалку 3 милиони долари имаат само […]