Логото на „Фокус“ злоупотребено за сексизам против Моника Зајкова
Пратеничката и лидерка на политичката партија ЛДП, Моника Зајкова е мета на говор на омраза и сексистички напади со измислена вест која наводно е објавена во „Фокус“. Твитер профилот Апсаана објави фотомонтажа злоупотребувајќи го логото на порталот „Фокус“ со наслов „Секогаш ќе бидам швалерка на Таче, вели Зајкова“.
Од „Фокус“ за „Цивилмедиа“ потврдуваат дека ваква содржина не е објавена на нивниот сајт и дека е злоупотребено логото на сајтот.
Ваквите дезинформации и сексистички напади следуваат по изјавата на Зајкова дека е по потекло од Кукуш, говори македонски јазик и секогаш ќе биде горда Македонка.