Мицкоски: Работите со Бугарија одат кон студена војна


 

Лидерот на опозицијата денеска изјави дека од неговата партија предупредувале на она што се сега се случува во македонско-бугарските односи, затоа што Македонија направила премногу отстапки. То рече, „колку што разбрав, амбасадор на нашиот источен сосед не е во државава… властите во Софија го правдаат како револт поради оној настан кој што се случи во Охрид“. Според него, тоа било така кога „една страна попушта сѐ, коленичи, ведне кичма, а другата страна практично добива сѐ. Таа страна, во случајов Бугарија, мисли дека нејзино природно право е да добие сѐ што ќе побара и на тоа предупредувавме изминатиот период“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој побара од претседателот Стево Пендаровски да каже кои се тие тајни служби, надворешни влијанија и фактори кои работат на дестабилизација на Македонија, а не да коментира како аналитичар.

Мицкоски го нарече бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски „циркузант од естрадата“, кој се однесува така за да добие некој политички поен повеќе на темата – мрази ги Македонците, навредувај ги Македонците, мрази ја Македонија итн.